Домовите на руските олигарси би можеле да се користат за сместување украински бегалци во Велика Британија


Домовите на руските олигарси во Велика Британија против кои се воведени санкции би можеле да се користат за сместување бегалци од војната во Украина, изјави британски министер. Во изјава за Би-Би-Си, државниот секретар за домување и заедници, Мајкл Гоув рече дека сака да истражи опција која ќе им дозволи на британските власти да ги користат домовите и […]

Бројот на загинати во ракетирањето на украинската воена база е зголеми на 35 лица


Триесет и пет лица загинаа во воздушен напад врз воена база во Лавов, изјави регионалниот гувернер Максим Козицки. Според претходните податоци, бројот на убиените е девет. Воениот центар Јаворив рано утринава бил погоден со 30 руски проектили, соопштија украинските власти. Локалните медиуми пишуваат дека се повредени 134 лица. Тоа е најзападниот воздушен напад во конфликтот […]

Русија се обидува да воспостави своја власт во Херсон


Како резултат на нападот на нашата земја, Украина, руското раководство всушност ја претвора својата држава во аналог на таканаречените „ДНР“ и „ЛНР“. На голема зона која е изолирана од целиот свет, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата. – Погледнете сега кој ја напушта Русија. Кој го изнесува својот бизнис. Тоа се професионалци кои […]

Роналдо стана најдобар стрелец во историјата


Со трите голови што ги постигна во саботната победа на Манчестер Јунјатед над Тотенхем (3-2) во натпревар од 29. коло во Премиер лигата, португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо стана фудбалер со најмногу постигнати голови во кариерата во фудбалската историја. За Роналдо тоа беа 805, 806 и 807. гол во кариерата на клупско и репрезентативно ниво, со што го надмина досегашниот […]

Во Кина рекорден број новозаразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата


Во Кина денеска се регистрирани 3.393 случаи на заразени со коронавирусот, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата во февруари 2020 година. Поради големиот скок во бројот на случаи низ целата земја, властите ги затворија училиштата во Шангај и заклучија неколку градови во североисточниот дел на Кина, додека повеќе од десет провинции […]

Путиновата „математика“ не се остварува во Украина


И покрај тоа што Кремљ тврди дека руската армија влегла во земјата како „ослободителска“, таа безмилосно ги напаѓа  украинските цивили. Бомбардираше станбени области, училишта, болници, комерцијални објекти низ целата земја и ги прекрши договорите за отворање на хуманитарни коридори за евакуација. Руската армија, исто така, отиде толку далеку што ги нападна украинските нуклеарни централи во Чернобил […]

„Анонимуси“ со видео порака за руските граѓани: „Отстранете го Путин од власт“


Во новата порака објавена на Твитер, хакерската група „Анонимуси“ ги повика граѓаните на Русија да го тргнат Путин од власт и на тој начин да го запрат крвопролевањето во Украина. Хакерската група Анонимуси преку Твитер објави нова порака, специјално дизајнирана да допре до руските граѓани, во која наводно ги повикува Русите да застанат против Путин […]

Автобус со десетици Украинци излетал од пат и се превртел, загина едно лице


Автобус со околу 50 Украинци слета од пат во Италија, при што загина едно лице, а неколку се повредени, соопштија пожарникарите во неделата. Несреќата се случила на автопатот меѓу Чезена и Римини, на североисточниот брег. 🔴 #Bus #Ucraina, #vigilidelfuoco impegnati con due autogru per sollevare il mezzo ribaltato [#13marzo 9:30]#A14 Forlì-Cesena pic.twitter.com/avIfDarEci — Vigili del […]

Војната во Украина дојде на 25 км. од ЕУ, најмалку 35 загинати во напад врз воена база кај Лавов


Медиумите јавуват за повеќе загинати и ранети лица во нападот врз Меѓународниот центар за мир и безбедност во близина на Лавов, во западна Украина, на само 25 километри од границата со ЕУ.  Првично, гувернерот на Лавовската област изјави дека во нападот на воената база на Меѓународниот центар за мир и безбедност загинале девет лица, а […]

Нова украинска заседа за руски тенкови (Видео)


  Ова е моментот кога украинските војници им поставија нова заседа на руските тенкови, откако употребија противтенковски ракети до смртоносен ефект – откако претседателот Влодимир Зеленски изјави дека 500 руски војници се предале во еден ден во четвртокот. Драматичната снимка од заседата – втора за три дена – наводно покажува најмалку еден руски тенк и […]

