Засадени 30.000 садници на неколку локации во Илинден


Во Општина Илинден на повеќе локации се спроведува голема акција за пошумување, во населеното место Миладиновци и околината, особено во делот каде имаше пожари. Акцијата за пошумување се спроведува во рамки на проектот „Зелена општина Илинден” во соработка со ЈП „Македонски шуми”, ЈКП „Илинден” како и општинската администрација.

Во рамки на акцијата ќе бидат засадени  околу 30.000 садници, а целта е да се придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот, унапредување на животната средина, како и подобрување на условите за живеење. 

На акцијата за пошумување присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека грижата за екологијата и здравата животна средина е обврска на секој од нас, па во таа насока во Општина Илинден се почесто ќе се спроведуваат акции за пошумување. Со реализацијата на овој проект се залагаме за еколошки почиста општина, како и подигнување на еколошката свест. 

Заштитата и унапредувањето на животната средина претставува еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа.