Со корона вирус заразени уште 848, а починаа вкупно 22 пациенти


Фото: Б. Грданоски
Нови 848 КОВИД-случаи од 3506 направени тестови се регистрирани во изминатите 24 часа, од кои 116 се реинфекции.  Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие починале 11 лица и дополнително се пријавени 11  со датум на смрт од 10 до 19 февруари,  согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“. Регистрирани се 1369 оздравени пациенти, а активни има  5775 случаи во државата.
 
Од новите 848 дијагностицирани, над половината (451) се од Скопје, Кавадарци – 50, Битола – 43, Велес – 39, Прилеп – 37, Куманово – 33, Кичево – 30, Тетово – 23, Радовиш – 18, Струга – 15, Гостивар и Неготино по 13, Гевгелија – 11, Кочани и Ресен по 10, Дебар – девет, Охрид, Крива Паланка и Валандово имаат по шест нови случаи, Струмица – пет, Штип, Демир Хисар и Македонски Брод по три, Делчево, Берово и Демир Капија по два и по еден новозаразен имаат Свети Николе, Богданци, Кратово, Македонска Каменица и Пехчево.
 
Во текот на изминатите 24 часа починале 11 лица: четири од нив се од Скопје (72г, 78г, 79г и 80г),  три починати лица се од Штип (77г, 84г и 90г) и по едно починато лице е од Битола (69г), Куманово (52г), Кочани (70г) и Струга (83г). Сите се починати во болнички услови.
 
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 11 починати лица: три починати од Скопје, две лица од Штип и по едно починато лице од Битола, Велес, Богданци, Демир Хисар, Крива Паланка и Охрид. Тие се на возраст од 64 до 87 години, а за починати се пријавени во периодот од 10 до 19 февруари 2022. Пет починале во домашни услови, а шест во болница.
 
Од сите 22 починати лица, кај 21 се регистрирани коморбидитети.
 
Од 1369-те оздравени пациенти, од Скопје се 920, Куманово – 49, Велес – 48, Битола – 43, Струмица – 41, Кавадарци – 36, Тетово – 35, Штип – 22, Прилеп и Кичево по 21, Гостивар – 20, Дебар – 17, Неготино – 14, Струга – 13, Кочани и Свети Николе по 10, Охрид – девет, Гевгелија – осум, Ресен – шест, Крива Паланка и Берово по пет, Радовиш – четири, Пехчево – три, Валандово, Делчево и Демир Капија по двајца оздравени и по еден од Македонски Брод, Кратово и Виница.
 
Епидемиолошки анализи на вкупен број заболени и на вкупен број активни случаи по градови:
 
Скопје 136.376, Активни 3.156
Куманово 16.060, Активни 256
Битола 14.100, Активни 301
Прилеп 13.468, Активни 204
Тетово 13.323, Активни 191
Кавадарци 10.053, Активни 223
Гостивар 9.341, Активни 92
Велес 9.333, Активни 247
Охрид 8.460, Активни 128
Штип 7.877, Активни 59
Струмица 7.874, Активни 128
Кичево 5.356, Активни 108
Кочани 4.919, Активни 54
Струга 4.634, Активни 66
Гевгелија 4.177, Активни 89
Неготино 3.599, Активни 94
Свети Николе 2.615, Активни 26
Ресен 2.564, Активни 61
Радовиш 2.491, Активни 64
Крива Паланка 2.356, Активни 31
Делчево 1.881, Активни 13
Берово 1.707, Активни 12
Дебар 1.609, Активни 39
Валандово 1.522, Активни 23
Виница 1.362, Активни 10
Пробиштип 1.282, Активни 5
Богданци 992, Активни 27
Кратово 927, Активни 18
Крушево 875, Активни 12
Демир Хисар 814, Активни 15
Македонски Брод 685, Активни 9
Демир Капија 544, Активни 7
Македонска Каменица 520, Активни 1
Пехчево 457, Активни 6
Дојран 254, Активни 0
 
Вкупниот број дијагностицирани на  Ковид-19 од почетокот на епидемијата во земјава достигна 294 407 од направени вкупно 1 874 917 тестирања. Оздравени пациенти се 279 695,  починати 8937 а  активни има 5775 случаи.