(ВИДЕО) Новинар стана хит на интернет – погледнете како течно известува од Украина на шест јазици

Новинар го привлече вниманието на јавноста откако објави видео во кое известува за ситуацијата во Украина на дури шест јазици


Полиглотот Филип Кроутер, новинар кој известува за ситуацијата во Украина, го привлече вниманието на многумина – затоа што зборува дури шест јазици!

Обраќајќи им се на различни новински организации ширум светот, тој детално ги опиша новите настани на англиски, луксембуршки, шпански, португалски, француски и германски, пишува Хафингтон пост.

Видеото стана вирално на социјалните мрежи и за кратко време собра околу два милиони прегледи. Според неговата веб-страница, тој ја покрива американската дипломатија, надворешната политика, политиката и актуелните настани, како и известување за најновите меѓународни вести од целиот свет.

Кроутер често споделува клипови од неговото повеќејазично покривање на различни настани во САД и глобални вести.