Пронајдени оружје и муниција при претрес во скопско Љубанци


При претрес во дом на 62-годишен жител на скопско Љубанци полицијата денеска пронајде и одзеде повеќе парчиња оружје и муниција. Лицето е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Полициски службеници од Единица за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода Д. Ч. (62) од с. Љубанци, скопско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден пиштол непозната марка и калибар, еден карабин непозната марка и калибар, 977 куршуми различен калибар, три ловечки патрони и една воздушна пушка, се вели во соопштението од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.