Јордан Плевнеш избран за претседател на Академија Балканика Еуропијана


Македонскиот писател Јордан Плевнеш е избран за претседател на Академија Балканика Еурпијана. Изборот, како што соопшти прес-службата, е донесен едногласно, од сите 33 членови од десетте држави на Балканскиот полуостров, а Плевнеш бил предложен од претседателот на Европската Акедемија на науките, уметностите и книжевностите, Жан-Патрик Конрад, професор од Кралскиот колеџ од Лондон. – По изборот […]

Претставена официјалната топка за Мундијалот во Катар


 Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ ја претстави денеска „Ал Рихла“ како официјална топка на Светско првенство во Катар, објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Ова е 14. последователна топка, која „Адидас“ специјално ја дизајнираше за Светско фудбалско првенство и според најавите достигнува најголема брзина од сите топки претходно. „Ал Рихла“ на арапски значи патување и […]

Во Германија инфлацијата највисока во последните 40 години


Поради украинската криза и драматичниот раст на цените на енергенсите, Германија се соочува со рекордна инфлација. Според податоците на Заводот за статистика, инфлацијата во март пораснала на 7,3 отсто. Тоа е највисоката инфлација во изминатите 40 години. Во февруари инфлацијата беше на ниво од 5,1 отсто. Економскиот институт Ифо прогнозира дека инфлацијата во тековната година […]

Џонсон: Целта на Велика Британија не е смена на режимот на Путин


Целта на Велика Британија не е промена на режимот во Москва или смена на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон, прецизирајќи дека намерата на Лондон е да ги заштити Украинците во војната. – Ја разбирам фрустрацијата на народот поради Путин и желбата да се смени владата. Тоа е целта на многу […]

Ромите не ги признаваат резултатите од пописот, им „фалат“ 50 отсто


Штотуку објавените резултати од пописот кажуваат дека од вкупниот број на попишани резидентни граѓани, Ромите се  1,3 отсто, а нерезидентно 1,02 отсто. На тоа реагираа од ромската организација „Ајава“ порачувајќи дека се избројани само половина и дека бројката не е реална.  „Според нашите проценки базирани на официјалните државни податоци, од 2002 година до 2020 година […]

Ахмети задоволен од пописот, додаде уште некој процент Албанци


Лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети,  е задоволен од пописот, а особено што од 260.606 нерезидентни жители  дури 66,36 отсто се етнички Албанци. Во статус на Фејсбук, тој им честиташе на институциите за реализираната статистичка операција и посебно се задржа на застапеноста на албанската етничка заедница во неколку категории опфатени со пописот. „Денеска Северна Македонија, […]

Oд петок во Бугарија се укинува вонредната епидемиолошка состојба


Бугарија– Бугарија од 1 април нема да биде во сосотојба на вонредна епидемија и ќе се укинат воведените антиепидемиски мерки во таа држава. Тоа на брифинг го соопшти министерката за здравство на Бугарија, Асена Сербезова. Од тој датум се укинува носењето заштитни маски во затворени објекти. „Во Бугарија, по серија мерки за олабавување, време е да […]

Единствена Македонија бара одговорност за пописот што таа го бојкотираше


Единствена Македонија, која повикуваше на бојкот на пописот, сега кога е направена штетата и бројот на Македонците е на историско најниско ниво во сопствената држава, најавува дека резултатите нема да ги признава.  Таа изјава не е релевантна како политичка порака, но бројките што се резултат од пописот ќе бидат и тоа како релевантни кога ќе […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе си направи свој попис, овој бил некомплетен


Бројките од пописот се поразителни, а операцијата некомплетна, порача по објавувањето на резултатите Антонијо Милошоски во име на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што официјално не повикуваше на бојкот, но неофицијално го поттикнуваше.  Тој ги нарече алармантни бројките што беа објавени.  -Пописот, ваков каков што е во Република Македонија, покажува алармантни бројки кои што се поразителни за сите […]

Предупредувачки протест на КСС за усогласување на платите со минималната плата


Членови на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) попладнево излегоа на предупредувачки протест пред Собранието и Владата, при што искажаа незадоволство што досега не се усогласени платите со минималната плата. Претседателот на КСС Благоја Ралповски изјави дека со овој предупредувачки протест повторно му даваат шанса на социјалниот дијалог. Според Ралповски, решението е едноставно, Владата треба да […]

Ромски семејства се соочуваат со присилно иселување од прифатниот центар во Визбегово


Хелсиншки комитет за човекови права денеска информира дека неколку ромски семејства се соочуваат со враќање во состојба на социјален ризик, откако добиле решение од Министерството за труд и социјална политика да го напуштат привременото живеалиште во прифатниот центар во Визбегово. Тие се сместени во привремените живеалишта од 2018 година, а дотогаш живееја на отворено, под […]

Лајчак: Брисел да ги исполни ветувањата и почне преговори за членство со Скопје и со Тирана


Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак, денеска го поддржа ставот на шефот на Kомисијата за надворешни работи на Бундестагoт дека Брисел треба да почне преговори за членство со Скопје и со Тирана како и да воведе визна либерализација за Косово. -Целосно се согласувам со вашата проценка, објави Лајчак на Твитер. Неговиот твит […]

Софија: Побарувачката на Русија за плаќања за гас во рубли ги прекршува договорите


 Руското барање за плаќање гас во рубли ги прекршува договорите и не треба да се прифати, изјави денеска владина портпаролка во Софија. – Ставот на Бугарија, кој е усогласен на европско ниво, е дека таквото прекршување на постоечките договори, во кои јасно е наведено дека плаќањата треба да се вршат во евра или американски долари, […]

Поради несоодветна грижа над 200 бебиња починале во текот на две децении во една британска болница


Повеќе од 200 бебиња починале за две децении во британска болница поради невнимание на персоналот за време на породилната нега, се вели во извештајот на таа болница. По објавениот извештај, во кој се наведува дека во текот на 20 години поради несоодветен третман починале 201 бебе, девет мајки, 29 случаи каде бебињата претрпеле тешки повреди […]

ЕК: Пописот е големо достигнување


Европската Комисија го поздрави пописот во Северна Македонија нарекувајќи го големо достигнување, јави дописничката на МИА од Брисел. По објавувањето на резултатите од пописот, портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро, за МИА изјави дека Комисијата го поздравува пописот, спроведен првпат од 2002 година. – Ова е големо достигнување: обновени податоци за населението се суштински за […]

Во Софија нема промена на официјалниот став спрема Македонија


  Оптимизмот на премиерот Кирил Петков можеби не е вистински оптимизам во рамките на владејачката коалиција во Бугарија околу односите со Македонија. Копретседавачот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, во средата изјави дека нема промена во владејачката коалиција за Македонија. Во вторникот вечерта лидерите на коалициските партии одржале состанок на кој според неофицијални информации се разговарало […]

Демократски сојуз: Резултатите од пописот не се одраз на реалноста


Според првичните анализи на објавените податоци од пописот, Демократскиот сојуз, оценува дека тие не се одраз на фактичката состојба.  -Во дијаспората, проценките се дека само околу 10% од Македонците се попишани, додека во Македонија, од резидентното население, претежно Македонци, над 130.000 не се попишани. Овие бројки го наметнуваат заклучокот, дека пописот е неуспешен и за […]

Македонската дијаспора „стопена“ од бојкотот


Големата разлика  во процентот на Македонците и на Албанците во вкупното население, по сѐ изгледа, е штетата што ја направија повиците на бојкот од неодговорните партии во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Според податоците од пописот испаѓа дека Албанци од Македонија што живеат во странство има речиси тројно повеќе отколку Македонци – односно попишани се 172.942 […]

Судски совет постапува по случајот „Палермо” за судијата Лазар Нанев


Судскиот совет денеска одржа работен состанок во врска со случајот „Палермо“ и присуството на судијата Лазар Нанев на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Италија и Северна Македонија, информираат од Судскиот совет. – Тргнувајќи од основните заложби на Судскиот совет за враќање на довербата на граѓаните во судството, а во рамките на своите законските овластувања, Советот […]

Се повеќе станови, се помалку жители во Македонија


Масовната урбанизација се потврди и на пописот, што е една од најкорисните информации на оваа статистичка операција. Според објавените податови од Државниот завод за статистика  во Македонија има вкупно 839.174 станови  и споредено со 2002 година нивниот број е зголемен за 141.031  или 20,2 отсто.  Што значи иако бројот на жителите се намалил значајно, бројот […]