Видео „Париз под бомби“ за да се сензибилизираат Европејците


Украинската Врховна рада за да ја поддржи својата молба за затворање на воздушниот простор над Украина, што не може да го добие од западните држави со видео насловено „Париз под бомби“ се обидува да ги сензибилизира Европејците. Како што јави дописникот на МИА, украинскиот Парламент утрово објави лажно видео на кое се гледаат бомбардирање на […]

Киев тврди дека руската авијација нападнала цел во западна Украина


Украинските власти тврдат дека руската авијација со ракети воздух-земја ги нападнала целите во западна Украина. Најмалку шест бомбардери Ту-95 истрелале ракети воздух-земја против цели во Луцк и во Ивано-Франковск. Во Луцк, како што јавија дел од украинските медиуми, била погодена фабрика за поправка на мотори на борбени авиони, а нападнат е и централниот украински град […]

На Кипар живеат 40.000 Руси, некои блиски до Путин – се плашат дека ќе ги протераат


  Модератор на радио-станицата 105.7 ги поздравува своите слушатели на руски јазик. Не, ова радио не емитира никаде во Русија. Тоа се наоѓа на Кипар. Овде на југот на островската држава, во Лимасол, руската присутност се гледа на секој чекор. Тука има руски продавници, руски радио-станици, пишува „Дојче веле“. Островската држава на многу Руси им […]

На маргините на Меѓународен дипломатски форум во Анталија средба Петков – Ердоган


Премиерот на Бугарија Кирил Петков имаше билатерална средба со претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на маргините на вториот Меѓународен дипломатски форум во Анталија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во фокусот на разговорот беа добрососедските односи меѓу Бугарија и Турција, како и желбата за поактивна соработка во енергетскиот сектор, во областа на […]

ДР Конго: Во железничка несреќа загинаа најмалку 60 луѓе


Најмалку 60 луѓе загинаа откако товарен воз излета од шините во Демократска Република Конго, потврди денеска локален претставник. Несреќата се случила вчера кога воз, на релација од селото Китенте до Бујофве во провинцијата Луалаба, излетал од шините и паднал клисура. Седум од десетте вагони завршија во клисурата. Околу 20 луѓе ја преживеале несреќата. Многу возови во ДР […]

Рекордни бројки новозаразени во Германија


  И денеска државниот епидемиолошки Институт „Роберт Кох“ бележи рекордни вредности на новозаразени со коорона вирус: речиси 240.000 во еден ден. Седмодневната инциденција е речиси 1.500. Уште од корона вирус дневно умираат околу 250 луѓе. Бројот на пациенти на интензивните оддели е многу понизок од врвот на пандемијата, што се објаснува со релативно полесниот проток […]

Германија ќе го намали увозот на руска нафта


Германија се стреми да го запре речиси целиот увоз на руска нафта до крајот на годината поради инвазијата на Москва на Украина. – Секој ден, всушност секој час, се збогуваме со рускиот увоз. Ако продолжиме, ќе бидеме независни од рускиот јаглен до есен и речиси независни од руската нафта до крајот на годината, изјави министерот […]

Околината на „Ист гејт мол“ далеку од луксузот на трговскиот


Дежурства на градските комунални редари спроти „Ист гејт“, а поднесени се и четири прекршочни пријави за неправилно одложување комунален отпад од страна на Инспекторатот на Град Скопје, информираа од таму. Покрај засилените контроли се организира и дежурства на градските комунални редари на локацијата спроти трговскиот „Ист гејт мол“, каде што изминатиов период од несовесни граѓани […]

На два пункта во Скопје се собира хуманитарна помош за Украина


Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ и Meѓународниот штаб за помош на Украинците упатуваат  апел за хуманитарна помош за Украина. Сите оние кои сакаат да помогнат со некои продукти, тоа можат да го направат на пунктовите во: Магацин на компанија „Кодинг Горска” на адреса: Ѓорче Петров, ул. „Шарпланина“ бр. 4 секој работен ден од […]

Меси фокусиран на СП, а ПСЖ му ја дава секоја можност да се подготви


Најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси е задоволен од неговата позиција во Пари Сен-Жермен. Според „L’Équipe“, Аргентинецот веќе се адаптирал во Франција. Напаѓачот е фокусиран на Светското првенство во 2022 година во декември, а ПСЖ му ја дава секоја можност да се подготви за турнирот. Како и Нејмар, и Меси не сака да го напушти […]

