Хороскопски знаци кои не трпат критики


Ова се хороскопски знаци кои не трпат критики!

Постојат хороскопски знаци кои не можат да издржат критика, дури и кога таа е добронамерна и конструктивна. Ако им кажете нешто, нивните системи за самоодбрана ќе се запалат и ќе се претворат во напад врз вас! Тие одат дотаму што стануваат токсични ако не го решат проблемот во главата, бидејќи тоа ги спречува да напредуваат. Ова се хороскопските знаци кои најлошо реагираат на критиките!

Рак

Најчувствителниот хороскопски знак, не може да поднесе да му се каже дека нешто не направил како што треба. Очекувајте или потоци од солзи или ледена тишина, можно е да не разговара со вас со недели! Ракот знае да се затвори во својот „оклоп“ и да ги отпише луѓето од кои добивал критики, што значително влијае на неговите односи и врски.

Девица

Секогаш мисли дека и совршената критиката, па дури да е и добронамерна, е напад. Таа верува дека нема маани, а ако укажете на една од нив, ќе добиете експлозија! Девиците инаку се мирни и одмерени, но критиките ги претвораат во „чудовишта“. Ќе има викање, обвинувања, кавги и ќе се прашувате дали воопшто вреди да се вклучите во решавањето на тој проблем. Девицата секогаш ќе позира како да е над вас и ќе ве навредува како што знае и умее, бидејќи мисли дека нападот е најдобрата одбрана.

Вага

Нежни и секогаш расположени, Вагите сè доживуваат многу лично, особено критиките. Како и Ракот, така и Вагата ќе се затвори во себе по критиките и може да одбие каква било комуникација. Ова е меч со две острици, бидејќи Вагите мразат конфликти и ќе се обидат да го избегнат, но од друга страна, не мора секој разговор да биде конфликт. Вагата мора сама да „ се скрши“ и да се сврти кон вас откако ќе ве исклучи, не го правете првиот чекор ако ви се налутила.

Стрелец

Најлошото нешто што можете да му го направите на Стрелецот е да се обидете да му помогнете! Понекогаш е подобро да му дозволите да успее или сам да не успее, бидејќи ако добронамерно се вклучите и му укажете што не направил како што треба, сериозно ќе се налути. Стрелецот е „миротворец“ во хороскопот, но мрази само две работи – неправдата и луѓето кои му велат дека не е совршен.