Загина дете откако возилото излетало од коловоз на автопатот Скопје – Велес


 

Во средата, во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Велес, пред наплатна станица Сопот, патничко моторно возило „рено клио“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.В.(38) од Неготино, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник(дете) и биле пренесени во Општа болница Велес, каде од лекар била констатирана смрт кај малолетникот.

Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката В.В.(28) од Неготино, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

Еве ја главната заблуда за дијабетесот во Македонија која ги скратува животите!
Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција.