Утрата студени со температури под нулата, преку ден сончево и потопло


Времето изутрина ќе биде многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде сончево, попладне со мала […]

Италија ја заплени најголемата јахта за едрење во светот на рускиот олигарх Андреј Мелниченко


  Италијанската полиција ја заплени суперјахтата на рускиот милијардер Андреј Игоревич Мелниченко, соопшти во саботата кабинетот на премиерот Марио Драги, неколку дена откако бизнисменот беше ставен на листата на санкции на ЕУ по руската инвазија на Украина. Едриличарската „Јахта А“ долга 143 метри, чија цена е 540 милиони евра, е запленета во Трст, соопшти владата. […]

Роман Абрамович е отстранет од директорската функција во Челзи


  Рускиот олигарх Роман Абрамович е дисквалификуван како директор на Челзи, соопштија од Премиер лигата, што претставува нов удар за него. Брендовите ширум светот се очајни да се дистанцираат од Русија по бруталната инвазија на Путин на Украина, која започна пред повеќе од две недели. Веста доаѓа само неколку дена откако компанијата за мобилни телефони […]

„ПајПал“ ги суспендира своите услуги во Русија


 Компанијата „ПајПал“ (PayPal) соопшти дека ги суспендира услугите за испраќање и примање плаќања во Русија. – Со цел да се минимизираат можните дополнителни прекини на услугите, ве молиме да го повлечете салдото од вашата сметка до 18 март 2022 година, се наведува во соопштението на „ПајПал“. Поголем број западни компании ја прекинаа соработката со Русија […]

Најмалку седуммина загинати при напад врз евакуациски конвој во близина на Киев


 Украинската разузнавачка служба соопшти дека загинале седум цивили, од кои едно дете откако руските сили пукале врз евакуациски конвој во регионот на Киев. Сè уште е непознат бројот на повредени. Конвојот од жени и деца од селото Перемоха се движел селото Гостролуча по договорениот хуманитарен коридор и специјалната „зелена“ рута кога руските сили почнале да […]

Во трамвај во Сараево најдена бомба на седиште


  Во трамвај во сараевската населба Ченгиќ Вила најдена е експлозивна направа, потврдиле од полицијата во Кантонот Сараево за Кликс. Диспечерот на јавниот превоз во Сараево, во 13 часот се јавил во полиција да каже дека во празен трамвај, забележана е рачна бомба. Засега не е познато кој ја оставил направата на седиштето, а полицијата […]

Модриќ не успеа да постигне договор за продолжување на договорот со Реал


Фудбалерот од средниот ред Лука Модриќ би можел да го напушти Реал Мадрид ова лето. Актуелниот договор на играчот истекува, а страните не можат да се договорат, пренесува „Marca“. Самиот 36-годишен Хрват би сакал да остане во Мадрид, но преговорите се движат многу бавно. Модриќ е свесен дека секоја сезона раководството ќе му понуди нов […]

Бајден и одобри на Украина одбранбена помош од 200 милиони долари


 Претседателот на САД, Џо Бајден денеска одобри помош во оружје и други одбранбени средства во вредност од 200 милиони долари, соопшти Белата куќа. Со ова одлука, вкупната американска безбедносна помош за Украина во текот на мината година изнесува 1,2 милијарди долари, изјави неименуван претставник на американската администрација. Средствата може да се користат за оружје и […]

САД се подготвени за дипломатски чекори кои би биле корисни за Киев


 САД се подготвени да преземат дипломатски чекори, кои би биле корисни за украинската Влада, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека Западот треба повеќе да се вклучи во преговорите за ставање крај на војната. – Доколку можеме да преземеме дипломатски чекори, за кои украинската Влада верува дека ќе бидат […]

Франција соопшти дека Путин нема намера да ја прекине војната


  ЛВОВ – Борбите беснееја во саботата во близина на Киев, а силното гранатирање во други области им закани на новите обиди за евакуација на заробените цивили, а Франција соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин не покажал подготвеност да ја заврши војната во Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва испраќа нови трупи откако […]

На претседателскиот кандидат во Франција му скршија јаце од главата


  На кандидатот за претседател во Франција, десничарот Ерик Земур во саботата му беше скршено јајце од главата. Во моментот кога излегуваше од автомобил, еден маж кој се наоѓаше меѓу насобраните, му скрши јајце од главата. Како што пренесеуваат медиумите, се претпоставува дека таквиот потег се должи на залагањето на Земур за укинување на санкциите […]

Почина иконата на француската екстремна левица, Кривин


Иконата на француската екстремна левица и поранешен претседателски кандидат, Алан Кривин почина денеска на 80-годишна возраст. Водачот на троцкизмот во Франција, три децении беше лидер на Револуционерната комунистичка лига (ЛЦР), која тој ја коосноваше во 1974 година, јави дописникот на МИА. -Сè уште те слушам како велиш дека најдобриот начин да се прослави споменот на […]

Вториот човек на „Аерофлот“ поднесе оставка и си замина од Русија


  Заменик-шефот на водечкиот руски авиопревозник „Аерофлот“ изјави дека поднел оставка и ја напуштил земјата. Андреј Панов, заменик-директорот на „Аерофлот“ задолжен за маркетинг, во саботата на Фејсбук напиша дека „стариот живот е завршен“. Претходно овој месец, руските новински извештаи тврдеа дека извршниот директор на „Аерофлот“, Михаил Полубојаринов, исто така, ја напуштил земјата. „Аерофлот“ го негираше […]

Песков: Преговорите помеѓу Русија и Украина продолжуваат преку видео врска


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека преговорите помеѓу Моска и Киев за судирот во Украина, кои се водени лице в лице во Белорусија, продолжија преку видео врска. Тој наведе дека рускиот претседател Владимир Путин ги известил во денешниот телефонскиот разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон за видео преговорите […]

Хамилтон: Мерцедес во моментов нема најбрз болид и не е фаворит за титулата


 Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека не верува дека тимот ќе може да се бори за победи во сезоната 2021/22 во Формула 1. – Во овој момент, сигурен сум дека сите разбираат, ние не сме најбрзи. Ферари изгледаат побрзо. Потоа Ред Бул, а потоа ние, а можеби и Мекларен. Не мислам дека Мерцедес ќе […]

Тепачки низ државата, се тепале во семејството, но и во училишен двор


  Повеќе физички напади нотира полицискиот билтен, при што некои напаѓале членови на семеството, еден работник е нападнат во училен двор, а нападнати се и другари во пекарница. Имено, вчера околу 23.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово во Тетово го лишиле од слобода С.С.(30) од Тетово, кој претходно во семејниот дом се однесувал агресивно […]

Се пукало во Чаир


Вчера во 18.30 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода К.О.(26) од Скопје. Тој околу 12.20 часот на подрачјето на Чаир, по меѓусебно недоразбирање, физички го нападнал А.К.(36) од Скопје, му се заканувал со остар предмет и испукал од огнено оружје, при […]

Макрон го повика Путин да ја прекине опсадата на Мариупол


Елисејската палата, денешниот телефонски разговор на Емануел Макрон и Олаф Шолц со Владимир Путин, го квалификуваат како „многу искрен и тежок“ разговор, јави дописникот на МИА. – Францускиот претседател и германскиот канцелар, час и половина бараа „крај на опсадата на Мариупол, каде ситуацијата е човечки неодржлива, посочува француското претседателство. Во соопштението се наведува дека на […]

Високиот претставник на ЕУ Борел в понеделник во Скопје


 Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, в понеделник ќе допатува во Скопје, во рамки на неговата посета на регионот, којашто почнува од утре до 16 март, при што освен Северна Македонија, ќе ги посети и Албанија и Босна и Херцеговина. Во Скопје Борел ќе има […]

Зеленски: Досега се убиени околу 1.300 украински војници


 Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 1.300 украински војници се убиени за 17-дневната руска инвазија врз Украина. Претходно, Високиот комесаријат на Обединети нации за човекови права (ОХЦХР) соопшти дека најмалку 579 загинале во Украина, а над 1.000 се повредени. Според податоците на ОХЦХР за време на руската инвазија врз Украина загинале 42 […]