Зеленски посети болница во Киев каде се лекуваат ранети војници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата попладне ја посети болницата во Киев, каде го поддржа персоналот што се грижи за пациентите и ранетите украински војници.
„Во посета на нашите ранети борци. Момци закрепнете брзо. Верувам дека најдобриот подарок за вашата жртва ќе биде нашата победа“, напиша Зеленски на Фејсбук.
Советникот на украинскиот претседател Михаило Подолијак изјави во неделата дека мисли дека ќе „постигне конкретни резултати“ во преговорите со Русите во следните неколку дена.
Во видеото објавено на Твитер, Подолијак, рече дека Русија „станува многу почувствителна за позицијата на Украина“ и дека „почнала да разговара конструктивно“.
„Нашите предлози се на маса. Тие се многу цврсти. Меѓу нив се повлекување на војниците и прекин на огнот“, додаде Подолијак.
„Нема да се откажеме од ниту една точка, од принцип“, вели советникот на претседателот.