(Фото) Од слатка глумица до трансродов маж: Како изгледа Елиот Пејџ две години од признавањето
Елиот Пејџ, трансродовиот актер, неодамна беше снимен од папараците, кога многумина имаа можност да видат како изгледа по низата промени, операции и промена на полот.
Елиот Пејџ на почетокот на декември 2020 година откри дека е трансродов маж. Во понеделникот го прослави својот 35-ти роденден, а е роден како Елен.
Се прослави со улогата во филмот „Џуно“, за кој беше номиниран за Оскар во 2008 година. Пред осум години, тогаш Елен, призна дека е лезбејка, а четири години подоцна се омажи за канадската танчерка Ема Портнер, од која во меѓувреме се разведе.
„Драги пријатели, сакам да споделам со вас дека сум трансродова личност, ги користам заменките тој/тие за себе и се викам Елиот. Се чувствувам среќен што можам да го напишам ова, да бидам на ова место во мојот живот .
Неверојатно сум им благодарен на луѓето кои ме поддржуваат на ова патување. Ве молиме, исто така, бидете трпеливи. „Среќен сум, но и во голем страв од инвазија во мојот живот, омраза, шеги и насилство“, напиша тогаш тој.
„Многу сум горд на Елиот. Транс, квир и небинарни луѓе се подарок за овој свет. Ве молам за трпение и приватност и да ми се придружувате во поддршката на транс-животот секој ден. Сакам да бидам транс и квир и мојата љубов оди кај сите како мене. Ве гледам, ве сакам“, додаде тој тогаш.

Истата година се одлучил за трансформација, а за сè зборувал ви во магазинот „Тајм“.
„Она што го очекував беше голема поддршка и љубов, но и огромна количина на омраза и трансфобија. Така се случи“, изјави Елиот. Тој додаде дека како дете често имал желба да се потстрижи и дека со децении се борел со својот родов идентитет.
„Имав многу време навистина да се фокусирам на работи кои мислам дека несвесно ги избегнував на толку многу начини. Конечно успеав да го прифатам трансродизмот и да си дозволам целосно да станам тоа што сум“, вели Елиот.
