СДСМ ја демантира Арсовска: Проектот за Универзална е безбеден и одобрен


Фото: Б. Богдановска
СДСМ ги отфрли наводите на градоначалничката на Скопје, данела Арсовска, дека реновирањето на Универзална сала било забавено затоа што проектот бил небезбеден и ја обвини дека ја лаже јавноста и  ја покажува својата неспособност.
 
„Откако го стопираше проектот за иградба на Универзална сала и двомесечен молк за причините заради кои го стопирала проектот, денес излезе со целосна лага во јавноста. Целосно е неточно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден. Проектот е професионално сработен и одобрен низ повеќе постапки од стручни лица и целосно е безбеден.
 
Самиот проект уште на почетокот е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен и тоа одобрување Град Скопје го има“, вели во соопштението СДСМ. 
 
Оттаму додаваат дека проектот бил партен и одобрен и од Институтот за сеизмолошки истражувања. „Надзорот на изградбата ги има исто така одобрено сите градежни зафати. Не постои ниедна постапка или процедура за изградба на Универзална сала која не е запазена во целост. Записници за технички решенија во тек на градба не се и не може ‘градежен безбедносен проблем’ да бидат оправдување за неспособноста на Арсовска.
 
Јавно ја прашуваме, што се крие зад стопирање на проектот? 
 
Која е вистината, има ли бизнис интереси Арсовска и нејзиниот шеф Христијан Мицкоски од блокирањето на сите проекти започнати од власта на СДСМ?“, вели СДСМ.