(Видео) Заложничка криза во продавница на „Епл“ во Амстердам


 

Полицијата и другите итни служби во Амсердам излегоа на терен поради заложничка криза во продавница на „Епл“, јавија локални медиуми и сведоци. Засега нема повеќе информации за инцидентот.

Имено, заложничката драма почнала околу 17.40 часот кога полицијата била повикана поради можна кражба во продавница на „Епл“ во Лидсплан, на плоштадот во центарот на холнадскиот главен град.

Снимките кои се споделуваат на социјалните мрежи прикажуваат вооружен маж кој зад стаклото на дуќанот држи едно лице, наводно вработен во „Епл“, и мафта со пиштол. Итните служби се на местото на настанот, а на луѓето им е речено да се оддалечат.

„Полицијата постапува во моментот по повикот од продавнита на Лидсплан“, објави кратко амсредамската полиција. Според локалната телевизија, сведоци рекле дека слушанале пукање.