ЕУ воведе санкции против Русија, построги отколку што се очекуваше


  ЕУ воведува нови санкции против Русија со оглед на ескалацијата во украинскиот конфликт од страна на Владимир Путин. На посебен состанок во Париз во вторникот, министрите за надворешни работи на 27-те земји членки го одобрија соодветниот предлог на Комисијата на ЕУ и на Службата за надворешни работи. Казнените мерки се очекува да стапат на […]

(Видео) Заложничка криза во продавница на „Епл“ во Амстердам


  Полицијата и другите итни служби во Амсердам излегоа на терен поради заложничка криза во продавница на „Епл“, јавија локални медиуми и сведоци. Засега нема повеќе информации за инцидентот. BREAKING: Hostage situation in the Apple store in #Amsterdam ( Video credit @remcovoogt ) pic.twitter.com/j7XXoIv0qJ — News_Executive (@News_Executive) February 22, 2022 Имено, заложничката драма почнала околу […]

Србија ја снабдувала хунтата во Мјанмар со ракети и после државниот удар


  Експерт на ОН за човекови права објави извештај во кој именува три земји како добавувачи на оружје за воената хунта во Мјанмар, иако има „целосно знаење“ за нападите врз цивили. Членовите на Советот за безбедност на ОН, Кина и Русија, како и Србија ѝ обезбедуваат на хунтата во Мјанмар борбени авиони кои се користат […]

Дали Кремљ ќе ја финансира воената машина со гасот што ѝ ги продава на Европа?


  Во изненадувачки потег, Германија го запре контроверзниот гасовод „Северен тек 2“ поради упадот на Русија во Украина. Канцеларот Олаф Шолц изјави во вторникот дека побарал од Министерството за економија да го повлече октомврискиот извештај во кој се наведува дека гасоводот не претставува закана за безбедноста на снабдувањето. „Ова звучи техничко, но тоа е неопходен […]

Лавров мисли дека Украина нема право на суверенитет


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во вторникот се сомневаше дали Украина има право на суверенитет затоа што рече дека владата во Киев не ги претставува составните делови на земјата, пренесе новинската агенција Интерфакс. „Ако зборуваме за принципот на суверенитет и територијален интегритет, еден од клучните документи… е Декларацијата за принципите на меѓународното право […]

Катар: Ниту еден производител не може да го замени рускиот гас во Европа на краток рок


Ниту Катар ниту другите земји-производители немаат капацитет да го заменат рускиот гас со течен природен гас (liquified natural gas – ЛНГ) доколку се прекине снабдувањето поради руско-украинскиот конфликт, предупреди денеска министерот за енергетика на Катар. САД и европските сојузници се подготвуваат да воведат нови санкции кон Русија, кои би можеле да го вклучат рускиот гас […]

Со ограничените трговски маржи ќе се намалат цените на основните прехранбени производи, вели Бектеши


Очекуваме ограничувањето на трговските маржи во трговијата на големо и мало со основните прехранбени производи што ќе почне да важи од 1 март годинава да предизвика намалување на нивните цени откако ќе престане да важи одлуката за замрзнување на цените што важи од 1 декември минатата година, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Во […]

ОКТА и Фондацијата „Чекор по Чекор“ со награда за филантропија за проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“


Компанијата ОКТА и Фондацијата „Чекор по Чекор“ се добитници на наградата за филантропија за 2021 година, за нивното партнерство во проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Наградата ја доделува здружението „Хорус“, кое работи на поттикнување на поголема филантропија, општествена одговорност, култура на донирање, граѓански активизам и социјално претприемништво. Во 2021 година, како резултат на […]

Вучиќ за Украина: Ние малите треба да се скриеме под камен


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Монако изјави дека со принцот Алберт разговарал за позициите на Монако и Србија за прашањето за кризата во Украина и повторил дека политиката на Србија е воена неутралност и дека тоа е трајно уверување на државата и дека Србија строго се придржува до меѓународните правни норми. „Нашата […]

