Пронајдени оружје и муниција при претрес во скопско Љубанци


При претрес во дом на 62-годишен жител на скопско Љубанци полицијата денеска пронајде и одзеде повеќе парчиња оружје и муниција. Лицето е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Полициски службеници од Единица за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од […]

Трето злато за Ледецка, Карл ја комплетираше колекцијата


  Естер Ледецка од Чешка и Австриецот Бејнамин Карл ги освоија златните медали во сноуборд во паралелен велеслалом. Ледецка во финалето без грешка стигна до третото олимписко злато во кариерата. Така успеа да го одбрани златото освоено во Пјонгчинг, во кој пред четири години го освои во скијачката дисциплина супервелеслалом. Среброто го освои Австријката Даниела […]

Андреа за настапот на Евросонг: Ќе ѝ покажеме на Европа дека имаме интернационални пејачи


Македонската преставничка на годинешниот евровизиски избор ветува дека ќе и’ покаже на Европа дека и ние имаме интернационални артисти. Позитивните коментари за песната Circles на Александар Масевски и се дополнителен мотив да го искористи својот потенцијал да застане на таа сцена и да даде се’ од себе. Андреа Коевска (21) се опишува како многу специфичен лик. Вежбањето ја смирува кога имам бура […]

Џеј Ло на насловницата на „Ролингстоун“ со силна модна порака (фото)


САД- Џенифер Лопез ја краси насловницата на мартовското издание на „Icons and Influences“ на престижниот „Ролингстоун“ со неверојатни стилски изгледи од висока мода.  Пејачката и актерка е актуелна со  нејзиниот нов филм „Marry Me“ кој е во кината од 11 февруари. Во Македонија филмот доаѓа во Синеплекс од 10 февруари.  Во насловната приказна, Лопез открива […]

ЗОИ: Трето злато за Кина по триумфот на Гу во слободно скијање


Натурализираната Кинеска Ејлин Гу го освои првото место во слободно скијање дисциплина „Биг ер“. Таа утринава до златниот медал дојде со резултат 188,25 бодови. Гу која е родена во Сан Франциско (САД) го обезбеди третиот златен медал за Кина на Олимпијадата во Пекинг, по што домаќините се лидери на листата медалисти. Второто место и припадна […]

Кривокапиќ: Ќе продолжам да носам одлуки


 Црногорскиот премиер во заминување Здравко Кривокапиќ на владината седница одржана на 2 февруари изјави дека не е обврзан со „правната категорија“ за техничка влада и дека неговиот кабинет ќе продолжи да носи одлуки во полн капацитет се додека не се избере нова влада, пишува весникот Побједа. Извор на весникот наведува дека Кривокапиќ истакнал дека Владата […]

Како Сенегал ги пречека новите африкански шампиони во фудбал (видео)


Неверојатни сцени пристигнуваат од главниот град на Сенегал по победата во финалето на Африканскиот куп на нации. Стотици илјади навивачи се собраа во понеделникот на улиците на главниот град на Сенегал Дакар за да ја пречекаат фудбалската репрезентација по триумфот на Африканскиот куп на нации. Сенегал го победи Египет со 4-2 во финалето на Африканското […]

Чехот што во Германија возеше со 417 км/ч, под судска истрага


Германија можеби е позната по своите автопатишта со неограничени брзини, но сомнежите дека чешки бизнисмен возел на дел од автопатот со 417 километри на час доведоа до негови проблеми со надлежните органи и законот. Обвинителството во Штендал, во северната провинција Саксонија-Анхалт, соопшти дека покренало истрага за потенцијална „незаконска трка“. Сопственикот на „Бугати Чирон“ на Јутјуб […]

Во Шпанија половина од медицинските сестри планираат да ја сменат професијата


Речиси половина од медицинските сестри во Шпанија размислуваат да ги напуштат своите работни места поради екстремна истоштеност за време на пандемијата со Ковид-19, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено на почетокот на јануари годинава. Според анкетата 85 отсто од медицинскиот персонал страда од психолошки и емоционални проблеми. Интервјуирани се 19.300 медицински сестри кои истакнале дека „состојбата […]

Калуѓерка од САД проневерила над 800.000 долари


Калуѓерка од сестринскиот ред на Свети Јосиф од Карондел, која беше и директорка на католичко училиште во Калифорнија, е осудена на една година затвор поради финансиска злоупотреба. Американската калуѓерка Мери Маргарет Кропер пренасочила повеќе од 800.000 долари од касата на приватното католичко училиште во Торанс, јужно од Лос Анџелес. Со овие пари играла во казино […]

