Кинески сигурен тест за Ковид-19 со резултати за четири минути


Кинески научници осмислија нов метод на тестирање за коронавирус, којшто е сигурен како и ПЦР-тестот, а дава резултати за помалку од четири минути, објави научното списание „Нејчурал бајомедикал инџиниринг“ (Nature Biomedical Engineering). Резултатите од ПЦР-тестот, којшто е стандард за одредување на ковид-состојбата, обично се чекаат неколку часа. Истражувачите од престижниот кинески Универзитет Фудан во Шангај […]

Оризопроизводителите го блокираа магистралниот пат А3, бараат средба со министерот за земјоделство


Производителите на ориз од кочанскиот регион денеска со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат А3 во селото Облешево, изразувајќи незадоволство од ниските откупни цени на арпата и белиот ориз, како и од драстично зголемените трошоци за ѓубрива, заштитни препарати и други давачки. На протестот нагласија дека веќе трет пат за половина […]

Сопругата го пратила в продавница, тој се вратил со 100.000 долари


САД– Во семејството од Мериленд (САД), засега неименуван маж отишол во продавницата откако сопругата го испратила да купи пилешко, а тој патем купил и грепка од тамошната лотарија… И, тоа му се исплатило. Таа вечер, по вечерата со вкусно пилешко, човекот ја изгребал грепката и видел дека има добивка. Но не бил сигурен колкава е сумата… […]

АЦЕР: Северна Македонија 100 процентно зависна од рускиот гас


Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Молдавија се најзависни од рускиот гас меѓу сите европски земји, покажуваат податоците од Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на Европската унија (АЦЕР). Земјава, според податоците на АЦЕР објавени минатата недела, е 100 процентно зависна од рускиот гас. Од земјите во регионот зависноста на Србија од рускиот гас е […]

Истражување: Тежината на трудницата има мало влијание врз онаа на детето


Англија– Индексот на телесна маса (БМИ) на бремената жена има многу помало влијание врз тежината на детето отколку што претходно се веруваше, покажа ново истражување објавено во списанието „БМЦ“. Според тоа, дебелината кај децата не може да биде предизвикана од тежината на мајката во бременоста. БМИ е мерка за следење на промените во тежината. Децата со […]

Следува период на променливо време со сончеви периоди и пораст на дневните температури


Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и пораст на дневните температури. Во четврток и петок по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе се задржи пониска. Во сабота попладне и во текот на ноќта ќе има слаби локални врнежи од […]

До 2026 година минималната плата ќе биде 22.000 денари, вели Битиќи


Имаме проекции до 2026 како ќе се движи минималната плата. Сепак, тоа се проекции кои се поставуваат на ниво на различни макроекономски фактори. До 2026 година, минималната плата ќе биде 22.000 денари само со усогласување, без никакво интервенирање, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој во емисијата „Утрински брифинг“ го поздрави вчера постигнатиот […]

Не се одржаа закажаните седници на Комисијата за финансирање и буџет


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска не ги одржа трите закажани седници затоа што оправдано беа отсутни дел од пратениците кои се членови на оваа комисија. Претседавачот на Комисијата Бојан Стојаноски појасни дека Комисијата се уште нема назначено претседател откако доскорешниот претседател Тимчо Муцунски стана градоначалник и дека сега седниците на Комисијата ги свикува […]

Калембер, Исламовиќ и Паѓен потпишаа за „Кроација рекордс“: 4 Аса со нов албум и турнеја


Популарната супергрупа 4 Аса повторно е заедно, а со потпишувањето на новиот ексклузивен договор за Кроација рекордс најавуваат нов студиски албум, но и голема турнеја. Поминаа 20 години од нивното прво обединување, а само неколку години помалку од нивниот заеднички албум и големата турнеја, која ја погледнаа повеќе од половина милион луѓе. За жал, овој […]

Гугл го менува логото на „Хром“


Технолошкиот гигант Гугл соопшти дека компанијата одлучила да го промени знакчето на својот пребарувач „Хром“. Според Елвин Ху – дизајнерот на „Гугл Хром“, иконата на прелистувачот е поедноставена без светли сенки, пофини пропорции и посветли бои во хармонија со помодерниот стил на брендот. „Да! Го освежуваме знакот, првпат по осум години“, напиша Елвин Ху на […]

