3.504 граѓани се изјасниле дека се Бугари


Фото: Б. Грданоски

 

Бројката на луѓето кои се изјасниле како Бугари на пописот изнесува 3.504, а 1.519 изјавиле дека бугарскиот јазик им е мајчин. Во проценти, бројот на Бугарите изнесува 0,19 отсто. На пописот во 2002 година имаше 1.417 лица кои се изјаснија како Бугари.

Овие бројки се драматично пониски од лицитарањата во Софија колку Бугари има во Македонија, пред сѐ поради огромниот број македонски граѓани што имаат бугарски пасоши, а кои главно се вадат за да можат да работат во ЕУ.

Од помалите етнички заедници 3,98 Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи, информираше директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.  Интересно е што 344 лица се декларирале како Југословени. 

Како Торбеши се попишале 4.174 граѓани, Египќани 2.406, Хрвати 2.145 и Црногорци 1.023.

Во Македонија се попишани 1.836.713 граѓани, а во дијаспората 260.606, со што вкупната бројка е 2.097.319.