Задолжително поставена зимска опрема за тешки товарни возила на Плетвар


Сите тешки товарни возила кои се движат преку планинскиот превој Плетвар од вечерва од 20 часот мора да имаат поставено зимска опрема, информира АМСМ.

Претходно АМСМ соопшти дека на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража од вечерва е воведена забрана за сообраќај на тешките товарни возила.

Од Сојузот препорачуваат на прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.