Ковачевски – Брнз: Членството во НАТО и стратешкото партнерство со САД се од исклучително значење


Премиерот Димитар Ковачевски имаше средба во Владата со американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз, на која разговараа за ситуацијата во Украина при што истакнаа дека воената агресија на Руската Федерација на една суверена земја е сериозна закана за мирот и безбедноста во Европа и во светот која како таква ја оцени огромен дел од […]

Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен, менувањето денари во девизи е непотребен трошок за граѓаните


Со целата одговорност, Народната банка стои зад тоа дека денарот е стабилен и ќе остане и понатаму стабилен. Нема причина за промена на курсот, тоа никому нема да му користи, вели во интервју за МИА гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Таа посочува дека Народната банка има капацитет и инструментариум да го одбрани курсот на […]

Истанбул под снег – сообраќаен колапс во градот на Босфор


Снежни врнежи во саботата го погодија Истанбул, најнаселениот град во Турција, што го отежна сообраќајот во некои делови од градот, јавува Анадолија. Снежните врнежи кои со прекини траат од 9 март дополнително се интензивираа во саботата навечер. İtele be İstanbul.#imamoğluistifa pic.twitter.com/PPF9OJaW4K — medya adamı (@medyaadami) March 13, 2022 Сообраќајот е отежнат во многу области, вклучувајќи […]

Засега нема информации за загинати во нападот на воениот центар кај Лавов


Портпаролот на украинската армија Антон Миронович изјави дека засега нема информации дека некој е убиен во нападот на воениот центар западно од Лавов, пренесува Интерфакс Украина. Овој напад е значаен бидејќи е блиску до Полска и се смета за предупредување до НАТО, кој често ја користи базата како место за обука. Лавов и неговата околина […]

Пад на Волстрит втора недела по ред


На Волстрит цените на акциите паднаа минатата седмица, втора недела по ред, бидејќи инвеститорите не сакаат да вложуваат во поризични инвестиции поради војната во Украина и поради високата инфлација во САД, додека европските берзи повратија дел од загубите од претходните недели. На Волстрит, Dow Jones минатата недела се лизна за 2 отсто, на 32.944 поени, […]

Нападнат и аеродром кај Ивано-Франковск, 114 километри јужно од Лавов


Руските сили утрово го нападнаа аеродромот кај градот Ивано-Франковск, потврди градоначалникот на градот Руслан Марцинкив. – Според прелиминарните информации, експлозиите што се слушнаа утринава се од напад на аеродромот, соопшти Марцинкив на Фејсбук. – Ве потсетувам дека целта на непријателот е да сее паника и страв, нагласи тој. Градот е на околу 114 километри јужно […]

Столтенберг: Кремљ измислува лажни изговори за да ја оправда можната употреба на хемиско оружје


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Русија може да употреби хемиско оружје во инвазијата врз Украина и оти таквиот потег би бил воено злосторство. Столтенберг за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ изјавил дека Кремљ измислува лажни изговори за да ја оправда можната употреба на хемиско оружје. – Последниве денови слушнавме апсурдни тврдења за […]

Сирени за воздушен напад во повеќе градови во Украина


Сирени за воздушен напад утрово се огласија во повеќе делови на Украина, јави украинската новинска агенција Укринформ. Сирени се огласиле во Житомир, западно од Киев, и во областите Тернопил, Ривне и Ивано-Гранковск на запад. Сирени се огласија и во областа Волин на северозапад и Краматорск во источна Украина.

Русија гранатираше воена база во близина на границата со Полска


Осум проектили се истрелани кон украинскиот Центар за меѓународен мир и безбедност, соопшти регионалната воена управа на Лавов. Станува збор за воен центар за обука и база западно од Лавов, во близина на границата со Полска, која е оддалечена околу 25 километри. Нападот на воената база во близина на Полска дојде откако заменик-министерот за надворешни работи на […]

Засега нема целосно укинување на ковид-мерките или нивно намалување, активни 2.178 случаи


Целосно укинување на ковид-мерките или нивно намалување засега нема. Министерот за здравство Беким Сали вчера изјави дека ја следат состојбата и според тоа што го добиваат како резултат од нивните анализи, сметаат дека се уште не e време за целосно укинување на мерките или пак нивно намалување. – Ние како Министерство за здравство и Институтот […]