ЗОИ: Мајер го обезбеди првото злато за Австрија


Австрискиот алпски скијач Матијас Мајер го освои златото во супервелеслаломот на Олимписките игри во Пекинг. Тој рано утрово победи со време од 1 минута 19,94 секунди. Американецот Рајан Кокрен-Сигл го зазеде второто место со само четири стотинки заостанување зад победникот. Трет беше Норвежанецот Александар Килде, кој патеката ја мина за 0,42 секунди побавно од Мајер. […]

Во Маврови Анови половина метар снежна покривка


Во Маврови Анови утрово е измерена најниска температура од седум степени под нулата. Следат Крушево со -6, -4 Охрид, -3 Претор, -2 во Крива Паланка, Тетово, Битола и Берово, -1 во Прилеп и Дебар, 0 Виница, Куманово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 3 Демир Капија, Струмица, 4 Дојран и 5 степени Гевгелија. Во Маврови Анови во […]

Протести на Нов Зеланд против здравствените мерки


Конвој камиони и автоприколки денеска ги блокираа улиците околу Парламентот во Велингтон во знак на протест поради здравствените мерки воведени поради Ковид-19, по примерот на повеќедневната блокада во главниот град на Канада, Отава. Вакциниран сум, но сум против да се принудуваат луѓето, изјави еден од демонстрантите. На возилата може да се видат пораки како „Вратете […]

Советникот на Бајден за наука поднесе оставка


Главниот советник за наука на американскиот претседател Џозеф Бајден, Ерик Ландер, поднесе оставка по извештаите за вознемирување на подредени лица. Оставката следуваше и покрај првичното инсистирање на Белата куќа, Ландер да остане на својата позиција и да примени корективни мерки во обид да обезбеди подобра работна средина во американската Канцеларија за наука и технологија, пренесува […]

Забрана за камиони на патот Струга-Ќафасан, укината забраната на Стража


На патниот правец Струга-граничен премин Ќафасан има забрана за сообраќај за тешки товарни возила, додека забраната за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража е укината утринава во 06:40 часот, информира Авто мото сојузот на Македонија. На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, а на повисоките места има остатоци […]

Во Украина воена вежба од 10 до 20 февруари


Од 10 до 20 февруари на украинските полигони ќе има вежби за напади со беспилотни летала Бајрактар ​​и преносни противтенковски ракетни системи Џавелин, најави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников. Тој додаде дека Украина сега добива оружје од многу земји „за кое досега само сонувала“. Резников истакна дека Киев добил согласност од Вашингтон да прими […]

Чесите масовно купуваат во полските продавници: „Ова е шопинг лудило“


Граѓаните на Чешка масовно се упатија кон полските продавници откако полската влада привремено го укина ДДВ за голем број основни намирници. Чешките весници го нарекоа „шопинг лудило“, а некои „упадот“ го опишаа како мала „миграција на луѓе“. Во Полска, од 1 февруари, некои основни прехранбени производи, како лебот, месото и млечните производи се ослободени од […]

Кина е против натамошно ширење на НАТО


Кина смета дека проширувањето на НАТО не придонесува за глобалната безбедност и стабилност, се наведува во соопштение објавено денеска на веб-страницата на кинеското претставништво во ЕУ. Се проценува дека 30 години по крајот на Студената војна, НАТО продолжува да го проширува опсегот на операции, блок-политика и конфронтации, а тоа не придонесува за глобалната безбедност и […]

Седници на три собраниски комисии и надзорна комисиска посета на Агенцијата за разузнавање


Во Собранието на Северна Македонија за денеска се закажани седници на три собраниски комисии, а членовите на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање ќе ја посетат Агенцијата за разузнавање. Комисијата за финансирање и буџет треба да ја одржи 34-та седница на чиј дневен ред се финансискиот […]

Претседателот на Црна Гора во дводневна официјална посета на Грција


Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска ја започнува дводневната официјална посета на Грција на покана на неговата грчка колешка Катерина Сакеларопулу и ќе оствари низа средби со грчкиот државен врв, јави дописничката на МИА од Атина. Од кабинетот на црногорскиот претседател соопштуваат дека ова е прва официјална посета на Грција од обновата на независноста, […]