Хамилтон: Мерцедес во моментов нема најбрз болид и не е фаворит за титулата


 Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека не верува дека тимот ќе може да се бори за победи во сезоната 2021/22 во Формула 1.

– Во овој момент, сигурен сум дека сите разбираат, ние не сме најбрзи. Ферари изгледаат побрзо. Потоа Ред Бул, а потоа ние, а можеби и Мекларен. Не мислам дека Мерцедес ќе се бори за победа. Секако, за една недела работите ќе станат појасни. Но, можеби ќе има изненадувања, изјави Хамилтон за „Аутоспорт“.

Возачот ги сподели и своите впечатоци за аеродинамиката на новите болиди.

– Се надевам дека Ф1 отиде во вистинската насока. Би сакал во одреден момент да добијам подобри гуми, додаде Хамилтон.

Денес, 12 март, на третиот ден од претсезонските тестирања во Бахреин, пилотот на Мерцедес го освои деветото место.

Бахреин на 20 март ќе биде домаќин на првата трка од новата сезона.