Десет пати се намалува казната за клевета и навреда на новинари


Фото: Б. Грданоски

Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета се пишуваше во координација со здруженијата на новинари, Советот за етика во медиуми и останатите здруженија и се бараше најдоброто решение и законскиот текст беше правен инклузивно, порача вицепремиерот за европски прашања и поранешен министер за правда, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека главна карактеристика на законот е дека за десет пати се намалува казната за клевета и навреда на новинари.

Маричиќ истакна дека е штета овој закон, кој носи вистинска либерализација во слободата на изразување, да добие негативно мислење поради технички пропуст.

– За овој закон се направени брифинзи и со новинари и со експерти и законското решение го доби нивниот печат во фазата на подготвување. Спремни сме да ги исправиме овие дефекти, рече Маричиќ, кој најави дека најверојатно утре од Владата ќе биде повлечен предлог-законот и ќе бидат исправени пропустите во него.