Истанбул под снег – сообраќаен колапс во градот на Босфор


Снежни врнежи во саботата го погодија Истанбул, најнаселениот град во Турција, што го отежна сообраќајот во некои делови од градот, јавува Анадолија.
Снежните врнежи кои со прекини траат од 9 март дополнително се интензивираа во саботата навечер.

Сообраќајот е отежнат во многу области, вклучувајќи ги Ускудар, Умраније, Кадикој, Бејликдузу и Есенјурт.

Во некои делови на турската метропола забележан е застој во сообраќајот поради снежните врнежи.

Во неколку градови во Турција во изминатите неколку дена наставата беше откажана поради обилните снежни врнежи.