Украина од Судот во Хаг бара создавање посебна сметка во ЕУ за Русија да плаќа репарации


Украина инсистира на отворање посебна сметка во ЕУ, на која Русија ќе добива средства за испорачаните гас и нафта, а кои ќе се проследуваат во Киев и ќе се користат за обновување на економијата на Украина, јави Укринформ. – Работиме на создавање преседан во плаќањата и акумулирање на парите што сега се исплаќаат на Русија […]

Принцезата Шарлин се врати во Монако, но опоравувањето продолжува


Монако – Принцезата Шарлин се врати во Монако за да биде со нејзиниот сопруг принцот Алберт и нејзините деца додека нејзиното здравје се подобрува, соопшти кралската палата. Шарлин, која се омажи за владетелот на Монако, принцот Алберт во 2011 година, отсуствуваше од кнежевството со месеци поради здравствени проблеми, вклучително и она што палатата претходно ја […]

„Сеќавање на Б.Б.“- премиерна изведба на дела од Перт, Ротару и Ахо во Филхарамонија


Оркестарот на Филхармонија в четврток (20:00) ќе одржи концерт насловен „Сеќавање на Б.Б.“ на кој како солист на флејта ќе настапи Матеј Јоакимеску од Романија, а диригент е маестро Габриел Бебешелеа. На програмата се дела од современата музика – за првпат ќе прозвучат „Кантус во сеќавање на Бенџамин Бритн“ од Арво Перт и Концертот за […]

Милиони жители на Шенжен во карантин заради коронавирусот


Кина –  Седумнаесет милиони жители на јужниот кинески град Шенжен се ставени во картантин откако се пријавени 66 нови случаи на коронавирус, соопшти локалната власт, која исто така го затвори деловниот кварт. Властите во градот, во кој се сместени технолошките гиганти како „Хуавеј“ и „Тенцент“, побараа од жителите да останат дома поради зголемувањето на случаите на […]

Обама позитивен на Ковид-19


САД – Поранешниот американски претседател, Барак Обама, е позитивен на тест за Ковид-19. Информацијата во текот на вчерашниот ден ја потврди самиот Обама на Твитер, додавајќи, дека се чувствува добро, само што го „гребе“ грлото. „Јас и Мишел сме благодарни што се вакциниравме и што го зајакнавме нашиот имунитет, нејзиниот тест беше негативен“, појасни Обама.   

Минусни утрински температури во цела држава


Минисни утрински температури изутрина во 7 часот се регистрирани во цела држава. Најстудено е во Маврови Анови, Берово и Попова Шапка, каде се измерени – 10 степени, по што следуваат со -8 Крива Паланка и со -7 Скопје-Петровец и Струмица.  Минус 6 степени под нулата се регистрирани во Куманово и  Демир Капија, – 5 во […]

Во Мариупол умре трудницата чија слика го обиколи светот


  Бремена жена и нејзиното бебе починаа откако Русија го бомбардираше породилиштето каде што требало да се породи, дознава Асошиетед прес. Сликите на жената како итно однесена во амбулантно возило на носилки го обиколија светот, олицетворувајќи го ужасот на нападот врз најневините во човештвото. На видеото и фотографиите снимени во средата од новинарите на АП […]

Европа со најголем раст на увоз на оружје во последните пет години


Шведска– Европа забележа најголем пораст на увозот на оружје во последните пет години и трендот нагло ќе се забрза со оглед на информациите за повторно вооружување поради новата руска закана, се вели во денескаобјавениот извештај на Меѓународниот институт за мировни истражувања (СИПРИ) во Стокхолм, Шведска. Во периодот 2017-2021 г. светската трговија со оружје падна за […]

Саливан: Убиството на американскиот новинар е шокантно и ужасно, Путин ќе плати висока цена 


САД– Убиството на американскиот новинар Брент Рено е шокантени ужасен настан, изјави синоќа за Си-Ен-Ен, Џејк Саливан, советник за национална безбедност во Белата куќа.    -Ова е уште еден пример за бруталноста на Владимир Путин и неговите сили чии цели се училишта, џамии, болници и новинари, изјави Саливан.  САД работат на тоа рускиот претседател да […]

