Од 1990 година Шумската полиција поднела илјадници кривични против дрвокрадци, надлежните процесирале 50-тина


Фото; Б. Грданоски

Илјадници кривични и прекршочни пријави биле поднесени од Шумската полиција и од национални шуми против дрвокрадци во последните три децении, но јавните обвинителства и судовите успеале да завршат само педесетина.

Имено, од 2010 до 2020 година поднесени се голем број кривични пријави односно 2.380, од шумската полиција до јавното обвинителство поднесе се 18.750 прекршочни, од Национални шуми поднесени се 2.637 кривични пријави, а прекршочни повеќе од 11 илјади. Но, сепак, во работата на јавните обвинителства од 1990 година до 2020 за четири градови, ситуацијата е прилично загрижувачка: за Прилеп истражувачите не добиле податоци за постапување на јавните обвинителства и резултатите од работата на судовите. Во Струмица процесирани се 16 кривични предмети во последните 30 години, во Гевгелија ниту еден не бил комплетиран, а во Велес 26.

Ова го покажува вториот дел од истражувањето „Истоштени шуми – мапирање на организиран криминал во форма на нелегална сеча“, спроведено од Центарот за европски стратегии – Евротинк.

На завршната активност во рамките на проектот „Вертикално спротивставување на нелегална сеча во Северна Македонија“ кој е во последната фаза од неговото спроведување, Александар Стојановски постар истражувач во Евротинк, рече дека првото истражување беше спроведено во 2020 година, а беа опфатени девет градови во државата.
– Во ова продолжение на истражувањето се опфатени четири градови, Прилеп, велес, Струмица и Гевгелија, кадешто беше истражувано уништувањето на дрвната маса и шумите во ове четири геграфски региони. По истражувањето од 2020 година, формирано е координативно тело за решавање на криминалот со бесправната сеча на шуми во рамки на државата. Со објавата на претходниот ивештај, успеавме да поттикнеме насочена, фокусирана дебата, разговор помеѓу засегнатите страни коишто кои ја имаат задачата да се грижат околу здравјето и состојбата на шумскиот фонд – рече Стојановски.

Во рамки на ова истражување иле анализирани достапни документи и извештаи на материјали коишто се јавно достапни, документи добиени по пат на правото за пристап до јавни информации. Биле испратени вкупно 75, од кои 47 се одговорени.

– На 10 од прашањата добивме одговор дека не поседуваат информации соодветните институции, а за 12 воопшто нема одговори. Исто така, спроведени беа и интервјуа на терен, од каде се собраа информации од лица кои се засегнати за заштита на шумите – рече Стојановски.

Украдени 25.000 метри кубни дрва

Околу 25.000 кубни метри дрва се бесправно исечени, односно украдени од националното богатство во овие  четири општини во последните шест години, покажува истражувањето понатаму.

Ако се земе предвид цената од околу 40 евра за квадратен метар во малопродажбата, тоа значи дека вредноста на украдените дрва е милион евра.

– Има една воспоставена традиција што постепено се менува и добива различни форми. Тоа е повеќеслоен криминал, кој не е сузбиен поради индолентноста на властите пред сѐ на локално ниво. Нашето истражување укажа дека делумно во некои аспекти, организациски и координативни, се вклучени и тие. Интересно е што организираниот криминал е поорганизиран од државата – рече  истражувачот Мариглен Демири.

Што се однесува до мотивите и профилот на сторителите, Демири вели дека тоа е профитот, но пред сѐ катастрофалната социјална состојба на сторителите. Организаторите се оние што се стекнуваат со материјална корист, а самите сторители имаат потреба да обезбедат огрев за своите домови. Тој додава дека некои од организаторите претходно се занимавале со дрога, па се префрлиле на овој нелегален бизнис како побезбеден, оти бесправната дрвосеча се казнува прекршочно, а ретко кога се гони и кривично.

Истражувањето покажува дека овој криминал не само што се прелева од општина во општина, туку е и транснационален имајќи ги предвид организациските структури што се занимаваат со нелегална сеча.

Проектот е финансиски поддржан од страна на Канадскиот фонд за локални иницијативи преку Амбасадата на Канада од Белград и претставува надоврзување на претходно спроведениот проект кој ја третираше оваа проблематика.