Почина музичарот Марк Ланеган


Влијателниот рок-музичар Марк Ланеган почина на 57-годишна возраст во својот дом во Киларни, Ирска. Смртта на гранџ-иконата беше потврдена и на неговиот Твитер-профил. „Нашиот сакан пријател Марк Ланеган почина утрово во својот дом во Ирска. Омилениот пејач, текстописец, писател и музичар имаше 57 години, а зад себе ја остави сопругата Шели. Засега нема други информации“, […]

„Мегарон инженеринг“ и СДСМ: Проектот за Универзална сала е стручен и целосно безбеден


Градоначалничката Данела Арсовска, откако го стопираше проектот за изградба на Универзална сала, по двомесечен молк за причините поради кои го стопирала проектот, вчера ги излажа граѓаните, дека проектот е небезбеден, тврдат од владејачката СДСМ, но и од фирмата која го изработи проектот. – Не е точно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден. […]

Херој од работничката класа? Поранешно момче од фабрика има за цел да биде претседател на Јужна Кореја


Културните хитови од Нетфликс како „Игра со лигњи“ и оскаровецот „Паразит“ ја подигнаа сввесноста за нееднаквоста на Јужна Кореја на глобална важност, а еден кандидат за претседател тврди дека неговите корени од работничката класа го прават најдобриот човек што ќе го поправи расипаниот систем. Поранешното дете работник во фабрика Ли Џае-Мјунг, кое го напуштило училиштето […]

Ѓоковиќ не може да влезе во САД и да игра во Индијан Велс


Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ изјави дека не може да влезе во САД за да учествува на турнирот во Индијан Велс. – Засега ситуацијата е таква што нема да можам да учествувам на турнирот. Ајде да видиме како ќе биде. Мислам дека околностите може да се променат во следните неколку недели, ја цитира изјавата на […]

Германскиот филм „Голи меѓу волците” вечерва во Кинотека


Гете-институт Скопје, вечерва во Кинотека на Северна Македонија, организира прикажување на третиот од серијата германски филмови на тема „​солидарност“ – „Голи меѓу волци“ на режисерот Франк Бајер. Како што информираат од Кинотеката, ова е првиот германски филм, којшто ја разработува темата за животот и смртта во еден концентрационен логор, раскажува за организираниот отпор на политичките […]

„Моќната грчка армија“ се пофали дека ги хакирале сајтовите на неколку македонски банки, ТТК вели успешно се справиле


Грчките хакери од „Моќната грчка армија“ вечерва објавија на Твитер дека извршиле хакерски напади врз неколку македонски банки. Според хакерите, нападнати биле ТТК Банка, Централна кооперативна банка, УНИ Банка, Прокредит банка и Стопанска банка АД Битола, Шпаркасе, Комерцијална и други. Успешно е спречен хакерскиот напад на кој беше изложена интернет страницата на ТТК банка. Имено, […]

Засега само Никарагва и Сирија ја поддржуваат Русија


  Руското министерство за надворешни работи ги повика другите земји да го следат примерот и да ги признаат териториите под контрола на сепаратистите во источна Украина како независни држави. Во вторникот вечерта само Никарагва и Сирија изјавија дека ја поддржуваат одлуката на Москва да ги признае Донецк и Луганск како независни републики, но сѐ уште […]

ОН: Светот мора да се подготви за повеќе екстремни шумски пожари


Бројот на големите шумски пожари низ светот драстично ќе се зголеми во наредните децении поради глобалното затоплување, а владите не се подготвени за справување со последиците од уништувањата од таквите екстремни пожари, предупредија ОН. Дури и најамбициозните напори за ограничување на емисиите на стакленички гасови нема да спречат драматичен пораст на зачестеноста на екстремните услови […]

Откако ги призна самопрогласените репблики Путин вели дека е подготвен да бара „дипломатски решенија“


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена да бара „дипломатски решенија“ и покрај зголемените тензии со Западот околу Украина, но нагласи дека за интересите на државата не се преговара. – Нашата земја е секогаш отворена за директен и искрен дијалог, за барање дипломатски решенија за најсложените проблеми, истакна Путин во видео обраќањето по […]