Германија планира да купи борбени авиони Ф-35


Германија – Германската Влада за потребите на сопствените воздухопловни сили сака да набави од борбените авиони Ф-35 од американско производство. Авионот Ф-35 на компанијата „Локид Мартин“ се смета за најмодерен борбен авион во светот, со специфична форма и надворешна обвивка што го прави тешко видлив за непријателските радари. Авионот треба да ги замени веќе застарените „Торнада“ […]

Конференцијата за женското претприемништво „Од марш за работнички права до дигитална економија“


Конференцијата за женското претприемништво „Од марш за работнички права до дигитална економија“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Центарот за управување со промени (ЦУП) под покровителство на сопругата на претседателот на Република Северна Македонија Елизабета Ѓоргиевска. Како што најавуваат организаторите, на форумот ќе се обратат жени од различни институции, компании и здруженија. […]

Продолжува трендот на намалување на бројот на новозаразени и активни Ковид-19 случаи


Продолжува трендот на намалување на бројот и на процентот на новозаразени од КОВИД-19. Паѓа и бројот на активни случаи кој изнесува 2091, од кои половината се во Скопје. По главниот град најмногу активни има во Прилеп 148, во Битола 135 и во Велес 101, додека во другите градови нивниот број е под сто. Без ниту […]

По горивата, корекции на цените и на основните производи


По поевтинувањето на горивата, се очекува од денеска да има корекции и на цените на основните прехранбени производи согласно владините антикризни мерки и законските измени за висината на акцизите и стапката на ДДВ што во петокот добија зелено светло во Собранието. Треба да се усогласат цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко, месото, […]

Високиот претставник на ЕУ Борел на средби со државниот врв


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, кој од вчера престојува во посета на Скопје, денеска ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, како и со претседателот на Собранието Талат Џафери и лидерите […]

До четврток сончево и потопло, од петок дожд и снег


Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната од 5 до 12 степени. Во Скопје, сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени. Во следните три дена ќе преовладува […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 14 март 2022 година, 73-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 292 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 50 минути, а ќе зајде во 17 часот и 37 минути. Денов трае 11 часа и 47 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

36.000 домаќинства приматели на гарантирана минимална помош ќе добиваат по 1.000 денари во наредните три месеци


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во синоќешното гостување во вестите на Телевизија  24, рече дека пакетот од 26 мерки што го донесе Владата, покажува грижа за сите граѓани и за компаниите, но дека мерките се со посебен акцент за  помош на најранливата категорија на граѓани. Таа посочи дека од антикризниот пакет кој изнесува […]

Нуклеарната централа Чернобил повторно вклучена на националната електрична мрежа


Украина – Украинскиот министер за енергетика Херман Халушенко денеска изјави дека нуклеарната централа Чернобил повторно е приклучена на националната електрична мрежа. Руските сили пред четири дена ја исклучија Чернобил од националната електрична мрежа. Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека му дозволило на украинскиот тим пристап до оштетените далноводи во областа околу нуклеарната централа Чернобил. […]

Беспилотното летало носело бомба од 120 килограми, која експлодирала под земја


Хрватска – Бомбата во беспилотното летало, што на 10 март се урна во Загреб, беше со тежина од 120 килограми и експлодирала под земја, објави вечерва Хрватската радио-телевизија (ХРТ). ХРТ цитирајќи висок извор од хрватското Министерството за одбрана наведе дека леталото од советско производство удрило во мека почва и затоа експлозијата се случила под земја, додека би имало катастрофални последици ако паднел […]

Подготовка за пораз


Ова го пишувам од Скопје, Северна Македонија, каде што бев последната недела да предавам на еден од нашите курсеви за Академија за лидерство за развој. Следењето на војната во Украина не се разликува овде во однос на достапните информации, освен што сум во соседната временска зона и фактот дека има поголема поддршка за Путин на […]