Петков: Нема да дозволам провокации на штета на односите со Северна Македонија


Нема да дозволам провокации да им наштетат на односите со Северна Македонија, изјави премиерот на Бугарија Кирил Петков за медиуми во Народното собрание каде во тек е расправа за второто читање на буџетот. Како што јави дописникот на МИА,  тој изјавата ја даде запрашан за фотографиите на кои тој е со американскиот државен секретар Ентони […]

Фатен крадец кој се обиде да ограби аптека


Во вторникот, во 21.40 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(31) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 21.15 часот во аптека на бул.„Борис Трајковски“ со употреба на сила кон вработената се обидел да одземе пари од дневниот промет. Ф.М. бил приведен во полициска станица и […]

Поставени заштитни столпчиња на улицата „Франклин Рузвелт“


По налог на Град Скопје, а по пристигнати барања преку е-поштата на 24 часа отворен град, екипите на ЈП „Улици и патишта“ поставија заштитни столпчиња за зголемување на безбедност на пешаците на улицата „Франклин Рузвелт“. На потегот од крстосницата со улицата „Орце Николов“ до булеварот „Партизански одреди“ од десната страна, досега се поставени околу 30 […]

Италијанските претставници на Евровизија се соблекоа голи и ги полудеа жените


Годинешните претставници на Италија на Евровизија, пејачите Махмуд и Бланко, се појавија на насловната страница на италијанското издание на магазинот „Венити фер“ (Vanity Fair) целосно голи. Дуото кое победи на италијанскиот музички фестивал во Санремо со песната „Бривиди“, интимните делови ги покриваше само со дланките, а со извајаните тела ги полудеа жените. Фотографијата со која […]

Од 1990 година Шумската полиција поднела илјадници кривични против дрвокрадци, надлежните процесирале 50-тина


Илјадници кривични и прекршочни пријави биле поднесени од Шумската полиција и од национални шуми против дрвокрадци во последните три децении, но јавните обвинителства и судовите успеале да завршат само педесетина. Имено, од 2010 до 2020 година поднесени се голем број кривични пријави односно 2.380, од шумската полиција до јавното обвинителство поднесе се 18.750 прекршочни, од […]

Град Скопје поднесе кривична против поранешното раководство за прескапо платена веб-страница


Претходното раководство на Градот Скопје платило енормна сума над 75.000 евра за изработка на Официјален веб портал на Град Скопје кој никогаш не профункционирал во целост, односно Градот платил поголема сума од реалната за ваков тип на услуга која не била реализирана како што било предвидено, тври актуелното раководство и поради тоа поднесоа кривична пријава. […]

Цените на гасот на европските берзи во пораст


Цените на гасот во Европа за време на тргувањето денеска се искачија над 960 долари за илјада кубни метри, за првпат од 14 февруари, покажуваат податоците на лондонската берза ИЦЕ. Цената на мартовските фјучерси во центарот ТТФ во Холандија се искачи на 960,6 долари за 1.000 кубни метри, или 82 евра за мегават-час. Вкупното поскапување […]

(ВИДЕО) Зверев полуде на тениски меч и со рекет удираше кон судијата


На АТП турнирот Абиерто Мексикано во Акапулко се случи невидена сцена во светот на тенисот. Германскиот тенисер Александар Зверев удираше кон судијата со рекет и беше исфрлен од турнирот. Третиот тенисер во светот е повлечен од АТП тенискиот турнир во Акапулко поради „неспортско однесување“, објави во средата Тур. Зверев, кој игра во пар со Бразилецот […]

Застарени процедури, цени и достава – причини за незадоволство од поштенските услуги


Главни причини за незадоволство од поштенските услуги кај физичките лица во државава се застарени процедури и цените на поштенските услуги, одговор даден од 58 проценти од испитаниците во истражувањето за потребите на корисниците на поштенските услуги, спроведено за потребите на Агенцијата за пошта. Незадоволство со 42 проценти е искажано и поради проблемите со нередовна односно […]

Во Дубаи претставени можностите за инвестирање – Северна Македонија и Западен Балкан со конкуретни мерки за странските вложувачи


Официјалната делегација на Владата, предводена од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, која е во дводневна посета на Обединетите Арапски Емирати, по вчерашното одбележување на Националниот ден во рамките, денеска, во утринските часови, на бизнис конференција во рамки на Експо Дубаи 2020, ги презентираше можностите за инвестирање во земјава. Бизнис конференцијата е поделена на два […]

