Регистрирани 108 новозаболени од Ковид-19 и 77 оздравени


Фото: Б. Грданоски

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се регистрирани 108 нови случаи на Ковид-19 од направени 1411 тестови, како и 77 оздравени пациенти. Во текот на изминатото деноноќие не се пријавени починати лица, информира Министерството за здравство.

Од новозаболените, од кои осум се реинфекции, од Скопје се 70, Битола 13, Штип 7, Кавадарци 3, Прилеп, Велес,Гостивар, Кичево и Неготино по 2 и Тетово, Охрид, Гевгелија, Свети Николе и Дебар по 1.

Од оздравените 77 лица од Скопје се 56, Битола 7, Прилеп 4, Гостивар, Берово и Кичево по 2 и Кавадарци, Гевгелија, Кочани и Ресен по 1.

Направени се 1411 тестови преку: ИЈЗ-190, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-18, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-32, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија–5, Институт за микробиологија–59, Жан Митрев (Филип Втори)-24, Авицена-33, Биотек-42, Систина-37, лабораторија Лаор-16, Синлаб-17, Ремедика – 16, Плодност-10, Генеа-25, Никоб Лаб-66, ВФВ Медикал-27, Ели МедикаПлус-6, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–12 Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–3 Рамус-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 639.

Досега во земјата се направени вкупно 2.049.946 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.592, бројот на оздравени пациенти е 301.728, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 564.