ЈСП воведува дневен билет, ќе чини 120 денари за цел ден возење

ЈСП „Скопје“ воведува дневен билет за возење во автобусите од јавниот превоз. Билетот ќе чини 120 денари и со него ќе може да се вози цел ден, објави СДК.мк.
„Овој билет ќе биде пуштен кон крајот на овој месец. Ќе биде хартиен како билетот за едно возење. Го воведуваме како опција за граѓаните кои користат повеќе автобуси во текот на денот, а ќе биде од голема корист и за туристите“, велат од ЈСП „Скопје“.
ЈСП „Скопје“ до крајот на март ќе го врати и бесплатниот автобуски превоз за пензионерите во вторник, петок, сабота и недела. За реализирање на оваа мерка доби 650.000 евра субвенции од Град Скопје.