Во Велика Британија се воведува еднократен данок за компаниите за нафта и гас и финансиска помош за сиромашните


Британската Влада денеска објави пакет мерки во вредност од неколку милијарди фунти за финансиска помош на домаќинствата со најниски приходи и поради таа причина воведува еднократен данок на дополнителна добивка за нафтените и гасните компании. Министерот за финансии Риши Сунак најави дека Владата очекува да собере околу пет милијарди фунти (пет милијарди и 871 илјади […]

НЛБ Банка доби национална награда за општествена одговорност и признание за најинвентивна практика за проектот „НЛБ Рамка за помош“


За проектот „НЛБ Рамка за помош“, НЛБ Банка Скопје ја доби националната награда за најдобра општествено одговорна практика во категоријата „Вложување во заедницата“ кај големи претпријатија за 2021 година и признание за најинвентивна практика. „НЛБ Рамка за помош“ е програма иницирана и поддржана од НЛБ Групацијата која се спроведе на сите пазари во регионот на […]

Нуредини: Очекуваме во Собрание да помине Законот за долг и да го уредиме трајно прашањето за управување со отпадот


Со пари од Европска банка за обнова и развој ќе се направат регионални депонии со претоварни станици и ќе се набават контејнери и камиони за собирање на отпад за сите плански региони. Очекуваме во Собрание да помине Законот за долг и за првпат од независноста да го уредиме трајно прашањето за управување со отпадот во […]

Растат гласовите во Бугарија дека Софија е главен губитник од блокадата на Македонија


  Дали е знак на политичка отрезнување или конечно согледување на вистинските проблеми што ги предизвикува блокадата на Македонија, но како што се појавуваат тврдите ставови во две партии од владејачката коалиција и „патриотскиот“ дел од општеството, така растат и гласовите во Бугарија дека најголем губитник од оваа ситуација ќе биде Софија, а не Скопје. […]

Чави вклучи атрактивна Црногорка – психолог во стручниот штаб на Барселона


Фудбалерите на Барселона од следната сезона ќе можат да се консултираат со црногорскиот психолог Саша Средановиќ. Атрактивната млада Подгоричанка, Саша Средановиќ, е спортски психолог и е најновиот член на стручниот штаб на Чави во Барселона. Таа има српско потекло, но кариерата ја изгради во Шпанија. Таа до неодамна работеше во Бетис, а своевремено беше и […]

Почина естрадниот менаџер Марио Липша, сопругот на Сашка Петковска


Вчера во Скопје, на 78 годишна возраст почина Марио Липша, познатиот моден и музички менаџер, пионер во организацијата на Мис на Македонија. Липша ѝ беше сопруг на трагично загинатата Сашка Петковска, еден од најдобрите женски гласови во нашата популарна музика. Марио и Сашка имаа две ќерки, Леа и Сандра.     Петковска загина на 31 […]

Јубилејното 35. издание на Валандовскиот фестивал на 5 јуни


Годинешново 35. јубилејно издание на фестивалот на новосоздадени македонски песни „Фолк Фест Валандово“, ќе се одржи во една натпреварувачка вечер, на 5 јуни, потврдија на денешната прес конференција градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и уметничкиот директор на фестивалот, Живоин Глишиќ. На единствената натпревувачка вечер ќе бидат претставени 23 новосоздадени фолк композиции, а изборот на победничката […]

Костадиновска-Стојчевска: Кратење ќе има, ама не на капиталните инвестиции


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска изјави дека со ребалансот на Буџетот ќе има кратење во културата и напомена дека тоа прво ќе бидат најнепродуктивните и оние трошоци без кои, како што рече, „ќе можеме да преживееме до крајот на годината“. – Во Министерството за култура веќе направивме одредени кратења за да можеме да скратиме […]

Политиките на раст на платата ќе продолжат со засилена динамика, вели Ковачевски


Политиките на раст на платата ќе продолжат. Владата и во услови на најголема светска криза продолжува со засилена динамика да работи на зголемувањето на просечната плата, рече премиерот Димитар Ковачевски кој денеска во Собранието одговараше на прашање поставено од пратеничката Даниела Колева од СДСМ. Тука, додаде Ковачевски, удел има и минималната плата којашто е зголемена […]

ДЗС реализираше вежби за спасување од поплави, но сегоаш фалат луѓе и опрема


Дирекцијата за заштита и спасување денеска на реката Вардар реализираше спасувачки вежби за спасување и извлекување на повредени и починати лица од поплави предизвикани од поројни дождови. Вежбите беа изведени заедно со Воената академија, Градот Скопје, Општина Карпош, Црвениот Крст и Бригадата на Град Скопје и болницата Аџибадем-Систина како дел од проект на Еразмус што […]

