Се преговара со авиокомпании за воведување авиолинија Софија-Скопје


Премиерот на Бугарија Кирил Петков побара да види какви се можностите за воведување на летот Софија-Скопје, што ќе биде манифестација на добра волја, изјави министерот за транспорт на Бугарија Николај Сабев на состанокот на Комитетот за транспорт во Националното Собрание.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Сабев рече дека бил поканет од премиерот Петков да го придружува за време на неговата посета на Северна Македонија и дека ќе преговара со колегите од Северна Македонија, како што вели, „за да имаме лесна и брза транзиција“.

Министерот за транспорт Сабев воедно, наведе дека се преговара со конкретни авиокомпании кои би биле заинтересирани да вршат летови од Софија до Скопје и обратно.