ЈСП апелира за носење заштитни маски во јавниот превоз


Фото: Б. Грданоски

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ апелира до граѓаните што го користат јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од КОВИД-19 и во автобус да носат заштитна маска.

– Единствено со одговорно однесување на секој поединец, а имајќи предвид дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот. Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје, соопшти ЈСП.