Бебе меѓу осумте жртви при гранатирање на Харков


Загинаа осум лица, меѓу кои и петмесечно бебе, при гранатирање на вториот најголем град во Украина, Харков. Повредени се 17 лица. Три други лица настрадаа во руските напади на областа Лисичанска, источен град каде, заедно со Северодоњецк, руските сили ја фокусираат агресијата изминатите денови. Гувернерот на Харков, Олег Шинехубов информираше за загинати двајца мажи на […]

Уште двајца Руси признаа вина за воени злосторства во Украина


На второто судење за воени злосторства во Украина, два руски војника се обвинети за ракетни напади врз цивилни објекти. Руските војници Александер Алексејевич Иванов и Александер Владимировиќ Бобикин, на судењето во североисточниот украински град Котелево, се изјаснија за виновни. Доколку тие бидат осудени, може да добијат казна затвор до 12 години. Нивниот адвокат побара осумгодишна […]

Почина клавијатуристот на „Депеш мод“, Енди Флечер


Британскиот бенд од областа на алтернативната рок-музика „Депеш мод“ објавија дека нивниот клавијатурист Енди Флечер почина на 60 години. – Во шок сме и исполнети со тага поради прераната смрт на нашиот драг пријател, член на семејството и колега од бендот, Енди ‘Флеч’ Флечер, се вели во соопштението. Засега не е позната причината за смртта […]

Премиерот Ковачевски во посета на Маврово – Ростуше и Бигорски


Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Маврово – Ростуше ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на 65 години од пуштањето во употреба на хидро системот Вруток, а потоа ќе направи увид на рехабилитација на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница и ќе го посети манастирот „Свети Јован Бигорски“, соопшти владината прес-служба. Ковачевски […]

Тркалезна маса „Преку праведна енергетска транзиција до одржлив раст и развој“


Тркалезна маса на тема „Преку праведна енергетска транзиција до одржлив раст и развој“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“.  –Овој настан има за цел да промовира дијалог помеѓу сите засегнати страни на теми од релевантно значење за иднината на енергетскиот сектор во РС Македонија, а притоа да даде осврт […]

Силен земјотрес во близина на Источен Тимор, предупредување за можно цунами


Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на брегот на Источен Тимор. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 51,4 километри источно од островот Тимор, кој е поделен помеѓу Источен Тимор и Индонезија. По земјотресот издадено е предупредување од можна појава на цунами. Источен Тимор се наоѓа на […]

Промоција на „Приказни за деца и животни“ од Тихомир Јанчовски


Во Културно-Информативниот Центар во Скопје денеска ќе се одржи промоција на книгата „Приказни за деца и животни“ од авторот Тихомир Јанчовски. Книгата ќе ја претстави Јулијана Величковска, а делови од книгата ќе читаат Тихомир Јанчовски и Горазд Китановски. Станува збор за прва книга за деца од овој автор, а се работи за баснарка-боенка. -Содржи 14 басни со […]

Национален натпревар за најдобри ученички компании


Јуниор ачивмент Македонија денеска во Струга организира Национален натпревар на ученички компании, настан на кој учениците од средните училишта од државава ги презентираат производите и услугите кои ги развивале во рамките на својата ученичка компанија пред жири комисија и публика. На натпреварот ќе учествуваат 20 ученички компании од 13 средни училишта од Берово, Битола, Виница, […]

Изложба „Цртеж – Експериментален цртеж“ во галерија „КО-РА“


Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) под покровителство на Министерството за култура денеска ќе ја отвори изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ – галерија „КО-РА“ во Скопје. Изложбата е традиционална и е дел од годишната програма на ДЛУМ. Како што посочија од ДЛУМ, во повеќето дела претставени на оваа […]

Претпладне сончево и топло до 34 степени, попладне пороен дожд, грмежи и ветер


Времето претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец, а попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. УВ […]

Харков повторно е цел на руски артилериски напади


  Артилерија го удри градот Харков за прв пат по две недели, токму кога животот во вториот по големина град во Украина почна да се нормализира откако руските трупи беа потиснати од неговите оддалечени градови и села. Регионалниот гувернер на Харков, Олех Синехубов, изјави дека најмалку седум лица се убиени, а 17 се повредени во […]

