3.504 граѓани се изјасниле дека се Бугари


  Бројката на луѓето кои се изјасниле како Бугари на пописот изнесува 3.504, а 1.519 изјавиле дека бугарскиот јазик им е мајчин. Во проценти, бројот на Бугарите изнесува 0,19 отсто. На пописот во 2002 година имаше 1.417 лица кои се изјаснија како Бугари. Овие бројки се драматично пониски од лицитарањата во Софија колку Бугари има […]

Комисијата препорачува и средношколците да не носат маски и да одат на екскурзии


Комисијата за заразни болести на денеска одржаниот состанок одлучи да даде препорака за укинување на носењето маски за учениците во средните училишта и да се овозможи организирање екскурзии за учениците во основните и средните училишта, изјави портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ. Посочи дека се уште важат препораките наставниот и техничкиот кадар да носат маски. – […]

Песков: Русија со никого нема да разговара за Крим


Русија со никого нема да разговара за прашањето за Крим, дури ни во преговорите со Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Крим е дел од Русија и во согласност со нашиот Устав, не можеме со никого да разговараме за судбината на територијата на Русија, руските региони. Тоа е исклучено, пишува во нашиот Устав. И ние нема […]

Македонците во Македонија – 58,48 проценти, Албанците 24,3 отсто


Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски оцени денес дека успешно и  професионално е спроведен пописот во 2021 година и дека податоците се објавуваат во рекорден рок. Според него вкупниот број на жители е 2.097.319 лица, од кои резидентни 1.836.713 лица. Вкупно  нерезиденти се  260.606 лица. Од резидентните лица  58,44 се изјасниле како Македонци, […]

Путин бара Мариупол да се предаде за да запре бомбардирањето


  Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека гранатирањето на опколениот украински град Мариупол ќе заврши само кога украинските војници ќе се предадат. Путин ги даде коментарите за време на едночасовниот телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот вечерта, се вели во соопштението на Кремљ. Но, француските власти соопштија дека рускиот лидер се согласил […]

Локвенец: Ќе се реализираат средствата кои беа наменети за капитални инвестиции во делот на железничката инфраструктура


Македонски железници – Инфраструктура одговорно стои на ставот дека ќе бидат реализирани средствата кои беа предвидени за капитални инвестиции, водејќи сметка за динамиката на процесите кои се водат во овој момент за реализација на тие проекти, порача денеска генералниот директор на компанијата Хари Локвенец. -Годишната програма за работа на Македонски железници – инфраструктура е подготвена […]

Oстатоци од пестициди во две третини од неорганските зеленчук и овошје


Невладината организација „Идни генерации“, која редовно го испитува присуството на пестициди во овошјето и зеленчукот наменети за консумирање, изразува жалење за постоењето на вакви остатоци во речиси две третини од неорганското овошје, зеленчук и житарици, јави дописникот на МИА. Невладината организација, која го заснова својот извештај на податоците обезбедени од Генералниот директорат за конкуренција, потрошувачки […]

Нови 294 случаи со Ковид-19, вкупно шест починати 


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.430 тестови, а регистрирани се 294 нови случаи со КОВИД-19, шест починати и 235 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од 294 новозаболени од Скопје се 149, Битола 36, Прилеп 20, Кавадарци 17, Велес 11, Охрид 10, Куманово 8, Струга 7, Кичево […]

Јадранскиот нафтовод ЈАНАФ најави прекин на испораките на нафта за НИС, реакција од Србија


Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ) најави дека во санкциите воведени кон Русија е вклучен и договорот за транспорт на сурова нафта склучен со Нафтената индустрија на Србија, со што најави прекин на испораките на нафта за Нафтената индустрија на Србија (НИС), јави дописникот на МИА од Белград. Доколку тоа се случи, рафинеријата во Панчево нема да може […]

Осум компании од Австрија заинтересирани за инвестиции во патната и железничката инфраструктура во земјава


Делегација од осум австриски компании заинтересирани за соработка со градежни компании што работат во областа на инфраструктурата и со институции кои распишуваат тендери во истата област денеска се присутни на бизнис форум во Стопанската комора. -Денеска имаме микс на македонски институции и компании кои ќе стапат во разговор со австриските компании. Се надеваме дека од […]

