Во близина на Мадагаскар потона товарен брод со илегални мигранти


Товарен брод со 130 илегални патници потона крај североисточниот брег на Мадагаскар, при што загинаа 17 лица, а 68 се водат како исчезнати, соопштија денеска локалните власти. Бродот „Франциа“ рано утринава го напуштил пристаништето во градот Антанамбе во источната област Мананара Север, а најмалку 45 луѓе биле спасени од Индискиот Океан, се вели во соопштението на Агенцијата за поморска и речна навигација. Бродот […]

(Видео) Запалени српски знамиња во Тирана, хаос на протестот против „Отворен Балкан“


Протести и инциденти во Тирана против иницијативата „Отворен Балкан“ пренесуваат медиумите во регионот. Според написите, дел од оние кои протестирале во центарот на Тирана против Александар Вучиќ, ги запалиле српските знамиња. Ги симнаа знамињата кои беа закачени на бандерите, ги запалија и ги нагазија, кажале очевидци, пишуваат агенциите. Live / Albanians burn the Serbian flag […]

„Њујорк тајмс“ – Ердоган е изолиран и не слуша совети


  Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган има намера да ги следи неортодоксните економски политики кои малкумина ги поддржуваат, но очекува да вродат со плод пред изборите закажани за 2023 година, објави „Њујорк тајмс“. Ердоган ги игнорира предупредувањата од деловните групи, инвеститорите и економистите и покрај падот на неговиот рејтинг кај обичните Турци и рекордниот пад […]

Бектеши: Интерконекторот за природен гас со Грција ќе почне да се гради на почетокот на следната година


Интерконекторот за природен гас со Грција ќе почне да се гради на почетокот на следната година, информира министерот за економија Крешник Бектеши. Тој на својот фејсбук профил истакна дека проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, делот на Северна Македонија“, ќе биде во износ од 28,9 милиони евра. -Собранието денеска го […]

(Видео) Вооружен маж држи две жени како заложнички во Париз


Маж вооружен со нож држи во заложништво две жени во една продавница во Париз, пренесе АФП, повкувајќи се на извори од полицијата. На местото на настанот има многу полиција која се обидува да ги ослободи жените. Цел круг околу местото е затворен за пристап, а градските власти ги повикаа парижани да не доаѓаат во овој […]

Д-р Пановски: Да се воведе ПЦР тест за сите патници


Микробиологот д-р Никола Пановски смета дека сојот омикрон најверојатно е веќе влезен во земјава. -Сепак не треба да се ризикува, за да не дојде до експлозија во болниците и поставување на модуларни болници. Треба да се преземат мерки. На пример Грција од вчера воведе задолжителен ПЦР-тест за сите патници. Јас да сум некој фактор во […]

Сити двојно му ја зголеми платата на Силва


Премиерлигашот Манчестер сити одлучи да го награди својот играч за врска Бернардо Силва за одличните настапи оваа сезона преку значително зголемување на годишната плата, јавија денеска британските медиуми. Силва очекуваше во летниот трансфер период, кога Сити го доведе Џек Грилиш за 117 милиони да падна во втор план, но место тоа, тој сезонава е најдобриот […]

Oсумгодишниот Марко Зафиров од Велес државен првак во шах


Со медалот за освоено прво место на Републичкото првенство во шах за млади до осум години, третоодделенецот  Марко Зафиров од Велес, денеска се сретна со градоначалникот Марко Колев. Како што информираат од Општина Велес, малиот Марко му раскажал на градоначалникот за својата пасија во играње шах, што ја научил од својот дедо. Покрај шахот како […]

Омикрон се шири брзо и ги заразува и вакцинираните – СЗО


Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус денеска го повика светот да се обедини и да донесе тешки одлуки потребни за да се стави крај на пандемијата на Ковид-19 следната година. – 2022 мора да биде година кога ќе ставиме крај на пандемијата, изјави генералниот директор на СЗО. Како што се приближуваат прославите на крајот на годината, Гебрејесус призна […]

Заев, Вучиќ, и Рама бараат поддршка од Берлин за „Отворен Балкан“


Премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ во авторска статија за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ), ја повикаа новата германска влада да ја поддржи иницијативата „Отворен Балкан“, јави дописиникот на МИА од Белград. -Се надеваме дека новата влада во Германија ќе ја прифати и […]

