Рускиот министер за финансии: „Замрзната ни е половина од резервите во злато и девизи“


  Половина од златните и девизните резерви на Банката на Русија се замрзнати поради санкциите на Западот, изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов во интервју за ТВ каналот Русија 1, во кое рече дека смета на помошта на Кина за да го издржи економскиот удар. „Имаме вкупна сума резерви од околу 640 милијарди долари. […]

Русија ќе го забрани Инстаграм од недела на полноќ


  Корисниците на Инстаграм во Русија беа известени дека услугата ќе се исклучи од полноќ во недела, откако нејзиниот сопственик „Мета платформи“ минатата недела рече дека ќе им овозможи на корисниците на социјалните мрежи во Украина да објавуваат пораки како „Смрт за руските напаѓачи“. Порака од е-пошта од државниот регулатор за комуникации им порача на […]

Москва прв пат призна: „Инвазијата не оди според планот“


  Официјална Москва за прв пат јавно призна дека нејзината „специјална воена операција, како што официјално ја нарекуваат инвазијата на Украина, не оди според планираното. „Би сакал да кажам дека не оди сè толку брзо како што би сакале, но само затоа што нацистите се кријат зад цивили, стари луѓе, жени, деца, организирајќи борбени позиции […]

Зеленски посети болница во Киев каде се лекуваат ранети војници


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата попладне ја посети болницата во Киев, каде го поддржа персоналот што се грижи за пациентите и ранетите украински војници. „Во посета на нашите ранети борци. Момци закрепнете брзо. Верувам дека најдобриот подарок за вашата жртва ќе биде нашата победа“, напиша Зеленски на Фејсбук. Советникот на украинскиот претседател Михаило […]

Корона билтен: 198 нови инфекции и девет починати


Од направени 1.996 тестови, изминатото деноноќие регистрирани се 198 нови случаи на Ковид-19, починаа вкупно девет лица, а оздравеа 276 пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу се регистрирани во Скопје – 120, следат Битола – 15, Прилеп – 11, Охрид – 7, Куманово и Виница – по 6, Кавадарци – 5, Тетово, […]

Нема разлика од руските тврдења за Украина од оние на Бугарија за Македонија, вели Френсис Фукујама


  Поголема земја се обидува да го негира македонското право да го одреди својот национален идентитет различно од оној во Бугарија и тоа навистина е иста работа со руските тврдења за Украина, вели Френсис Фукујама, политички научник од САД и професор на универзитетот Стенфорд. Тој е автор на прочуеното дело „Крајот на историјата и последниот […]

Жозеп Борел пристигна во Скопје на почетокот на неговата балканска турнеја


Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска на скопскиот аеродром, го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел. Маричиќ му посака добредојде на Борел и успешни средби што ќе ги оствари со највисоките државни претставници во текот на утрешниот ден. „Оваа балканска турнеја која потпретседателот на Европската комисија и […]

Главниот пропагандист на Путин има стан во Лондон и британско државјанство


  Еден од најпопуларните руски телевизиски презентери, кој е обвинет дека е пропагандист на рускиот претседател Владимир Путин, има британско државјанство и семеен стан во западен Лондон. Сергеј Брилев известуваше за војната во Украина на државно контролираната Росија 1, која строго ги следи пораките на Кремљ. Каналот ја опишува војната како „специјална воена операција“ започната […]

Војната го потисна стравот од короната, луѓето се опуштија. Но пандемијата и натаму трае


  Германија бележи рекорден број на заразени и покрај надежите дека пандемијата полека ќе помине. Дали народот ја потисна короната војната во Украина, па се опушти? Психолозите велат дека тоа не би било невообичаено. Некаде под насловите за војната во Украина, речиси без големо внимание на јавноста, помина веста дека во Германија во последните 24 […]

Во Кина во карантин ставен 17-милионскиот Шежен поради 66 случаи на КОВИД-19


Кина во неделата објави дека има 1.807 нови локални случаи на КОВИД- 19, најмногу во последните две години и три пати повеќе од претходниот ден, а го затвори 17-милионскиот град Шежен поради 66 случаи. Бројките на Кина се далеку под оние во другите земји, но новиот раст ги загрижува властите, кои воведоа најстроги мерки за […]