Сообраќајот по претежно влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со […]

Трета недела по ред се намалува бројот на заразени и смртни случаи од Ковид-19


Бројот на нови случаи на заразени со коронавирусот во светот е намален за 21 отсто во изминатата недела, односно трета седмица по ред, соопшти Светската здравствена организација. Во својот неделен извештај, СЗО наведе дека минатата недела имало повеќе од 12 милиони новозаразени со Ковид-19. Минатата недела во светот починаа осум отсто помалку луѓе, или околу […]

Годишно собрание на МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одржи Редовно годишно собрание кое ќе биде отворено со експозе на претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев за Академијата во 2021 и предизвиците во оваа година. На дневен ред се Предлог-извештај за работата на МАНУ во 2021 година и Предлог-програма за работата во 2022 година поднесени […]

Јапонија и Австралија со санкции кон Русија


Јапонија и Австралија објавија дека воведуваат економски санкции кон Русија поради признавање на самопрогласените републики во источна Украина, откако истата одлука претходно ја донесоа Велика Британија, Европската унија, САД и Канада. Јапонските санкции вклучуваат забрана за издавање руски обврзници во Јапонија и замрзнување на имотот на одредени поединци, како и ограничување на патувањето во Јапонија, […]

Блинкен ја откажа средбата со Лавров


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен објави дека ја откажал средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, закажана за в четврток. Блинкен на заедничката прес-конференција со украинскиот колега Дмитриј Кулеб во Вашингтон изјави дека се согласил да се сретне со Лавров минатата недела за да разговараат за безбедносните прашања во Европа, „но само доколку […]

Променливо облачно и ветровито


Времето денеска ќе биде променливо облачно со намалена облачност попладне и особено во јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието кој наместа ќе достигнува над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 5 до 13 степени. Според прогнозата на УХМР, […]

Зеленски: Нема општа мобилизација


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека воените резервисти примиле повик, но исклучи генерална мобилизација откако Русија објави дека ќе испрати војска на истокот на Украина. Зеленски синоќа изјави дека ќе продолжи да бара дипломатско решение за кризата и ја поздрави подготвеноста на Турција да учествува во мултилатералните разговори, но нагласи дека Украина нема да […]

Ќе се прифати ли предлогот бремените да се вратат на работа


Две мерки вчера предложи Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени. По одржаниот состанок Комисијата, како што образложи на прес-конференција нејзиниот портпарол Злате Мехмедовиќ, ги доставила предлозите до […]

Пратениците трет ден ќе расправаат за измените на Законот за минимална плата


Во Собранието денеска треба да продолжи дебатата за Предлог-измените на Законот за минимална плата. Собраниската расправа трае трет ден. Со ова законско решение, минималната плата од март треба да се зголеми на 18.000 денари од сегашните 15.200 денари. Очекувањата се дека ќе бидат опфатени околу 80.000 работници кои веќе во април ќе земат зголемена минимална […]

„Никој нема да нѐ прави будали“ рече Бајден, објавувајќи тврди санкции против руски банки и олигарси


  Претседателот Џо Бајден нареди тешки финансиски санкции на САД против руските банки и олигарси во вторникот, засилувајќи ја конфронтацијата на Западот со Москва, додека руските пратеници го овластија претседателот Владимир Путин да користи воена сила надвор од нивната земја. Бајден, во краткото обраќање од Белата куќа, го обвини Путин за флагрантно кршење на меѓународното […]

Германија размислува за изградба на терминал за ЛНГ


По руско-украинската криза и запирањето на проектот за гасоводот Северен тек 2, во Германија се забрзуваат подготовките за изградба на инфраструктура за течен гас (ЛНГ) и пред сè терминал за ЛНГ што треба да се изгради во близина на Хамбург. – Украинската криза, но и поскапувањето на енергенсите ни покажаа дека Германија мора да биде […]