Се чека одговор од Европскиот инвестициски план за четири проекти


Македонија во текот на оваа недела очекува одговор за поднесените апликации за четири проекти за поддршка преку програмата на Европската комисија за поддршка на Западен Балкан. Ова го соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими по завршување на средбите во Брисел, потенцирајќи дека земјата има аплицирано со четири проекти од областа на транспортот, животната средина и […]

ЕУ го најави првиот пакет санкции против Русија


Првиот пакет санкции на Европската унија против Русија поради признавањето на сепаратистичките територии во Украина ќе биде претставен попладнево во Париз, најавија претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Предложениот пакет вклучува мерки против оние кои се вклучени во „незаконската одлука“ и банките кои ги финансираат руските […]

Американската амбасада ја споредува историјата на Киев и Москва


Американската амбасада во Киев се занимава со некои од тврдењата на Владимир Путин околу посебноста на Украина и нејзините историски корени. Притоа споредува одредени години во историјата на Киев и на Москва.

Европа го жнее тоа што го сееше, вели врвниот економист Џозеф Штиглиц


  „Беше многу глупаво Германија и Европа да станат толку зависни од рускиот гас“, рече нобеловецот за економија Џозеф Штиглиц за „Политико“. Штиглиц рече дека стремежот за „најниска цена на гасната енергија на краток рок, без размислување за ризиците што би можеле да бидат повлечени“ – особено од Германија – „рефлектираше неуспех на пазарот… пазарите […]

Влада: МНР да ja осигурa безбедноста на нашите членови во мисијата на ОБСЕ во Украина


Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина и го задолжи Министерството за надворешни работи во координација со надлежните институции да ги преземе сите потребни мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Република Северна Македонија при Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина. Министерот за надворешни […]

СДСМ ја демантира Арсовска: Проектот за Универзална е безбеден и одобрен


СДСМ ги отфрли наводите на градоначалничката на Скопје, данела Арсовска, дека реновирањето на Универзална сала било забавено затоа што проектот бил небезбеден и ја обвини дека ја лаже јавноста и  ја покажува својата неспособност.   „Откако го стопираше проектот за иградба на Универзална сала и двомесечен молк за причините заради кои го стопирала проектот, денес […]

Шест експлозии во центарот на Доњецк


Шест експлозии одекнаа денеска во центарот на градот Доњецк, во источна Украина, што е под контрола на проруските сили, јавија британските медиуми. Агенциите јавуваат дека не е познато што е причината за експлозиите. Неименуван дипломатски извор претходно изјави дека и натаму продолжуваат меѓусебните гранатирања на линијата на контакт меѓу силите на украинската Влада и проруските […]

Кризата во Украина нема да го загрози снабдувањето со гас на Србија


Србија поради украинската криза не би требало да има проблеми со увозот на неопходните количини природен гас од Русија, оценија денес генералниот директор на Србијагас, Душан Бајатовиќ и претседателот на Собранието на Здружението за гас на Србија, Воислав Вулетиќ, јави допсиникот на МИА од Белград. -Србија не треба да биде загрозена во однос на увезените […]

Владата ги донесе измените на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија


Владата на денешната седница донесе измени и дополнување на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година, со цел на сите баратели да им се овозможи еднаков третман при примањето на финансиската поддршка на месечно ниво по корисник во времетраење од 12 месеци. -Според овие промени, најголем дел од вкупните буџетски средства […]

Медведев на Твитер: Европејците ќе плаќаат по 2.000 евра за кубик гас


„Германскиот канцелар Олаф Шолц побара да се прекине сертификацијата на гасоводот „Северен тек 2“. Добредојдовте во новиот свет каде Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за илјада кубни метри гас“, напиша поранешниот руски премиер и претседател Дмитриј Медведев на Твитер, пренесен од руските медиуми. Шолц претходно денеска објави дека Германија презела чекори за запирање на процесот […]

Со корона вирус заразени уште 848, а починаа вкупно 22 пациенти


Нови 848 КОВИД-случаи од 3506 направени тестови се регистрирани во изминатите 24 часа, од кои 116 се реинфекции.  Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие починале 11 лица и дополнително се пријавени 11  со датум на смрт од 10 до 19 февруари,  согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“. Регистрирани […]