Февруарските пензии ќе се исплаќаат од 24 февруари


Владата на денешната седница ја усвои информацијата според која февруарските пензии ќе бидат предвреме подготвени за готовинска исплата во четири групи почнувајќи од 24 февруари 2022 година до 01 март 2022 година, а средствата за пензиите преку банкомати и трговска мрежа да бидат достапни од 24 февруари 2022 година. Готовинската исплата на пензиите ќе се […]

Украина, Западен Балкан, снабдувањето со природен гас теми на средбата на Мицотакис со бугарската делегација предводена од Василев  


Заедничката поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, ја истакнале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев, кој ја предводи бугарската владина делегација во Грција за време на денешната средба во Атина, на која станало збор и за случувањата во Украина, билатералната соработка, како и снабдувањето со гас, јави […]

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на Стража и патот крак Маврово – Дебар


Поради врнежи од снег денеска од 14:15 часот е воведено забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец А2 Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, информираат од АМСМ. Од 14:20 воедно е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила и на патниот правец крак Маврово – Дебар. 

Убиениот битолчанец во 2018 бил кривично гонет за семејно насилство врз сопругата


  БИТОЛА – Битолчанецот Стојанче Соколов (44), кој вчера беше убиен од дедото при обид да изврши насилство со мачета врз својата поранешна сопруга и во 2018 бил кривично гонет за семејно насилство врз сопругата. Според податоците од СВР Битола тој пред 3 години ѝ нанел телесна повреди на својата сопруга по што таа го […]

Од 1 март промена на правилата за патување во ЕУ од трети земји


Советот на ЕУ денеска усвои ажурирана препорака за привремени ограничувања за патувања кои не се клучни во ЕУ и ќе важат од 1 март.   Како што се истакнува, ќе се применуваат ограничувања поради Ковид во согласност со состојбата во третата земја и индивидуалниот статус на лицето кое патува.   „Членките на ЕУ треба да […]

Радуловиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром


Дарко Радуловиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска му беше прекината соработката со клубот од Аеродром. – Главна причина за ваквата одлука на управата на клубот е неосвојувањето на трофејот во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, каде што бевме поразени во финалето од ТФТ (66-80). Тој дојде во нашиот табор пред почетокот на […]

Пендаровски: Цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина


Претседателот Стево Пендаровски изрази цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. – Поредокот базиран на меѓународното право е основа во меѓународните односи, чии принципи мора да се почитуваат. Грубото кршење на меѓународното право е закана за цивилизацијата, објави Пендаровски на социјалната мрежа Твитер. Претходно и премиерот Димитар Ковачевски ја осуди одлуката на Руската […]

Зеленски: Веруваме дека нема да има голема војна против Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски не гледа зголемен ризик од војна и покрај тоа што Русија ги призна самопрогласените републики на исток. -Веруваме дека нема да има голема војна против Украина, рече украинскиот лидер во Киев по средбата со естонскиот колега Алар Карис. Тој додаде дека во случај на дополнителна ескалација ќе биде воведена вонредна состојба […]

Од 800 тестирани деца во училиштата само осум позитивни на корона вирусот


 Од 800 тестирани деца во училиштата, само осум биле позитивни на корона вирусот, информира денеска портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ. – Скринингот во училиштата сè уште не е целосно завршен. Треба да ја имаме онаа бројка која ја ветивме на почеток, репрезентативен примерок од 1800 или 2000 испитаници. Интересот беше голем. […]

Предложено укинување на задолжителниот ПЦР тест при излез од земјава


 Укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени предложи Комисијата за заразни болести. Овие две мерки денеска на прес-конференција ги соопшти портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ, кој посочи дека нив ги донела Комисијата денеска на состанок и […]

Велика Британија воведе санкции за пет руски банки и тројца олигарси


Велика Британија денеска експресно воведе санкции за пет руски банки и три лица, соопшти премиерот Борис Џонсон. Тој во говорот пред пратениците во Долниот дом на парламентот додаде дека ова е само првиот пакет санкции и оти тие ќе бидат проширени доколку ситуацијата ескалира. Станува збор за банките „Росија“, „ИС Банка“, „Генерал банка“, „Промсвјазбанк“ и […]

Минатата година во државава идентификувани 48 жртви на трговија со луѓе, од кои шест деца


Во државава минатата година биле идентификувани 48 жртви на трговија со луѓе, од кои 39 по потекло од Тајван, а останатите девет биле деца, посочи денеска заменик-народниот правобранител Јован Андоновски на онлајн-конференцијата по повод Европскиот ден на жртвите од криминал, 22 февруари, во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“. Андоновски информира дека од деветте […]

Епидемилошката ситуација се смирува, но остануваа потребата од сертификати


Во наредниот период треба да очекуваме дека ќе се стабилизира епидемиолошката ситуација во државата. Веќе се наоѓаме во онаа надолна крива на епидемиолошката состојба, истакна денеска портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарски прашања. Тој претходно на прес-конференција ги соопшти двете нови мерки кои ги предложи Комисијата по одржаниот состанок, а […]

Бесими – Хан: Поддршката од ЕУ значајна за одржлив економски раст


Зелената транзиција, енергетската ефикасност, зајакнувањето на човечкиот капитал како главни приоритети во следната тригодишна Програма на економски реформи, како и инвестициите поддржани со Интервентниот инвестициски план и можноста за нивно финансирање со поддршка од ЕУ, беа темите за коишто во Брисел разговараа министерот за финансии Фатмир Бесими и еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан. […]

Владата ги ограничи трговските маржи на основните прехранбени производи


Владата на предлог на Министерството за економија на денешната седница донесе Одлука за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало што ќе важат од 1 март до 31 мај годинава. Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена […]

Македонските Бугари пак отидоа кај Радев, тој бара да се промени уставот пред почетокот на преговорите со ЕУ


    Откако разговорите за новиот пристап во односите меѓу Бугарија и Македонија ја фатија динамиката, делегација на македонските Бугари повторно замина во Софија на средба со претседателот Румен Радев за да побара гаранции од бугарската држава дека ќе се грижи за нив. Радев ги повика владите на Бугарија и Македонија, заедно со продлабочувањето на […]

Фоторепортажа: Скопјани со „слалом“ од Католичка до Универзална


Малку дожд и скопските улици се претвораат во невозможна мисија за пешаци. Треба да се внимава некој возач да не те испрска, да не згазите во вирче, да не поминете под олук… Тротоарите, наменетеи за безбедно поминување на пешаците, најмалку им го овозможуваат тоа на скопјани.  Во продолжение видете ги фотографиите од една обична прошетка […]

Славески вели дека инфлацијата може да го загрози девизниот курс на денарот


  По апокалиптичните сценарија за зголемување на цената на струјата од најмалку 40 отсто, дека граѓаните на Скопје ќе останат без парно греење и за енормен пораст на инфлацијата, од ВМРО-ДПМНЕ сега се насочија кон девизниот курс на денарот. Трајко Славески, универзитетски професор и актуелен претседател на Советот на Град Скопје и член на ИК […]

(Видео) Жириновски лани: Русија повторно ќе стане голема, ќе почувствувате на 22.2.2022


  Видео со снимката од говорот на ултранационалистичкиот руски политичар и претседател на Демократската партија Владимир Волфович Жириновски, се шири по социјалните мрежи. Говорот го одржа лани на 27 декември, во руската Дума. „Во 4 часот наутро на 22 февруари ќе ја почувствувате нашата нова политика. Би сакал 2022 година да биде мирна. Но ја […]