ЗОИ: Швеѓанката Сундлинг и Норвежанецот Клебо најбрзи во крос-кантри спринтот


Шведската нордиска скијачка Јуна Сандлинг победи во крос-кантри спринтот во слободен стил 1,5 километри на Олимпијадата во Пекинг. Таа патеката ја помина со време 3:09.68 минути. Второто место и сребрениот медал го освои Маја Далквист исто така од Шведска со 2,88 секунди побавно време од сонародничката Бронзениот медал и припадна на Џеси Дигинс од САД […]

Франција ќе ја укине обврската за тестирање на вакцинирани патници од трети земји


Франција ќе ја укине обврската за тестирање на коронавирус за вакцинирани патници од земји надвор од Европската унија, изјави денеска францускиот државен секретар за европски прашања Клеман Бон. – Во наредните денови ќе објавиме укинување на тестовите за вакцинирани лица, истакна Бон за Франс 2. Сите патници кои влегуваат на француска територија од земји што […]

ЕУ не испорачува, но Македонија треба да остане на европскиот пат, вели Советот на Европа


  Стразбур – Коизвестувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за пост-мониторинг дијалог со Северна Македонија во нивниот извештај објавен деновиве во Стразбур, оценуваат дека неисполнетото ветување на ЕУ за отворање на пристапните преговори со земјата „ја поттикнало политичка нестабилност во државата, неизвесност и разочарување“. Сепак, тие ги охрабруват властите, опозицијата и граѓанското […]

Бислимоски: РКЕ беше и ќе продолжи да биде иницијатор на решенија во енергетскиот сектор


Во текот на следната недела ќе објавиме предлог како да им се помогне на компаниите кои се на слободен пазар, а имаат потешкотии во набавка на електрична енергија, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски на денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања на која втор ден се […]

„Брако“ во 2022 – План за нови вработувања и проектиран раст од 35 отсто


По успешната 2021 година кога компанијата забележа раст од над 50 отсто во споредба со претходната година, се вработија повеќе од 150 нови лица, „Брако“ и во 2022 година најавува интензивен раст на приходите и зголемување на бројот на вработени. Извршниот директор на  „Брако“, проф. д-р Кочо Анѓушев вели, очекувањата за 2022 година за фабриката […]

Ѓоковиќ влезе во предизборниот спот на партијата на Вучиќ


  Ретко кој не го видел промотивното видео на Српската напредна странка со Новак Ѓоковиќ во главната улога, затоа што на Јутјуб се емитува на почетокот на кој било видео клип што го пуштате. Обожувачите на најдобриот светски тенисер со разочарување ја коментираат неговата одлука да се појави во изборната кампања на СНС, со оглед […]

Мери Попова од МТВ : Правилата за „Евровизија“ сите ги знаеја, нападите за избраната песна се неосновани


Националниот избор за песна за Евросонг 2022 во Торино и годинава ја подели јавноста откако во изедначена трка меѓу песната „Супермен“ на Виктор Апостоловски (кој имаше најмногу гласови од публиката) и „Circles“ на Андреа Коевска (која имаше најмногу гласови од жирито), во Торино ќе нѐ претставува Андреа, заради предноста на гласовите на стручното жири, според […]

Укинувањето на сертификатите во овој момент нема логика, заклучи Комисијата за заразни болести


  Комисијата за заштита од заразни болести, на денешниот состанок донела препорака, ковид-сертификатите на граѓаните кои прележале Ковид-19 да важат во следните 180 дена, а не како досега 45 дена. Препораката е поврзана со извештајот кој беше презентиран од Институтот за јавно здравје каде е направена анализа на сите случаи на хоспитализација и смрт од […]

„ХОМО“ прогласен за најдобар игран филм на  „Crossing the Screen“ во Англија


Долгометражниот игран филм „ХОМО“ (анг. „Only Human“) во режија на Игор Иванов ја доби својата седма награда и тоа за најдобар игран филм во официјалната програма на интернационалниот фестивал „Crossing the Screen“ во Англија, што се одржа во периодот од 28 јануари до 3 февруари во Истбрн, Источен Сасекс. „ХОМО“ светската премиера ја имаше на […]

Град Скопје поднесе кривична пријава за Шилегов и Јанчева за пари за предновогодишна забава


