ЕУ ќе воведе санкции и за рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу


  Европската унија е подготвена да воведе санкции против рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу како дел од нејзиниот одговор на распоредувањето на трупи од Москва во источна Украина, се вели во нацрт-документот што го видел „Политико“ Во документот, од 22 февруари, се наведени повеќе од 20 лица и ентитети што треба да бидат санкционирани […]

Русија ја евакуира амбасадата во Киев


  КИЕВ – Русија почна да ја евакуира својата амбасада во Киев, а Украина ги повика своите граѓани да ја напуштат Русија во средата додека регионот се подготвува за понатамошна конфронтација откако претседателот Владимир Путин доби овластување да користи воена сила надвор од неговата земја, а Западот одговори со санкции. Надежите за дипломатски излез од […]

Со „Учи паметно, работи стручно“ во Крива Паланка и во Куманово се детектираат потребните профили ученици


Втора година по ред Министерството за образование и наука, локалните самоуправи и бизнис секторот заедно ги детектираат профилите кои недостасуваат во македонската индустрија и економија, со цел правилно да се насочи уписна политика и за учебната 2022/2023 година. Денеска дијалогот „Учи паметно, работи стручно“ продолжи во општините Крива Паланка и Куманово. Заменик министерот за образование […]

Јапонија со грант обезбеди мобилен рентген апарат за болницата во Штип


  Амбасадорот на Јапонија Н.Е. Савада Хиронори потпиша договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ (GGP) со цел да се подобрат основните човекови потреби во Северна Македонија. Проектот за набавка на мобилен рентген апарат на ЈЗУ Клиничка болница Штип во вредност од 50.822 евра, има цел да ја подобри здравствената нега за […]

Судење „Плацови на Водно”: Сослушани Софија Куновска, Дејан Митревски – Урко, Ивона Талевска


  Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за случајот „Плацови на Водно”. Прва беше сослушана актерката Софија Куновска, која рече дека во 2012 година била член на Совет на Град Скопје од советничката група на СДСМ, каде иако гласале против предложениот ГУП на Градот Скопје […]

Германија го зголемува минималецот


  Германската влада донесе одлука за покачување на минималната саатница на 12 евра, соопштија по состанокот на кабинетот. „Со зголемување на минималецот ќе профитираат повеќе од 6 милиони луѓе, пред сѐ жени вработени на истокот на земјата“, рече министерот за труд Хубертус Хеил по редовниот состанок на кабинетот во средата. Хеил рече дека зголемувањето на […]

Норвешка до ЕУ: За гасот можете да сметате на нас


  Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе денеска ги увери своите европски партнери за снабдување со енергија, еден ден откако Германија објави дека ќе го запре гасоводот „Северен тек 2“. Премиерот рече дека додека Норвешка обезбедува 20 отсто од европските потреби за гас, земјата е посветена да продолжи да го прави тоа „со максимум од нашиот […]

Десет месеци затвор за Словенецот што за пари се вакцинираше во името на други лица


Човек во Словенија кој се вакцинираше во името на други луѓе за да добијат ковид пропусници е осуден на 10 месеци затвор поради измама. Парична казна е изречена за четворица мажи кои му платиле за оваа „услуга“. Мажот кој наместо други лица, бил шест пати вакциниран, е осуден на затвор. Тој беше откриен на крајот […]

Стопирањето на „Северен тек-2“ нема да влијае врз цените на гасот, вели потпретседателка на Европската комисија


Европската Комисија ја поздравува одлуката за замрзнувањето на проектот „Северен тек – 2“ и вели дека нема да влијае на цената на гасот, јави дописничката на МИА од Брисел. Потпретседателката на Европската Комисија, Маргарет Вестагер, од Брисел денеска изјави дека одлуката на германската Влада да го суспендира гасоводниот проект „Северен тек -2“ со Русија е […]

„Јуритмикс“: Како ја направивме Sweet Dreams (Are Made of This)


„Во видеото ставивме крава за да ја означиме реалноста. Таа мочаше насекаде“ Во ова продолжение пренесуваме како била снимена феноменалната песна на британскиот бенд „Јуритмикс“ –  Sweet Dreams (Are Made of This). Групата составен од два члена, Дејв Сјуарт и Ени Ленокс, беше во очај и депресија кога се распадна нивниот неуспешен бенд „Туристи“. Оваа […]

