Се преговара со авиокомпании за воведување авиолинија Софија-Скопје


Премиерот на Бугарија Кирил Петков побара да види какви се можностите за воведување на летот Софија-Скопје, што ќе биде манифестација на добра волја, изјави министерот за транспорт на Бугарија Николај Сабев на состанокот на Комитетот за транспорт во Националното Собрание. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Сабев рече дека бил поканет од премиерот […]

Министрите за одбрана на САД и Русија разговараа за намалување на ризиците во близина на Украина


Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска разговараше со својот руски колега Сергеј Шојгу, со фокус на „намалување на ризикот долж границите на Украина“, се вели во краткото соопштение на Пентагон. „На 6 јануари 2022 година, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин остварија телефонски разговор. Разговараа за безбедносни […]

Во Врање во 2021 година вакцинирани вкупно 26.689 македонски државјани


Во Врање заклучно со 5 јануари, годинава, се дадени точно 116.548 дози од сите вакцини против коронавирусот, соопштиja од Здравствениот дом во Врање, јави дописникот на МИА од Белград. На граѓаните на Врање и Србија им биле дадени 89.830 дози, на граѓаните на Северна Македонија 26.689 и на граѓаните на БиХ 29 дози. Од сите […]

Хаос во Казахстан, пристигнаа и руски војници


Казахстан и понатаму го потресуваат немири. Полицијата тврди дека десетици демонстранти биле убиени. Државните медиуми јавуваат и за најмалку 12 загинати полицајци. Стотици луѓе беа повредени. Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, побара интервенција од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (CSTO) – сојуз составен од Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан – доцна во […]

Бајден го обвини Трамп дека претставува континуирана закана за американската демократија


Претседателот на САД, Џо Бајден го обвини неговиот претходник Доналд Трамп дека претставува континуирана закана за американската демократија во говор на годишнината од смртоносниот напад врз американскиот Капитол од поддржувачите на Трамп кои се обидоа да го поништат неговиот изборен пораз во 2020 година. Зборувајќи во зградата каде што се случија немирите на 6 јануари […]

Грег Попович стана првиот тренер кој бил 2.000 натпревари на чело на еден тим


Натпреварот од регуларниот дел од сезоната против Бостон (99:97) беше 2.000-ти за тренерот на Сан Антонио, Грег Попович, кој го помина на клупата на Спарс. Тој стана првиот тренер во историјата кој постигнал ваков резултат. Во 26 НБА-сезони, Попович со Сан Антонио има биланс 1 325 победи и 675 порази. Под водство на Попович, Сан […]

УНЕСКО соопшти дека во 2021 година биле убиени 55 новинари


УНЕСКО соопшти дека 55 новинари биле убиени во 2021 година, пренесе Политико. Новите податоци покажуваат дека 87 отсто од сите убиства на новинари од 2006 година остануваат нерешени. Според УНЕСКО, 55 новинари и медиумски работници биле убиени во 2021 година ширум светот. Иако тој број претставува најнизок годишен број на смртни случаи во повеќе од […]

Во Хрватска регистрирани рекордни 9.058 нови ковид случаи, позитивни 45 отсто од тестираните


Во Хрватска се регистрирани 9.058 нови позитивни на корона вирусот, најмногу досега. Уделот на позитивни е 45 отсто, односно биле тестирани 19.975 лица. Хрватските медиуми јавуваат дека неофицијално се споменува и воведување нови мерки. Инаку, рекордот беше соборен и вчера, кога имаше 8.587 нови случаи на позитивни на корона вирусот. „Петтиот бран е веќе тука, […]

Владата во Казахстан ограничува за шест месеци поскапување на горивата во обид да ги смири протестите


Казахстанските власти денеска поставија ограничувања за цената на горивото за шест месеци, откако новогодишното зголемување на цените предизвика протести што се претворија во масовни немири. Демонстрации има низ централноазиската држава од 19 милиони жители оваа недела во знак на бес поради зголемувањето на цената на течниот нафтен гас (ТНГ), што нашироко се користи за гориво […]

ФАО: Рекордно високи цени на храната во 2021 година


САД–    Светските цени на храната скокнаа за 28 отсто во 2021 година – највисоко ниво во изминатите 10 години, а надежите за враќање на постабилните пазарни услови оваа година се мали. Тоа денеска го соопшти Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). Индексот на ФАО, што ги следи најпродаваните прехранбени производи во светот, во […]