Град Скопје, согласно одредбите од Законот за кривичната постапка, денеска поднесе кривична пријава против Љубица Јанчева, поранешен Претседател на Советот на Град Скопје и Петре Шилегов, поранешен Градоначалник на Град Скопје. Станува збор за кривична пријава поради основано сомневање дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 ст.5 вв со […]

ССМ: Предлогот за минимална плата го темелевме на стручни анализи


Сојузот на синдикати на Македонија денеска преку писмено соопштение изрази задоволство од постигнатиот договор за минималната плата со кој минималната плата од март се зголемува на 18.000 денари. Од Синдикатот се надеваат дека ова ќе придонесе и за скалесто зголемување на сите останати плати. – Сојузот на синдикатите на Македонија го темелеше својот предлог на стручни […]

Два олимписки рекорда – Нојс ја одбрани титулата во брзо лизгање


Холанѓанецот Кјелд Нојс ја одбрани титулата на олимписки шампион во брзо лизгање на 1.500 метри. Нојс во Пекинг триумфираше со нов олимписки рекорд од 1:43,21 секунди. Среброто го освои неговиот сограѓанин Томас Крол, кој претходно, исто така, го надмина досегашниот олимписки рекорд. Нојс до златото стигна со 0,34 секунди предност пред Крол. ДО бронза стигна […]

ДКСК: Изминативе десет години направени 32 интервенции во Изборниот законик


Во изминатите десет години направени се 32 интервенции на постоечкиот Изборен законик, од кои 14 се за спроведување на рекламирањето на партиите, а интересно е тоа што за носењето на ниту една измена не била организирана јавна расправа. Како што соопшти на денешната седница Катица Николовска, членка на ДКСК, и оваа изборна година беа извршени […]

Декларацијата за Гоце Делчев е како онаа на Каракачанов за Кирил и Методиј, вели Бујар Османи


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ја спореди предложената декларација на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев со онаа на лидерот на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов, за Кирил и Методиј во тамошното собрание. Декларацијата за Гоце Делчев поднесена во Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, според Османи нѐ враќа назад во процесот на преговори со […]

Данска ја интензивира воената готовност


Данските власти денеска објавија дека ќе ја засилат воената готовност, а ќе испратат и два борбени авиони на остров во Балтичкото Море „поради неприфатливиот руски воен притисок врз Украина“. Данската одбранбена команда најави дека ќе подготви борбен батаљон од 700 до 800 војници кои ќе можат да придонесат во операциите на НАТО во рок од […]

Трговскиот дефицит лани достигна 2,7 милијарди евра, покриеноста на увозот со извоз била 71,8 отсто


Во 2021 година од земјава вкупно се извезени стоки во вредност од 426,638 милијарди денари или 6,923 милијарди евра што е за 19,7 отсто повеќе отколку во 2020 година. Вредноста на увезената стока, пак, е 594,02 милијарди денари или 9,938 милијарди евра, односно за 26,8 отсто повеќе отколку во претходната година. Според податоците на Државниот […]

Намерите на Путин остануваат мистерија откако го угости Макрон


  МОСКВА – Рускиот претседател Владимир Путин рече дека е подготвен да ги продолжи преговорите за безбедносните барања на Русија во Источна Европа, но упати строго предупредување за можноста за војна меѓу Русија и Западот во текот на пет часа – користејќи ја петчасовната средба со неговиот француски колега во понеделник за да го задржи […]

Анализа: Земјава ја губи битката за странски инвестиции со земјите од регионот


Ограничен потенцијал за трговска размена, нееднаква распределба на придобивките и загубите по ЕУ интеграцијата и неусогласеност во градењето стратегии за привлекување странски директни инвестиции, се само некои од ризиците на Иницијативата за заеднички регионален пазар (ЗРП). Ова го покажува најновата анализа на Finance Think, за предизвиците на ЗРП Иницијативата од перспектива на Северна Македонија, што […]

Кремљ демантира дека Путин ветил да не се преземаат нови маневри во близина на Украина


 Кремљ ги нарече невистинити француските наводи дека рускиот претседател Владимир Путин му ветил на својот француски колега Емануел Макрон дека Москва засега нема да преземе нови воени иницијативи околу Украина. Претходно анонимен француски функционер тврдеше дека Путин, по разговорите со Макрон, ветил дека засега нема да покренува нови воени иницијативи во близина на Украина, како […]