Заштитата на работничките права „паѓа“ на релацијата меѓу инспекторите и второстепената комисија


Застарени формулари или некомплетна документација во записниците на трудовите инспектори се најчестите причини второстепената комисија да не постапува во заштита на работничките права, покажаа анализите и истражувањата на НВО „Гласен Текстилец“-Штип. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ на денешната презентација на резултатите од истражувањето во рамките на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките […]

Кога и зошто Хрватите во десетици илјади емигрираа во Чиле


  Како и многумина во неговиот роден град Пунта Аренас, Габриел Бориќ има хрватско потекло. Претците на неговиот татко беа меѓу десетиците илјади Хрвати кои ја напуштија својата татковина на крајот на 19 век за да отпатуваат во чилеанска Патагонија во потрага по нови можности. Многу други бараа нов почеток во соседна Аргентина во истиот […]

Турската лира паѓа без запирање по коментарите на Ердоган


  ИСТАНБУЛ – Турската лира се спушти на најниски нивоа во понеделникот, вклучително и за првпат ја помина границата од 20 за евро, откако претседателот Таип Ердоган ја удвои својата неортодоксна политика за ниски стапки повикувајќи се на исламската доктрина за лихварство. Притисокот на претседателот за за намалување на каматните стапки за 500 базични поени […]

Нов удар за Борис Џонсон – фотографија од дружба во мај 2020


  Новообјавената фотографија може дополнително да ја влоши позицијата на поткопаниот британски премиер. На снимката, која британски „Гардијан“ ја објави во понеделникот, Борис Џонсон се гледа на маса во градината на Даунинг стрит со неговата сегашна сопруга Кери и двајца вработени. Во позадина има други луѓе кои стојат заедно во мали групи, има вкупно околу […]

Најмалку 375 загинати и 56 исчезнати во тајфунот на Филипините


Најмалку 375 лица загинаа по налетот на тајфунот на Филипините, најсилниот годинава во оваа азиска земја, соопштија локалните власти. Најмалку 56 лица сè уште се водат како исчезнати, а 500 се повредени. Населението во неколку провинции во централниот дел на земјата се соочува со сериозни проблеми, бидејќи нема струја, а телефонските линии се во прекин. Полицијата соопшти дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи комуникацијата […]

Нови 127 заразени и вкупно 10 починати Ковид-пациенти


Нови 127 заразени со КОВИД-19 од 1766 тестирања, оздравени 261  пациент и шест починати се регистрирани во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Дополнително се евидентирани и четири починати пациенти преку „Мој термин“ во периодот од 22 ноември до 18 декември 2021.   Од вкупниот број новозаразени, во Скопје се 90, Охрид – девет, […]

ВМРО-ДПМНЕ: Помилувањето на Нинџа е награда за пресудените 200 години затвор


И ВМРО-ДПМНЕ реагира на објавената листа за помилувања тврдејќи дека „режимот на СДСМ и ДУИ“ пресудил над 200 години затвор заради изјавата  на Александар Василевски-Нинџа, а тој ќе шета слободен по улиците.  -Над 200 години затвор, Нинџа помилуван од Пендаровски на предлог на Маричиќ и на Заев. Ова е сликата за неправото и неправдата во […]

Пендаровски ја промовираше визијата „МКД2030“


Претседателот Стево Пендаровски денеска ја најави Рамката за развој „МКД2030“, која треба да биде стратешки документ и се изготвува на негова иницијатива. Според него, „МКД2030“ ги утврдува политиките кои треба да се постигнат до следната деценија и областите во кои треба да се фокусира државата со цел напредок и подобар живот на граѓаните. Ова е […]

Продолжува растот на цените на енергетските берзи во Европа


Цените на електричната енергија во Европа продолжуваат да растат и при денешното затворање на енергетските берзи, покажуваат податоците на платформата Energylive. Зделките се за утрешна испорака, 21 декември. Највисока цена на струјата утре ќе има Франција – 442,88 евра за мегават/час, што е зголемување за 15,9 отсто во однос на денеска. На австриската берза струјата […]

Советник на ВМРО-ДПМНЕ пукал со огнено оружје на веселба


Советник на ВМРО-ДПМНЕ во скопската населба Кисела Вода пукал со огнено оружје на веселба, објавија од СДСМ. Според нив, тоа не само што е спротивно на законите туку советникот ја загрозува безбедноста на граѓаните и ги вознемирува жителите на Кисела Вода.   -Токму тоа се прави во куќата на советникот кому граѓаните му ја дале […]

Десетина пожари во станбени објекти во Тетово за три недели, честопати поради оџаците


 Зачестија пожарите во станбените објекти поради појава на оган во оџаците, а таков пример имаше утринава во селото Лешок. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица огнот целосно е изгаснат и нема повредени лица. Во тетовската полиција за овие три изминати недели од декември регистрирани се девет пожари, од кои осум во објекти, поради што […]

(Во живо) Прес-конференција на Фатон Асани и директорот на „Славија” Блаже Зафировски


Владата и Агенцијата за управување со одземен имот ја интензивираа својата работа во насока на средување на сите процесни подготовки за продажба на имотот кој е претходно конфискуван врз основа на правосилни судски пресуди за сторени кривични дела. Владата одлучи и ја задолжи Агенцијата за управување со одземен имот да ја отпочне постапката за продажба […]

Опожарени три куќи во Злокуќани, нема жртви


Три куќи денеска се опожарени во населбата Злокуќани, но за среќа нема жртви, ниту повредени. Едната е комплетно изгорена, втората не е толку опожарена колку што има штета од водата со која се гаснел пожарот, додека кај третата опожарена е само една соба. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната екипа со 13 пожарникари и четири […]

Почина светски познатиот енолог Филип Камби – голем промотор на македонското вино во светот


Филип Камби, еден од најпознатите светски енолози заслужен за развојот на современата винска индустрија, ненадејно почина на 59-годишна возраст. Камби беше и еден од консултантите на Винарската визба „Тиквеш“ и на Chateau De Gourdon во Франција, каде што работеше во повеќе винарници, особено во долината на реката Рона. Соработката помеѓу Камби и „Тиквеш“ започна во […]

Македонски државјанин се обидел да влезе во Србија со куфер со облека натопена во кокаин


Србија– Српски цариници на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, спречија 51-годишен државјанин на Северна Македонија да влезе во Србија со куфер полн со облека натопена со кокаин, јави дописникот на МИА од Белград. Како што наведува Царинската управа, македонскиот државјанин со албанско потекло на 13 декември допатувал од Еквадор, преку Амстердам во Белград, каде што […]

„Лежечки полицајци“ поставени на неколку улици во Ѓорче Петров


Ѓорче Петров ја зголемува безбедноста во сообраќајот, поставени препреки за намалување на брзината на возилата. Десетина улици во Ѓорче Петров на кои има голема фреквенција на возила, а жителите се жалеа дека се вози брзо, се поставени т.н. легнати полицајци. Со оваа акција, која ќе продолжи и натаму, целта е да се подигне безбедноста во […]

Скопје доби „мајка“, но стана сираче


Данела Арсовска е првата жена градоначалник на Град Скопје по прилепчанката Вера Ацева, која го предводела градот во 1948 година. Скопје, по многу татковци, конечно доби мајка, која вети дека во првите 82 дена од мандатот, преку програмата за модерно Скопје, ќе спроведе 15+1 проекти. Педесетина дена по локалните избори, Арсовска, која како независен кандидат, […]

Таравари доби тужба од заменик министерот за одбрана


Заменик министерот за одбрана и претседател на огранокот на ДУИ за Гостивар, Башким Хасани, поднесе тужба за навреда и клевета против градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари.Хасани  бара отштета од 250 илјади денари за навреда изнесена во пост на социјалната мрежа Фејсбук. Според Хасани, Таравари му ги нарушил угледот честа со коментарот „Политичката мафија во […]

ЈСП апелира за носење заштитни маски во јавниот превоз


Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ апелира до граѓаните што го користат јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од КОВИД-19 и во автобус да носат заштитна маска. – Единствено со одговорно однесување на секој поединец, а имајќи предвид дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на […]

Португалска компанија ја купи телевизијата Еуроњуз


Португалската инвестициска компанија Алпак (Alpac) купи мнозински дел од паневропската телевизија Јуроњуз (Euronews) и планира да ја направи медиумската мрежа глобален играч. Јуроњуз, лансиран во 1992 година, имаше тешкотии во претходните години што доведоа до значително внатрешно преструктуирање. Сепак, телевизијата тврди дека сега финансиското закрепнување е побрзо од очекуваното и дека се очекува повторно да […]