Барселона со 1.5 милијарди евра ќе го реконструира „Камп Ноу“


Шпанија– Шпанскиот фудбалски гигант Барселона го одбори новиот финансиски план, кој вклучува дополнителни 1.5 милијарди евра за реконструкција на стадионот „Камп Ноу“ и низа други придружни објекти. Финансискиот план беше одобрен на неделниот референдум на кој се изјаснија 44 отсто од членовите на Барселона, а го поддржаа 87.8 отсто од излезените гласачи. Барселона за проектот ќе земе кредит […]

Крис Нот ги губи рекламите по обвинувањата за сексуален напад


САД– Плановите за преземање на брендот за текила на Крис Нот, Ambhar, од Entertainment Arts Research Inc., не се движат напред поради обвинувањата за сексуален напад против актерот од Сексот и градот. Нот жестоко ги негираше наводите и во моментов не е под истрага. Договорот, наводно вреден приближно 12 милиони долари, бил договорен во август […]

Вакцината на „Фајзер“ во Франција одобрена за деца на возраст од 5 до 11 години


Францускиот медицински регулатор ХАС (Haute Autorite de Sante) денеска ја одобри употребата на вакцината против коронавирусот на Фајзер/Бионтек за деца на возраст од 5 до 11 години. – ХАС сугерира дека сите родители кои сакаат да го направат тоа да можат да ги вакцинираат своите деца на возраст од 5 до 11 години, рече докторка Лиз Алтер, […]

Собранието попладнево донесе шест законски решенија


Собранието во рамките на попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 57-та седница без расправа, едногласно со 62 гласа „за“ го донесе Законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Финансискиот договор наменет за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, дел на Северна Македонија“, […]

Ново возило за Итната медицинска помош во Делчево


Итната медицинска помош во Делчево доби ново медицинско транспортно возило, кое ќе биде наменето за пренесување на пациентите до најблиските клинички центри во државата. Директорката на делчевскиот Здравствен дом, Марија Глигоровска информираше дека возилото е обезбедено со средства од сопствениот буџет. -Требаше ова возило да стигне малку порано, меѓутоа изборниот процес ги закочи јавните набавки, […]

Во Дебар по еден месец регистриран нов ковид случај


По точно еден месец, вчера во Дебар регистран е еден случај на заразен со Ковид-19. Станува збор за жителка на Дебар, која е со лесна форма на болеста потврдуваат од работната едница на заводот за јавно здравје, која со својата актвност ја покрива и општина Центар Жупа. Последниот случај беше регистриран на 19 ноември, жител […]

Повторен конкурс за прием на студенти во државните студентски домови


Министерството за образование и наука објави повторен конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2021/2022 година. Конкурсот е за вкупно 1205 места во девет студентски домови во Скопје, Битола, Охрид, Штип, Прилеп и Тетово. Студентите може да конкурираат за прием само […]

Во Грција има вкупно 26 случаи на Омикрон и се очекува зголемување на бројот


Во овој момент имаме потврдени 26 случаи на варијантата Омикрон, но да не се задржиме на оваа бројка, бидејќи се очекува да видиме повеќе случаи, рече претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција Теоклос Заути, јави дописничката на МИА од Атина. Заути објасни дека поголемиот број од овие случаи не се поврзани со […]

Легендата на сплитска Југопластика, Горан Собин, почина од срцев удар


Горан Собин, легендарниот кошаркар на сплитска Југопластика со која во годините пред распадот на поранешна СФР Југославија освои две европски титули, почина ненадејно на 59-годишна возраст од срцев удар. – Неочекувано нè напушти нашиот легендарен центар Горан Собин. Роден на 3 септември 1953 година, Горан беше еден од камен темелниците во најголемите денови на Југопластика […]

Aсани: „Славија” беше распродавана на парче од владата на ВМРО-ДПМНЕ


   Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани, денеска изјави дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ изнела лаги и невистини во врска со продажбата на АД „Славија“. – ВМРО-ДПМНЕ вели дека вредноста на компанијата изнесува над 20 милиони евра. Тоа не е точно. Оваа бројка за вредноста на АД „Славија“ е од 2012 година, кога […]