Сејдини: Ги постигнавме најдобрите резултати во историјата, тоа е нашиот правец и за во иднина


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини на денешното редовно Генерално собрание на федерацијата изрази задоволство од работата во изминатата година, потенцирајќи дека искрената и мотивирана работа се клучни за најголемите успеси, а тоа е правецот и за во иднина. Првиот човек на македонскиот фудбал нагласи дека не може постојано да се живее на […]

Бектеши во посета на фабриката за масло за јадење „Брилијант“-Штип


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја посети фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“ во Штип и направи увид како се спроведуваат одлуките кои што ги донесе Владата по предлог на Министерството за економија за заштита на домашното производство на основни прехранбени производи. Бектеши истакна дека домашните капацитети за производство на оснoвни прехранбени […]

Најмалку 79 деца загинаа од почетокот на агресијата врз Украина


Украина – Канцеларијата на главниот украински обвинител денеска соопшти дека од почетокот на рускиот напад врз Украина загинале најмалку 79 деца. Поголемиот број деца жртви се од регионот на Киев, Харков, Доњецк, Суми, Херсон и Житорим. Во повеќе украински градови утрово имаше експлозии, на кои им претходеа сирените за тревога. Експлозии имаше во градовите Николајев, Кроповнички […]

Србија со летовите за Москва заработува на крв, велат украинските власти


Првиот заменик министер за надворешни работи на Украина, Емине Џепар ја обвини Србија дека ја користи војната во Украина за профит, додека британскиот весник Гардијан пишува дека Србија за богатите Руси станала „капија“ за влез во Европа, јави дописникот на МИА од Белград. Џепар на Твитер напиша дека авиокомпанијата „Ер Србија“ го удвоила бројот на […]

Нови 277 случаи на Ковид-19, вкупно 14 починати лица


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.635 тестови, а регистрирани се 277 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 141, Прилеп – 23, Битола – 20, Куманово – 17, Кавадарци – 14, Велес и Охрид – по 9, Кичево и Струмица – по 7, […]

Антикризните мерки за нафтата и нафтените деривати почуваат од вечерва 


Антикризните мерки почнуваат да се применуваат од вечерва од 24 часот за нафтата и нафтените деривати, додека во делот на основните прехранбени производи откако фискалните апарати се усогласат со новото ДДВ, истакна при денешната посета на фабриката за производство на масло за јадење Министерот за економија, Крешник Бектеши. Посочи дека ова ќе значи дека антикризните […]

Русија им се заканува на САД: Конвоите со оружје што ги испраќате во Украина од сега ги третираме како цели


Русија– Русија ги предупреди САД и Западот за последиците од испраќањето оружје во Украина, јавија светските агенции. – Соодветните конвои ќе станат легитимни цели за руските вооружени сили, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. – Во Украина не консултации, нема преговарачки процес со САД. Ги предупредивме САД дека оркестрираното испумпување на оружје од […]

Сали: Се уште не сме подготвени за укинување на ковид-мерките


Се уште не сме подготвени за целосно укинување на мерките кои се воведоа како резултат на пандемијата со Ковид-19. Првиот човекот на здравството во државата, министерот Беким Сали, денеска изјави дека ја следат состојбата и според тоа што го добиваат како резултат од нивните анализи сметаат дека уште не e време за целосно укинување на […]

Над 77 проценти од докторите лани биле физички или вербално нападнати


Над 77 проценти од анкетираните доктори од Лекарската комора на Северна Македонија (ЛКСМ) во 2021 година доживееле физичко или вербално насилство на работното место. Претседателката на ЛКСМ, Калина Гривчева – Старделова, овие податоци ги објави денеска на одбележувањето на Европскиот ден за подигање на свеста за насилството врз лекарите и другите здравствени работници, при што […]

Бугарин починал додека чекал ред да купи зејтин во супермаркет


Бугарија– 77-годишен маж почина додека чекал ред да купи зејтин во супермаркет во Бургас, Бугарија, објавија бугарските медиуми. Кога дошла Брзата помош само констатирала смрт.   „Човекот почина во супермаркетот. Го турнаа и му се слоши. Беше лудница, тој падна, посине и почина. Редот беше огромен“, кажа жена која пазарувала во супермаркетот за бугарската телевизија […]