Кривична пријава против две лица од Пакистан за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“


Во понеделникот, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против М.J.(33) и Р.З.(21), двајцата од Пакистан, за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, предвидено и казниво по член 418-б став 2 од Кривичниот законик. На 06.02.2022 во место викано „Свињарска […]

Решенијата за ковид од денеска во електронска форма преку „Вакцинација.мк“


  Согласно владината одлука за измена на начинот на достава на решенијата за изолација на лица позитивни на Ковид-19 и на нивни контакти, од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во […]

Во Бугарија вчера починаа 176 лица лица од корона


Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани нови 8.012 случаи на коронавирус со 37.509 тестови. Позитивни примероци се 21,4% од сите тестирани. Од новите случаи 75 отсто се невакцинирани. Од ковид починаа 176 лица, а 90,3 отсто од нив не се вакцинирани, Во моментов, вкупниот број на активни случаи на коронавирус надминува 260.000 луѓе. […]

„Макпетрол“ во февруари ќе испорачува гас по намалени цени


„Макпетрол“ во февруари ќе ги намали цените на метанот (КПГ – компримиран природен гас) и на природниот гас како резултат на одличниот договор што компанијата го постигна со „Гаспром“, информираат од компанијата. Споредено со јануари, како што велат, малопродажната цена на метанот е пониска за 12,74 отсто, односно 14 денари за килограм и сега изнесува […]

„Шанел“ со Круз колекцијата нѐ носи во Монако


Франција–  „Шанел“ ја продлабочува врската со амбасадорката на брендот Шарлот Казираги, избирајќи го нејзиното родно Монако како дестинација за својата колекција за крстарење 2023 година. Креативната директорка Вирџини Вијард ќе ја открие колекцијата на 5 мај во малото кнежевство, што е симбол за гламур и служеше како амбиент за филмови, вклучувајќи ги „To Catch a […]

Шест македонски винарии на „Продекспо 2022“ во Москва


Шест винарии од земјава учествуваат на националниот штанд на Република Северна Македонија на Меѓународниот саем за храна, пијалаци и суровини за прехранбената индустрија „Продекспо 2022“ во Москва. Најголемата саемска манифестација од овој вид во Руската Федерација и во Југоисточна Европа e отворена во изложбено – саемскиот „Експо-центар“ и ќе трае до 11 февруари. Настапот на […]

Ставре Јада 86. на спринт трката во Пекинг


  Македонскиот претставник во скијачко трчање Ставре Јада го зазеде 86-тото место во квалификациската трка во дисциплината слободен спринт за мажи во Пекинг. Тој трката на 1,5 километри ја заврши со време 3:29.13, со заостанување од 44.10 секунди зад лидерот. Јада го зазеде 86. место од вкупно 88 нaтпреварувачи. Првопласиран беше Лукас Шанават (2:45.03), а […]

Месец на специјални настани и шопинг попусти во Ист Гејт Мол


Секоја година, во првиот месец најчесто одмораме од “новогодишната еуфорија”, уживајќи во зимската атмосфера и комфорот, но вториот, најкраток месец од годината, е сѐ повеќе популарен за потсетување и посветување на грижа кон себеси, исто колку и кон саканите.  Месец февруари е очигледно месец на специјални нешта, а февруарското искуство во Ист Гејт Мол се очекува да биде […]

Модната недела во Париз со 45 ревии, 95 брендови и само 13 дигитални шоуа


Франција– Eсенски колекции на Модната недела во Париз публиката ќе ги види на 45 физички ревии, со новодојденците, вклучувајќи ги The Row и Vtmnts, како и шоуто на Off-White кое ќе му оддаде почит на починатиот основач на брендот Вирџил Абло, според прелиминарниот распоред објавен од Fédération de la Couture et de la Mode во […]

Градските инспектори казнија пет „диви“ превозници


  Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје континуирано вршат редовни контроли со цел сузбивање на дивите превозници на подрачјето на градот Скопје. Во текот на изминатата недела проверени се 5 превозници и изречени се 5 казни на диви превозници кои сообраќале и вршеле превоз на патници, без при тоа да ги почитуваат законите и […]