Полициски претреси во Дојран пo наводите за фалсификувани Ковид-сертификати


Поради наводи за сторено кривично дело  фалсификување КОВИД-сертификати во казино во Дојран, полицијата од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица – ОВР Гевгелија вчера извршила претреси на три локации и целокупната одземена документација ќе биде доставена до Основното јавно обвинителство Гевгелија за нивно постапување. Министерството за внатрешни работи денеска информира дека претресите, по претходно […]

Македонската компанија „Брансис“ на најголемиот саем за иновации во Лас Вегас


Македонската компанија „Брансис“ ДООЕЛ Скопје ќе учествува на годинашниот саем за иновации во Лас Вегас (ЦЕС) што ќе се одржува од 5-7 јануари. Како што информираат од „Брансис“, CES 2022 ќе го прикаже новиот бран иновации кои ќе ги обликуваат 2022 година и идната економија, а ќе биде во хибридна форма со оглед дека нуди […]

Коронавирус: Најнови глобални случувања


Италија – Италија ја прави вакцинацијата задолжителна за сите постари од 50 години од 15 февруари, во обид да се бори со енормно зголемениот број нови инфекции со коронавирусот. Бразил одобри вакцини за деца на возраст од пет до 11 години бидејќи најнаселената земја во Јужна Америка се соочува со брзо зголемување на инфекциите поради празничните собири. […]

Во Италија сите над 50 години мора да се вакцинираат


Италија– Италија воведе задолжително вакцинирање против ковид-19 за сите лица над 50 години, додека се обидува да ги растовари болниците и да го намали бројот на смртни случаи среде ново големо ширење на коронавирусот. Мерката е една од најстрогите во Европа и стапува на сила веднаш.   Таа беше поддржана едногласно од министрите, и покрај […]

Тешка сообраќајка во Горно Лисиче – две лица тешко повредени


Синоќа во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.1523 се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(41) од Скопје и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(30) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.М. и малолетен сопатник […]

2022


Точно на полноќ влезе во нашите животи, без да не праша, и без пардон почна да ја троши новата  година. Со петарди и огномет, со музика или во тишина, додека славевме, спиевме или сонувавме. Пијани или трезни, здрави или болни, дотерани или во пижами, за некого дочекот беше специјален настан, а за некого-баш ни е […]

ЈСП воведува дневен билет, ќе чини 120 денари за цел ден возење


ЈСП „Скопје“ воведува дневен билет за возење во автобусите од јавниот превоз. Билетот ќе чини 120 денари и со него ќе може да се вози цел ден, објави СДК.мк. „Овој билет ќе биде пуштен кон крајот на овој месец. Ќе биде хартиен како билетот за едно возење. Го воведуваме како опција за граѓаните кои користат […]

Надал до Ѓоковиќ: Вакцинирај се!


Австралија– Долгогодишниот тениски ривал на Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, го нападна светскиот број 1 по неговото драматично приведување на аеродромот во Мелбурн, велејќи му на српскиот тениски ас „да се вакцинира“ или да ги прифати „последиците“ од неговите постапки. Речиси 24 часа откако првпат пристигна во Австралија, Ѓоковиќ останува во неизвесност дали ќе му биде […]

Обилен снег во Токио, откажани над 100 летови


Јапонија– Снег го прекри Токио денеска по што беа откажани над 100 авионски летови, а метеоролошката агенција го издаде првото предупредување за обилен снег во градот во изминатите четири години. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека до 10 сантиметри снег може да паднат во период од 12 часа. JMA издаде предупредување за обилен снег за областа […]

„Црвен тепих на хуманоста”- бадникарите добија подароци во Прилеп


Во организација на невладината „Бадникови поворки“, денеска во Прилеп се одржа хуманитарната акција „Црвен тепих на хуманоста”. Децата од хорот при храмот „Св. Кирил и Методиј“,симболично ја носеа пештерката од параклисот на Свети Никола во центарот на градот, па до до камената бина, на плоштадот Александрија каде хорот пееше божикни песни. Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески традиционално ги даруваше бадникарите со божикни подароци. Отец Веле Спиркоски од храмот „Свети Кирил и […]