Сопругот на наставничката убиена во масакрот во Тексас почина од срцев удар


Сопругот на Ирма Гарсија, една од двете учителки убиени во масакрот во училиште во Тексас, почина од срцев удар. Информацијата на Твитер ја објавил нејзиниот внук, а веста ја пренесоа американските медиуми. „Со длабока тага морам да соопштам дека од тага почина сопругот на тетка ми Ирма, Џо Гарсија. Немам зборови да опишам како се […]

Ен Хатавеј е новата амбасадорка на „Булгари“ – раскошниот накит го покажа во Кан (видео)


Франција- Ен Хатавеј е прогласена за најнов амбасадор на Булгари. Во вторникот, Булгари ја објави својата најнова кампања наречена „Неочекувани чуда“, во која актерката е заедно со Зендаја, друга амбасадорка на брендот, додека двете талкаат низ раскошната палата со префинета облека и со накит од Булгари, и двете ѕвезди наизменично го раскажуваат видеото.  Кампањата беше […]

Жител на Жеровјане тешко повреден, откако излетал со возилото од автопат


Тетово, 26 мај 2022 (МИА) – Денеска, околу 19 часот, на автопатот Тетово-Гостивар тешко е повреден жител на Жеровјане, откако излетал со возилото од коловозната лента. Инцидентот се случил кај клучката за Жеровјане, а при тоа возилото удрило во бетонски столб. – Патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.А.(49) од […]

 Девет случаи на мајмунски сипаници во седум американски држави


Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денеска соопшти дека од вчера идентификувале девет случаи на мајмунски сипаници во седум американски држави. Случаи на мајмунски сипаници се идентификувани во Масачусетс, Флорида, Јута, Вашингтон, Калифорнија, Вирџинија и Њујорк. Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден на 7 мај во Велика Британија кај патник кој […]

Јубилејна 15. ракометна титула за Вардар


Ракометарите на Вардар 1961 ја одбранија домашната титула, откако попладнево во својот завршен натпревар сезонава во македонската Суперлига го совладаа Тиквеш на домашен терен со 37-25 (18-10) во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Ова е јубилејна 15. македонска титула за „црвено – црните“, освоена во неизвесна трка со единствениот конкурент Еурофарм Пелистер, кој повторно мораше […]

Реј Лиота, ѕвездата на „Добри момци“ почина на 67 години


САД- Реј Лиота, ѕвездата на „Добри момци“ на Скорсезе, почина на 67 години во Доминиканска Република, каде што снимал нов филм. Холивудските медиуми објавија дека Лиота починал во сон. Зад себе ја остави ќерката Карсен Лиота и свршеницата Џејси Нитоло.    Во кариерата долга над 40 години, Лиота оствари повеќе од 120 филмски и телевизиски […]

Како Роман Абрамович беше принуден да го продаде Челзи


  Стоејќи покрај шанкот во мал апартман за гостопримство на Стемфорд Бриџ тоа беше фигура која не беше забележана на стадионот три години: Роман Абрамович. Во ноември минатата година, сопственикот на Челзи се врати во Лондон во неговиот клуб од англиската Премиер лига за да го пречека претседателот на Израел. Немаше очигледна безбедносна придружба околу […]

Во Охрид претставен творечкиот опус на хрватскиот поет Валерио Орлиќ


Како дел од големата турнеја низ С Македонија и Албанија, денеска во Охрид беше претставен творечкиот опус на хрватскиот поет Валерио Орлиќ. Настанот беше во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид , при што беше промовира и неговата најнова збирка поезија „Љубов распослана по морето”. За поетското создавање, пред љубителите на поезијата, како […]

Министерството за финансии ја издаде 21-та емисија обврзници за денационализација во износ од шест милиони евра


Преку Министерството за финансии, државата денеска ја емитуваше дваесет и првата емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од шест милиони евра. – Со оваа емисија ќе се обесштетат сите лица со правосилни решенија за денационализација од 1 јануари 2021 година до 31 декември 2021 година, каде што е утврден надомест во обврзници, информираат од Министерството за финансии. Во соопштението се наведува […]