Арсовска ја викна министерката за култура на средба за Универзална сала


Градот Скопје упати покана до министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за присуство на отворена работна средба на која ќе ѝ се презентираат факти за грешките во проектот и техничката документација за текот на работите за реконструкција на Универзалната сала.

Откако вчера градоначалничката на Скопје рече дека Универазлната сала се реконструира побавно, затоа што проектот бил небезбеден, министерката за култура ја повика да ги забрза работите во делот за кој има обезбедено два милиони евра од државниот Буџет.

Арсовска сега ја вика на средба, за да ѝ ги изложи фактите, а ако и „по средбата сѐ уште смета дека стариот проект може да продолжи, да потпише изјава со која лично ќе гарантира за исправноста на постоечкиот проект за реконструкција на Универзалната сала и за безбедноста на скопјани“.