Десет месеци затвор за Словенецот што за пари се вакцинираше во името на други лица


Човек во Словенија кој се вакцинираше во името на други луѓе за да добијат ковид пропусници е осуден на 10 месеци затвор поради измама.

Парична казна е изречена за четворица мажи кои му платиле за оваа „услуга“.

Мажот кој наместо други лица, бил шест пати вакциниран, е осуден на затвор. Тој беше откриен на крајот на декември додека се обидувал да ја прими седмата доза и веднаш му беше одредена мерка притвор.

Нарачателите на услугата, исто така се осудени за измама, но тие минаа без затворска казна, при што двајца се казнети со по 2.550 евра, а двајца по 1.360 евра.