Променливо облачно со засилен, повремено силен северен ветер


Времето ќе биде променливо облачно и постудено. Претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (над 70км/ч.), особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната од 1 до 8 степени. Во Скопје, променливо облачно […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 8 февруари 2022 година, 39-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 326 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 40 минути, а ќе зајде во 16 часот и 56 минути. Денов трае 10 часа и 16 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Навредата на Борис Џонсон поттикна напад врз лидерот на опозицијата


  Борис Џонсон се соочува со нови повици за повлекување на „навредата“ против Кир Стармер, откако опозицискиот лидер на Велика Британија се соочи со лута толпа што ја поддржува истата линија на напад. Пратениците од целиот политички јаз реагираа со гнев откако на снимките објавени на социјалните мрежи се гледа дека лидерот на лабуристите е […]

Во Црна Гора разрешен и претседателот на собранието


  Црногорскиот парламент го разреши досегашниот претседател Алекса Бечиќ кој го извршуваше таа функција 17 месеци. За разрешување гласаа 43 присутни пратеници (коалицијата „Црно-бело“ и опозицијата), 36 беа против (Демократи, Демос, ДФ, ПзП, СНП, Вистинска Црна Гора, Обединета Црна Гора и Работничка партија). За време на барањето, самиот Бечиќ изјави дека не сака да се […]

Задолжително поставена зимска опрема за тешки товарни возила на Плетвар


Сите тешки товарни возила кои се движат преку планинскиот превој Плетвар од вечерва од 20 часот мора да имаат поставено зимска опрема, информира АМСМ. Претходно АМСМ соопшти дека на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража од вечерва е воведена забрана за сообраќај на тешките товарни возила. Од […]

СЗО: Ковид-19 го наруши давањето здравствени услуги во над 100 земји во светот


Нарушувања во обезбедувањето на основните здравствени услуги, на пример програмите за вакцинација или третмани за болестите, како СИДА, се пријавени во 92 отсто од 129 земји во светот, покажува најновото истражување на Светската здравствена организација (СЗО) објавено денеска. Истражувањето, спроведено во ноември и декември 2021 година, покажува дека здравствените услуги се „сериозно погодени“ и дека […]

Како Путин го пречека Макрон на свој терен


  Немаше сомнеж дека Емануел Макрон влегол во дувлото на гризли. Седнат на едниот крај на огромната конференциска маса во една од украсените сали за состаноци во Кремљ, со завеси обработени со злато и елабориран дрвен под, францускиот претседател ги понуди своите почетни размислувања за тензичниот воен судир на украинската граница. Од другата страна на […]

Бесими и Бектеши учесници во сообраќајната несреќа кај Владата, нема потешко повредени


Министерот за финансии Фатмир Бесими соопшти дека доцна попладнево службеното возило во кое се превезувал заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, било учесник во сообраќајна незгода.   – Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во Владата беше учесник во сообраќајна незгода која […]

(Видео): Изјави за минималната плата


Проследете ги изјавите за договорот за минимална плата потигнат на денешните разговори меѓу социјалните партнери во рамки на Економско-социјалниот совет.

Ковачевски: Постигнат е договор за минимална плата од 18 илјади денари


Премиерот Димитар Ковачевски вечерва соопшти дека е постигнат договор за минимална плата од 18.000 денари. Со мерката се опфатени околу 80 илјади вработени. Соодносот меѓу минималната плата и просечната плата не треба да биде помал од 57 отсто. Постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите со кој 80 илјади граѓани ќе се […]

(Видео) Погледнете дел од тренингот на Ибрахимовиќ


Челниците и навивачите на Милан со нетрпение ја очекуваат одлуката на Златан Ибрахимовиќ да ја продолжи кариерата. Легендарниот шведски фудбалер има 40 години, а договорот со Милан му истекува за неколку месеци. Техничкиот директор на клубот Паоло Малдини верува дека Ибрахимовиќ ќе го продолжи договорот. „Ибрахимовиќ знае што сака, никогаш не глуми. Тој знае каков […]

Десет пати се намалува казната за клевета и навреда на новинари


Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета се пишуваше во координација со здруженијата на новинари, Советот за етика во медиуми и останатите здруженија и се бараше најдоброто решение и законскиот текст беше правен инклузивно, порача вицепремиерот за европски прашања и поранешен министер за правда, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма. Тој додаде дека […]

Самит на Г-7 на 24 февруари посветен на кризата во Украина


Белгија– Лидерите на земјите од Г7 планираат на 24 февруари да одржат виртуелен состанок на кој главна тема ќе биде кризата со Украина, јави Блумберг. Според извор на агенцијата, лидерите на Германија, Франција, Италија, Јапонија, САД, Канада и Велика Британија ќе разговараат за ситуацијата на границата меѓу Русија и Украина и зголемувањето на руските војници […]

Верижен судир на неколку возила пред Влада


Вечерва се случи сообраќајна несреќа на Илинденска ББ, пред Влада.Станува збор за верижен судар на неколку возила, се спомнуваат и министерски. Повредени нема, но повикана била и Брза Помош. Се уште нема официјална потврда за сообраќајката од МВР. 

Петровска: Досега од Армијата не е побарано учество во никаков воен конфликт


Досега од нашата Армија не е побарано учество во никаков воен конфликт. Армијата, односно Министерството за одбрана и безбедносните сили ќе ги следат одлуките на НАТО, при што потсетувам дека како земја членка на Алијансата рамноправно учествуваме во донесување на одлуките, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во врска со можноста наши војници да бидат […]

Борел: Европа се наоѓа во најопасниот момент по Студената војна


Европа се соочува со најсериозната закана по нејзината безбедност од завршувањето на Студената војна, предупреди денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. Борел, сепак, нагласи дека дипломатското решение со Русија за Украина останува „можно“. -Според мене, ние го доживуваме најопасниот момент за безбедноста во Европа од крајот на Студената војна, рече Борел на заедничката прес-конференција […]

Во Србија стигна „стелт“ подвидот на омикрон сојот


Во Србија во понеделникот е потврден првиот случај на корона вирусот „стелт омикрон“, подвид на омикрон варијантата на корона вирусот SARS-CoV-3. Присуството на стелт омикрон кај два примерока на пациенти од Нови Пазар е потврдено со техниката на секвенционирање на Медицинскиот факултет. Присуството на оваа подваријанта, како што се наведува, е присутна во повеќе од […]

Сали: Трета доза вакцина и најсигурниот штитник, пациентите со коморбидитети да се обратат кон вакциналните пунктови


Бројот на граѓаните кои примиле прва доза на вакцина против Ковид-19 не е доволен, но уште понезадоволително е тоа што е многу мал бројот на оние кои примиле трета доза, која е најсигурниот штитник особено за пациентите со коморбидитети, изјави вечерва министерот за здравство Беким Сали, упатувајќи апел до ова група граѓани што побрзо да […]

Стража и патот крак Маврово – Дебар затворени за сообраќај на тешките товарни возила


На патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража од вечерва е воведена забрана за сообраќај на тешките товарни возила, соопштија од АМСМ. Воедно, од таму препорачуваат на прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини […]

Пристигнаа 250 илјади дози „Фајзер“ како донација од Италија


Вкупно 250 илјади дози вакцина против Ковид-19 од производителот „Фајзер“ пристигна денеска во земјава, како прв дел од донацијата од Италија, што се реализира преку механизмот Ковакс и УНИЦЕФ, а в среда се очекува да пристигне и втората пратка. Министерот за здравство Беким Сали се заблагодари за донацијата на италијанската влада и им порача на […]