По 11 успешни детски театарски претстави „Скопје Сити Мол“ и„ Синеплекс“ најавуваат продолжување на Мој театар – Сити театар наесен


Скопје Сити Мол ги информира најмладите посетители и љубители на театарот дека претставите кои се одржуваа во недела во рамки на „Мој театар – Сити театар“ ќе продолжат да се организираат во текот на есента. Имено, со дополнителната единаесетта театарска претстава заврши првиот циклус на „Мој театар – Сити театар“ кој Скопје Сити Мол го […]

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за разрешувањето на Фадил Зендели


Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата со која политичката партија Левица бараше да се поништи Одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели донесена од Комисијата за избор и именувања во Собранието. Со оспорената Одлука се врши конкретно разрешување на член на Комисијата и тоа претставува конкретен-поединечен акт, па според уставните судии, таа не […]

Путин: „Можеби е добро што западните фирми си одат од Русија“


  Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека излегувањето на некои странски компании од Русија како одговор на нејзината инвазија на Украина „може да биде најдобро“, пренесува новинската агенција Ројтерс. Путин, кој зборуваше преку видео врска на економскиот форум на постсоветските држави што се одржа во Киргистан, рече дека е невозможно Русија да се отсече од […]

Украина: Борбите во Донбас со „максимален интензитет“


Украинските власти денеска соопштија дека борбите во источниот регион Донбас во земјата го достигнале најжестокото ниво досега, бидејќи руските сили навлегуваат подлабоко во индустрискиот регион. – Борбите го достигнаа својот максимален интензитет, изјави заменик-министерката за одбрана на Украина, Гана Маљар на брифинг со новинарите. Таа предупреди дека претстои „исклучително тежок“ и „долг“ период на борби. 

Во подготовка извештај и препораки за реставрација на опожарените шуми во Пијанец и Малеш


Во Делчево се одржа првата работилница на која беше презентиран Нацрт-извештајот за статусот на шумата во пијанечко-малешевскиот регион, што беше зафатена од пожари во 2021 година. На настанот присуствуваа претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јавното претпријатие „Национални шуми“, претставници на институции и невладиниот сектор. Подготовката на Нацрт-извештајот, како што информираше Цветан Николовски […]

Русија негира дека го блокира извозот на жито од Украина


  Русија ги негираше тврдењата на САД и ЕУ дека го блокира извозот на жито од Украина и го обвини Западот дека создава таква ситуација со воведувањето санкции. Украинските земјоделци имаат 20 милиони тони жито што не можат да ги испратат на меѓународните пазари поради тековната инвазија. „Ние категорично не ги прифаќаме овие обвинувања. Напротив, […]

Доделени наградите за најдобрите општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2021 година


Министерството за економија денеска по 13-ти пат ги додели Наградите за најдобрите општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2021 година. – Наградата во 2021 година се доделува за проектите и практиките кои се реализирани во период од две години, од 1 јуни 2019 до 1 јуни 2021 година, од причина што во 2020 година […]

Слонот, глушецот и митовите за „неутралноста“ на Македонија


„Ако слонот со нога ја гази опашката на глушецот, a вие кажете дека сте неутрални, тогаш глушецот нема да ја цени вашата неутралност“    Дезмонд Туту, нобеловец за мир и борец за правда   Прочуена е поуката на миротворецот Дезмонд Туту, дека ако останете неутрални во ситуација на неправда, тогаш сте ја одбрале страната на угнетувачот. Проникливо […]

За повеќе од двојно е зголемен бројот на дуалните паралелки за упис во новата учебна година во средните училишта


За разлика од претходната учебна година кога имавме 97 дуални паралелки, годинава во конкурсот што е објавен за средните училишта има 225 дуални паралелки и се склучени договори со над 450 компании, информираше заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу, кој денеска ги посети средните училишта во Струмица, кои имаа отворен ден за упис […]

Регистрирани 108 новозаболени од Ковид-19 и 77 оздравени


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се регистрирани 108 нови случаи на Ковид-19 од направени 1411 тестови, како и 77 оздравени пациенти. Во текот на изминатото деноноќие не се пријавени починати лица, информира Министерството за здравство. Од новозаболените, од кои осум се реинфекции, од Скопје се 70, Битола 13, Штип […]