Концерт во Хамбург прекинат поради дефект на машина за миење садови


Неисправна машина за миење садови вчера го прекина концертот на оркестарот во концертната сала Елбфилхармонија во Хамбург.

Неисправен уред на 13-тиот кат на концертната сала активирал аларм за пожар, што предизвикало евакуација на зградата за време на настапот на реномираниот државен оркестар на филхармонијата на Хамбург, според портпаролот на противпожарната бригада.

Музичарите, публиката и диригентот Кент Нагано морале да ја напуштат зградата, а прекинот траел околу еден час.

Настапот продолжи и подоцна, потврди портпаролот на концертната сала.