„Црвен тепих на хуманоста”- бадникарите добија подароци во Прилеп


Во организација на невладината „Бадникови поворки“, денеска во Прилеп се одржа хуманитарната акција „Црвен тепих на хуманоста”.

Децата од хорот при храмот „Св. Кирил и Методиј,симболично ја носеа пештерката од параклисот на Свети Никола во центарот на градот, па до до камената бина, на плоштадот Александрија каде хорот пееше божикни песни. Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески традиционално ги даруваше бадникарите со божикни подароци.

Отец Веле Спиркоски од храмот „Свети Кирил и Методиј“ ја објасни симболиката.

-Симболиката на оваа поворка е претставување на раѓањето на Исус Христос. Како што коледарчињата одат и го најавуваат Христовото раѓање, преку овчарчињата и ангелите кои излегле и го објавиле Христовото раѓање, затоа добиваат пригодни подароци, рече Спиркоски.

Хуманитарна акција „Црвен тепих на хуманоста” започна  на 3 јануари и траеше до денеска. Прилепчани ја покажаа својата хуманост донирајќи нерасиплива храна пред пештерката која организаторите „Барникови поворки“ ќе ја поделат на социјлно ранливите семјства.