Џеј Ло на насловницата на „Ролингстоун“ со силна модна порака (фото)


САД- Џенифер Лопез ја краси насловницата на мартовското издание на „Icons and Influences“ на престижниот „Ролингстоун“ со неверојатни стилски изгледи од висока мода. 

Пејачката и актерка е актуелна со  нејзиниот нов филм „Marry Me“ кој е во кината од 11 февруари. Во Македонија филмот доаѓа во Синеплекс од 10 февруари. 

Во насловната приказна, Лопез открива како „ги прекршила сите правила за да стигне до врвот“. Таа вели дека нејзиното мото отсекогаш било „F-k it“. Додека таа се отвораше за нејзиниот пораст на славата, таа „се трудеше да не каже премногу“ за нејзината обновена романса со Бен Афлек.

„Нема да зборувам за тоа. И двајцата пораснавме. Ние сме исти, и ние сме различни. И тоа е она што е убаво“, изјави таа за магазинот.

Лопез за „Ролингстоун“ позираше во црна, бела и во крем провокативна облека на Балман и на високи штикли со платформи и салонки. (Фашиониста)