По руското ветување следеше „колосален напад“ на Чернихив


  Градоначалникот на Чернихив, Владислав Атрошенко, рече дека северниот украински град е под „колосален напад“ и покрај ветувањето на Москва дека ќе ги намали воените операции таму. Во интервју за Си-Ен-Ен, Атрошенко го критикуваше тврдењето на Русија дека планира „драстично да го намали“ нејзиниот воен напад врз Чернихив и украинскиот главен град Киев. Атрошенко рече: […]

Приведени петмина дрвокрадци во Прилепско, одземени бесправно исечени дрва


 Службеници од СВР Битола, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Полициската станица Прилеп вчера во периодот од 07 до 18.00 часот извршија засилени контроли на повеќе локации во Прилеп за откривање на случаи на бесправно сечење огревни дрва. Притоа, како што соопшти МВР, во повеќе возила биле пронајдени и одземени околу 11 кубни метри […]

 Засадени 30.000 садници на неколку локации во Илинден


Во Општина Илинден на повеќе локации се спроведува голема акција за пошумување, во населеното место Миладиновци и околината, особено во делот каде имаше пожари. Акцијата за пошумување се спроведува во рамки на проектот „Зелена општина Илинден” во соработка со ЈП „Македонски шуми”, ЈКП „Илинден” како и општинската администрација. Во рамки на акцијата ќе бидат засадени  […]

Истражување на Реактор: Родовиот јаз во платите е околу 19 проценти


Според официјалната статистика во земјава јазот на вработеноста меѓу мажите и жените изнесува 19 процентни поени, што е речиси двојно повеќе од европскиот просек. Оваа разлика не е променета со декади наназад и укажува на структурна родова базирана дискриминација дека мажите и жените немаат еднаква можност за платено вработување, се вели во Истражувањето изработено од […]

Како да го исчистите организмот од отрови и маснотии, а без гладување?


Како да го исчистите организмот од токсините и штетните материи кои се „насобрале“ во студениот период. Чистењето на организмот по зимското прејадување, стресот и генерално намалената активност типична за студените денови е практично неопходно уште од првите денови на пролетта. Експертите предупредуваат на грешката која многумина ја прават кога се работи за детоксикација, а поради […]

МБУ веќе 16 години обезбедува квалитетно образование како основа за успешна професионална кариера


Започнувајќи со работа пред 16 години со неколку факултети и оддели, и со само 9 студенти, Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) успеа, со многу посветеност и труд вложен во образовниот процес сите изминати години, да прерасне во ценета високообразовна институција која денес е избор на околу 3.000 студенти. Основан во 2006 година од Фондацијата за образование […]

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2022“ од магазинот „Global Finance“


Посветеноста на клиентите и силните финансиски резултати во услови на нестабилни економски случувања ѝ донесоа на Комерцијална банка нова престижна меѓународна награда – „Најдобра банка во Северна Македонија за 2022 година“ – доделена од магазинот „Global Finance“. Комерцијална банка по 11-ти пат е избрана за најдобра банка во земјава од „Global Finance“ на 29-то издание […]

Како ќе изгледа Diamond Mall – новиот трговски центар во строгиот центар на Скопје


Новиот трговски центар Diamond Mall се очекува да биде отворен во март 2023 година. Тој е интегрален дел од мултифункционалниот комплекс Diamond of Skopje што е лоциран во строгиот центар на Скопје. Компанијата „Лимак“ инвестира 250 милиони евра во изградбата на овој проект, а покрај големиот трговски центар, дел од него се и хотелот со […]

Трајковски за ТНТ: Цаноски финансиски го покриваше проектот, проблем беа паркинзите


Поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, обвинет во случајот,, ТНТ”, за уривање на објектот Космос, на денешното рочиште истакна дека планот за изградба на објектот бил предлог на инвеститорот (Фиат Цаноски), и финански покриван од него. Тој во својата одбрана посочи дека паркинг местата во Космос биле најголем проблем од почетокот. – Со […]

Со Италија не врзува и културната размена- во Чифте Амам отворена изложба на фотографии од ризницата на Архивот на браќата Алинари


Во една опуштена атмосфера како што може да ја наметне топлината на италијанската култура, вчера во Чифте амам се отвори изложба на фотографии од ризницата на Архивот на браќата Алинари. Сите присутни, претставници на дипломатскиот кор, политичкиот естаблишмент и останатата публика, во формалниот така и во неформалниот дел на настанот говореа за значењето на културната […]