Половина од Русите сметаат дека Украина треба да се спречи да влезе во НАТО со воена сила


(Си-Ен-Ен) – Додека светот чека да види дали Русија ќе ја нападне Украина, ексклузивната нова анкета на двете земји за Си-Ен-Ен открива дека двојно повеќе Руси веруваат дека би било правилно Москва да употреби воена сила за да го спречи Киев да се приклучи кон НАТО. Еден од секои двајца Руси (50%) вели дека тоа […]

(Фото) Од слатка глумица до трансродов маж: Како изгледа Елиот Пејџ две години од признавањето


Елиот Пејџ, трансродовиот актер, неодамна беше снимен од папараците, кога многумина имаа можност да видат како изгледа по низата промени, операции и промена на полот. Елиот Пејџ на почетокот на декември 2020 година откри дека е трансродов маж. Во понеделникот го прослави својот 35-ти роденден, а е роден како Елен. Се прослави со улогата во […]

Можеме и без руски гас, вели германскиот министер за економија


Министерот за економија на Германија Роберт Хабек изјави дека државата може да функционира и без руски гас, но дека тоа нема да биде лесно. Европската индустриска централа моментално се потпира на руската компанија „Газпром“ за повеќе од половина од својот гас. Добавувачот број 2, Норвешка веќе работи со целосна сила, а Германија нема средства за […]

И рускиот амбасадор во САД се заканува со високи цени на енергенсите


  Рускиот амбасадор во Соединетите Држави возврати на воведувањето на санкциите наметнати од американскиот претседател Џо Бајден, сугерирајќи дека овој потег ќе им наштети на глобалните финансиски и енергетски пазари, како и на обичните граѓани. Според објавата на страницата на Фејсбук на руската амбасада рано во средата, амбасадорот Анатолиј Антонов рече: „Санкциите нема да решат […]

Најпознатиот „свингерски“ клуб во Лондон пред затворање


 Еден од најпознатите „свингерски“ клубови во Велика Британија – „Атик“ (The Attic) во градот Дерби, Англија, наскоро ќе ги затвори вратите. Клубот има околу 20 вработени, 43 специјално опремени секс-соби, кино за возрасни, а се говори и дека имале и до 500 гости дневно. Се организираат и тематски вечери. Најчесто, според концептот на „свингерството“, влезот […]

Украинската војска издаде наредба за мобилизирање резервисти


Украинската војска издаде денеска наредба за мобилизирање резервисти, откако Русија им нареди на своите сили да се подготват за обезбедување на областите под контрола на бунтовниците во источниот дел на земјата. „Ќе бидат повикани резервисти на возраст од 18 до 60 години… Повикот ќе започне денеска. Максимално ќе бидат ангажирани една година“, соопштија украинските копнени […]

(ВИДЕО) Новинар стана хит на интернет – погледнете како течно известува од Украина на шест јазици


Полиглотот Филип Кроутер, новинар кој известува за ситуацијата во Украина, го привлече вниманието на многумина – затоа што зборува дури шест јазици! Обраќајќи им се на различни новински организации ширум светот, тој детално ги опиша новите настани на англиски, луксембуршки, шпански, португалски, француски и германски, пишува Хафингтон пост. Видеото стана вирално на социјалните мрежи и […]

МТСП: Утре започнува етапната исплата на февруарските пензии


Од утре, 24 февруари, започнува етапната исплата на февруарските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19, информираат денеска од Министерството за труд и социјална политика. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат […]

Радован Павловски, еден од најбрилијантните поети, почина на 84 години


  Радован Павловски, човекот чија поезија создаде цел еден правец во македонската и југословенската литература и беше еден од најсјајните претставници на модерната, почина вчера на 84 години. Веста ја соопшти Македонската академија на науките и уметностите, чиј редовен член беше од 2006 година. Роден во 1937 година во Ниш, Кралството Југославија, Павловски заедно со […]

Хороскопски знаци кои не трпат критики


Ова се хороскопски знаци кои не трпат критики! Постојат хороскопски знаци кои не можат да издржат критика, дури и кога таа е добронамерна и конструктивна. Ако им кажете нешто, нивните системи за самоодбрана ќе се запалат и ќе се претворат во напад врз вас! Тие одат дотаму што стануваат токсични ако не го решат проблемот […]