Поради безбедносни проверки, лансирањето на „старлајнер“ на „Боинг“ е одложено


Првиот вселенски лет на „Боинг“ со екипаж беше одложен два часа пред лансирањето поради безбедносни проверки, објави американската вселенска агенција НАСА.

Астронаутите Буч Вилмор и Суни Вилијамс беа на своите позиции во капсулата „старлајнер“ кога беше донесена одлуката да се одложи лансирањето поради потенцијален проблем со вентилот за ослободување кислород.

Леталото требаше да лансира од Кејп Канаверал, Флорида, до Меѓународната вселенска станица, а нов обид се очекува веќе во петок.

Инаку, мисијата беше одложувана неколку пати во изминатите години поради доцнење во развојот на леталото.

„Го напуштаме обидот за лансирање вечерва. Како што реков претходно, првиот приоритет на НАСА е безбедноста. Ќе ја лансираме сондата кога ќе бидеме подготвени“, рече шефот на НАСА Бил Нелсон.

„Боинг“ има за цел да стане втора приватна компанија која ќе превезува екипаж до Мешународната вселенска станица и назад на Земјата по „SpaceX“ на Илон Маск. Во тоа успеа во 2020 година на „SpaceX“, кога успешно ја лансираше капсулата „Dragon“ и со тој лет беше прекината речиси десетгодишната зависност на САД од руските вселенски ракети.

Првиот беспилотен лет на „Starliner“ требаше да се одржи во 2015 година, но беше одложен за 2019 година. Кога капсулата беше лансирана, софтверските проблеми предизвикаа дефект на внатрешниот часовник, што предизвика прегревање на погоните. Притоа се потрошило премногу гориво, па капсулата не можела да стигне до МВС.

Вториот обид беше планиран за август 2021 година, но беше одложен за мај 2022 година поради проблеми со погонскиот систем. Кога Starliner конечно ја напушти Земјата, можеше да ја заврши својата мисија, но сè уште имаше загриженост за перформансите на некои од погоните и системот за ладење на вселенското летало.