Легендата на сплитска Југопластика, Горан Собин, почина од срцев удар


Горан Собин, легендарниот кошаркар на сплитска Југопластика со која во годините пред распадот на поранешна СФР Југославија освои две европски титули, почина ненадејно на 59-годишна возраст од срцев удар.

– Неочекувано нè напушти нашиот легендарен центар Горан Собин. Роден на 3 септември 1953 година, Горан беше еден од камен темелниците во најголемите денови на Југопластика со која освои две титули првак на Европа. Горане, ти благодариме за сè и Адио, објави денеска сплитскиот кошаркарски клуб.

Собин беше член на легендарната генерација на Југопластика, која во сезоната 1989 година стана европски првак, а една година подоцна ја одбрани титулата на Стариот континент.

Во дресот на Југопластика освои и три југословенски титули, а беше член и на репрезентациите на Југославија и Хрватска.