Тела на руски војници ги полнат мртовечниците  во Белорусија


  Телата на руските војници загинати во битката во Украина ги полнат мртовечниците во Белорусија, изјавија локалните жители за РСЕ. Руските војници убиени во битка се носат со камиони во мртовечниците, а потоа се враќаат во Русија со воз или авион, велат жителите. Жителите го опишаа ужасот кога ги виделе телата натоварени во воз во […]

Папата Франциско побара да запре „масакрот“ во Украина


  Папата Франциско ја упати својата најостра осуда досега за руската инвазија на Украина, велејќи на 13 март дека „неприфатливата вооружена агресија“ мора да престане. Зборувајќи пред илјадници луѓе на плоштадот Свети Петар за неговиот неделен благослов, Франциско исто така рече дека убивањето на деца и невооружени цивили е „варварско“ и без „валидна стратешка причина“. […]

Бесими: Oд почетокот на енергетската криза донесени се над 30 мерки од над 600 милиони евра


Oд почетокот на енергетската криза и порастот на цените донесени се над 30 мерки од над 600 милиони евра за заштита на домаќинствата и економијата, вели во колумна министерот за финансии, Фатмир Бесими. Колумната објавена на сајтот на Министерството за финансии ја пренесуваме во сцелост:  Изминаа две турбулентни недели од црниот 24 февруари, кога Русија ја започна […]

Одбележана 41-годишнина од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“


Со тактичко показна вежба, доделување признанија и благодарници и низа свечености денеска во касарната „Илинден“ се одбележа 41-годишнината од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“. Министерот за внатрешни рабори, Оливер Спасовски, порача дека претставува чест да се одбележи годишнината од формирањето на најреномирана полициска формација во рамки на МВР. – На прагот од петтата деценија […]

Новинар на „Њујорк тајмс“ убиен во близина на Киев, руските сили пукале врз автомобилот


Новинар на „Њујорк тајмс“ е убиен во близина на Киев, потврди началникот на регионалната полиција. Наградуваниот видео новинар Брент Рено (51) беше застрелан кога руските сили отворија оган врз автомобил во близина на Ирпин. Друг новинар со него во тоа време бил однесен во болница на лекување по нападот, пишува „Гардијан“. Според зборовите на повредениот […]

Заев на Форумот за дипломатија во Анталија: Итен прекин на војната во Украина и воспоставување дијалог


Поранешниот премиер Зоран Заев, заедно со поранешниот министер за здравство Венко Филипче, на покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу, учествуваат на Форумот за дипломатија во Анталија. – Итен прекин на војната во Украина, враќање на мирот и воспоставување дијалог наместо агресија – ова е главната порака од […]

Обновата на витражот во „Македониумот“ во Крушево може да ја решат полски експерти


Експерти од Полска, со светско искуство, може да го решат долгорочниот проблем со витражот на „Македониумот“ во Крушево, симболот на Илинденското востание. Со години се работи на заштитата на овој монументален споменик, еден од најзначајните за македонската историја. Според Благоја Атанасоски, директор на прилепскиот „Завод и Музеј“, обновата на витражите се покажа како комплициран проблем, […]

Кулеба: Русите киднапираа уште еден украински градоначалник


Руските сили го киднапираа градоначалникот на јужниот град Дњепрорудне, Јехвен Метвејев, соопшти украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба. Кулеба рече дека Метвеј бил киднапиран од „руски воени злосторници“. – Напаѓачите не добиваат никаква локална поддршка, па се свртуваат кон терор. Ги повикувам сите држави и меѓународни организации да го запрат рускиот терор врз Украина и демократијата, […]

„Макпетрол“ со 14 медали најуспешен на Државното сениорско првенство во карате


Со 14 медали, од кои по пет златни и сребрени, како и четири бронзи, каратистите на „Макпетрол“ освоија најмногу одличја на Државното сениорско првенство во машка и женска конкуренција во борби и кати. „Макпетрол“, којшто по подолг временски период повторно е најуспешна карате екипа, ја освои титулата во екипна конкуренција кај мажите со два максимални […]

(Фото) Изгореа контејнери во Дебар Маало


Пет контејнери, од кои три целосно, изгореа претпладнево во Дебар Маало во Скопје, во непосредна близина на кружниот тек. Покрај контејнерите, од пламенот е оштетено и едно патничко возило „мазда 6“ кое беше паркирано веднаш до нив. Четири од контејнерите се на скопска Комунална хигиена, додека еден на „Пакомак“ наменет за селектирана стаклена амбалажа.  Како […]