Два бронзени медали за македонските сноубордери на меѓународен натпревар


Во тешки временски услови, македонските сноубордери освоија два бронзени медали на меѓународниот ФИС натпревар што се одржа во Босна и Херцеговина. Иван Георгиев освои бронзен медал во категоријата „Slopestyle“, а Марко Петровски го освои вториот бронзен медал во истата дисциплина, во ФИС сениорската категорија. Македонските спортисти кои се дел од Скијачката федерација на Македонија, учествуваа […]

Арсовска ја викна министерката за култура на средба за Универзална сала


Градот Скопје упати покана до министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за присуство на отворена работна средба на која ќе ѝ се презентираат факти за грешките во проектот и техничката документација за текот на работите за реконструкција на Универзалната сала. Откако вчера градоначалничката на Скопје рече дека Универазлната сала се реконструира побавно, затоа што проектот бил […]

Годишно собрание на МАНУ, идниот месец избор на нови членови


Македонската академија на науките и уметностите во 2021 година успешно ја спровела својата обемна и богата научна и уметничка програма, при што биле заокружени 68 национални и меѓународни научноистражувачки и уметнички проекти од разни области, соопшти на редовното Годишно собрание на МАНУ нејзиниот претседател, академик Љупчо Коцарев. Од многубројните настани што ги организирала МАНУ, тој […]

Владата дополнително ќе расправа и ќе одлучи за евентуални санкции кон Русија


Северна Македонија е на линија за постигнување сто проценти усогласеност со надворешната и безбедносната политика на Европската унија во однос на пакетот санкции на ЕУ којшто се најавува против Русија, потврди владиниот портпарол Душко Арсовски. -Владата дополнително ќе расправа и ќе одлучи. За ова јавноста ќе биде информирана, рече Арсовски во одговор на новинарско прашање […]

Во Албанија петдневна изолација за заразените со Ковид-19, полицискиот час останува


Во Албанија заразените со Ковид-19, наместо две недели, како досега, од денеска во изолација ќе остануваат само пет дена, објави министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу. Таа додаде дека Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, одлучил да го намали времето за изолација и препорачал третата доза на вакцината да се даде […]

Пратениците едногласни – усвоени измените на Законот за минимална плата


Со 90 гласа „за“, без ниту еден „воздржан“ или „против“ Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за минимална плата, кои треба да овозможат нејзино покачување на 18 илјади денари. И на денешното, како и на претходните продолженија на расправата за Предлог измените на Законот за минимална плата, можеа да се слушнат различни мислења од […]

Универзалната сала не може да „пропее“ поради политиката


Универзалната сала во Скопје буди носталгија кај посетителите кои таму присуствувале на бројни концерти и други културни настани. Објектот изграден како донација од повеќе држави од светот по разорниот земјотрес од 1963 година во Скопје е симбол на солидарноста и човечноста. Во моментов, „страда“ од политичките неистомисленици. Години наназад бевме свесни дека ѝ треба реконструкција, […]

И синовите на убиениот битолчанец бараат слобода и правда за нивниот дедо


  БИТОЛА – И двајцата синови на убиениот Стојанче Соколов денеска беа со стотиците битолчани и бараат правда и слобода за нивниот дедо Тони Ѓорѓиевски – Фердо (62) кој завчера во одбрана на своето семејство го уби зетот од ќерка. Тони Ѓорѓиевски од вчера е во притвор откако ОЈО го сомничи за убиство со умисла […]

Србија ја доби првата фирма во која ќе се работи четири дена во неделата


Во време кога Белгија сериозно се подготвува за воведување на четиридневна работна недела, Србија официјално ја доби првата компанија која работи четири дена во неделата. По пробниот период кој траеше цели пет месеци, компанијата ManpowerGroup, која работи и во Србија, вчера официјално објави дека во иднина вработените ќе работат четири дена во неделата. Петти ден […]

Камбовски: Наша одлука е дали ќе се отвори Уставот


Сите прашања околу положбата на етнички заедници, групи и слично се прашања на секоја една држава. Некоја држава може да сугерира што било, но прашањето зависи од нас самите, од нашата одлука. Значи ние имаме механизми за тоа, ако се поведува иницијатива за промени на Уставот, тоа треба да биде наша одлука, изјави денеска академик […]