На Кипар живеат 40.000 Руси, некои блиски до Путин – се плашат дека ќе ги протераат


 

Модератор на радио-станицата 105.7 ги поздравува своите слушатели на руски јазик. Не, ова радио не емитира никаде во Русија. Тоа се наоѓа на Кипар. Овде на југот на островската држава, во Лимасол, руската присутност се гледа на секој чекор. Тука има руски продавници, руски радио-станици, пишува „Дојче веле“.

Островската држава на многу Руси им стана втор дом. Повеќето од околу 400.000 Руси на Кипар, жовеат во овој крајбрежен град – кого сега го нарекуваат Лимасолград. Престојот им го овозможија ткн. „златни пасоши“. За владата во Никозија „златните пасоши“ долго беа вносен бизнис? кој и да вложеше два и пол милиони евра – пример во некоја луксузна недвижност – можеше да добие државјанство. Програмата е завршена пред две години по корупсциски скандал.

„Добродојдовте на Кипар!“

Но, на интернет уште може да се најдат реклами: „Живејте и работете слободно во која и да е земја од ЕУ, станете граѓанин на светот и патувајте без виза во 158 земји во светот. Тргувајте во Европа на софистициран начин и искористете ги даночните поволности, отворете си можност за студирање на евроски универзитети со повластени услови – се ви е можно во рок од половина година – Добродојдовте на Кипар!

Од тогаш, Кипар мора да се снаоѓа без оваа профитабилна гранка. Но, останаа парите на оние кои на време ја искористија можноста за населување на островот: речиси пет отсто од жителите на Република Кипар се од Русија, меѓу нив и некои кои имаат добри врски со рускиот претседател Владимир Путин.

Еден од кипарските Руси е Виктор Векселберг, кој се наоѓа на американската листа на санкции. Неговата фирма е најголем акционер на Кипарската банка. Уште еден истакнат натурализиран Кипранец со врски блиски до Кремљ е рускиот индустријалец Александер Пономаренко. Но, ако на Русите како нив во некој следен чекор на санкции против Кремљ им се поништи нивниот пасош, работите би можеле да бидат неугодни за владата во Никозија.

Загрозен туризмот

Војната на Русија против Украина се повеќе го доведува Кипар во тешка положба.
Воздушниот простор над островот е затворен за руските авиони. Ако карантинот потрае подолго, претстојат и тешки денови за кипарскиот туризам.

„Русија е нашиот втор по големина пазар, а и Украина беше пазар што ветува за на нашиот пазар да му донесе значителни износи“, објаснува Филокипрос Русонидис, претседател на Здружението на хотелиери на Кипар.

И кипарскиот министер за финансии Константинос Петридис е свесен за тоа во колкава мерка потенцијалниот пад во туризмот може да ја погоди островската држава.

„Русија чини 25 отсто од туризмот во Кипар. Ако тоа го изгубиме, падот на бруто домашниот производ би можел да изнесува до два отсто“, објасни Петридис во разговор за најголениот дневен весник „Филелефтерос“, неколку дена по воведувањето на ЕУ-санкциите кон Русија – но, на карја сепак и Кипар се придружи на одлуките на ЕУ.

„Многу сме загрижени. Не само заради војната и економски. Туристи од Русија и од Украина нема да дојдат на Кипар, ги нема нив… Овде во Никозија таа приказна е завршена. Нема шанси да се опоравиме од ова и повторно да застанерме на нозе. Туристите заминаа – ова не докрајќи“, се жали еден трговец.

Кипарскиот претседател Никос Анастазијадис сега мора да одлучи во која мерка Кипар ќе ги поддржи санкциите на ЕУ против Русија. Затоа, ако се мисли сериозно, тогаш и банковните сметки на неговите нови руски државјани мора да да бидат проверени и евентуално замрзнати.