Автобусот имал пат на кочење, велат експерти за БНТ


Погрешни и избледени хоризонтални ознаки, немање патна сигнализација, лоша состојба на рефлектирачката сообраќајна сигнализација, можен шверц на гориво или човечка грешка, се дел од можните причини за тешката сообраќајка со 45 загинати на автопатот Струма, во Бугарија. Ова го посочија експерти за безбедност на патиштата во „Денот почнува“ на БНТ. Полицијата на местото на несреќата […]

Бајиќ со подмладен состав на дуелот со Шпанија


Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, се соочува со проблеми во составот во пресрет на квалификациите за Светскиот куп 2023. Сепак, Бајиќ, не се откажува од намерата во следниот период повеќе шанса да добијат помладите играчи кои досега или добиваа мала или не добиваа минутажа. Иако на располагање ќе ги нема Ѓуроски, Зекири, Младеновски, […]

Членовите на ДИК нема да земат дополнителни бонуси за локалните избори


Членовите на Државната изборна комисија нема да земат дополнителни надоместоци за локалните избори. На денешната седница тие изгласаа измена и дополнување на Правилникот за надоместоци на изборните органи за локалните избори и, како што појасни членот на ДИК Борис Кондарко, се работи за прецизирање и дополнување на Правилникот. -Членовите на ДИК освен нашите редовни плати […]

Бислимовски: Компаниите се уште немаат доставено барања до РКЕ за цената на струјата


Домашното производство на електрична енергија по први јануари, како и статусот и темпото за ангажирање на сите енергетски капацитети кои се на располагање во државава биле тема на денешниот редовен координативен состанок на Регулаторната комисија за енергетика со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН Хоме, Електродистрибуција, Операторот на пазарот на електрична енергија – МЕМО, ТЕЦ Неготино […]

Исповед на преживеаниот граѓанин од Србија


Седуммина преживеани, во страшната сообраќајна несреќа на 70 километри од Софија во Бугарија, во која загинаа најмалку 45 лица, а седуммина скокнаа од прозорец и се спасија откако возило се запали на пат во Бугарија, меѓу кои и српскиот државјанин Љуљзим Сулејман. Со него во автобусот била и неговата свршеница од Куманово, која исто така […]

Концертот на Филхармонија „Убава Русија“ презакажан за в петок


Наместо во четврток, во петок, во 20 часот оркестарот на Филхармонија ќе прослави 77 години од формирањето. На концертот насловен „Убава Русија“ како солистка ќе настапи брилијантната руска виолинистка Марија Солозобова, а диригент е Конрад ван Алфен од Холандија. На програмата се Концертот за виолина и оркестар број 1 од П.И.Чajковски и Брамсовата Прва Симфонија. […]

Парите за украсување на Чаир ќе се пренаменат за помош на семејствата на загинатите во Бугарија


Советот на Општина Чаир денеска на вонредна седница одлучи да им се додели парична помош на семејствата чии роднини го загубија животот во трагичната несреќа што се случи завчера во Бугарија. Советот едногласно ја одобри одлуката средствата предвидени за украсување на територијата на општина Чаир за новогодишните празници да бидат распределени за семејствата на загинатите […]

Нора Шаќири разрешена од в.д. директор на Театар Комедија


Министерката за култура, Ирена Стефоска ја разреши в. д. директорката на Театар Комедија, Нора Шаќири-Марковиќ, соопшти Министерството за култура, додавајќи дека нова в. д директорка е актерката Магдалена Ризова-Черних.  Одлуката е донесена по добиениот Извештај од Државниот инспекторат за труд. „Во Извештајот е констатирано дека раководното лице презело активности спротивни на член 34 став 1 алинеа […]

Во Европа продолжува да расте бројот на новозаразени од Ковид


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека минатата недела бројот на случаи на заразени со коронавирус се зголемил за 11 отсто во Европа, единствениот регион во светот каде што бројот на заразени продолжува да расте од средината на октомври. СЗО во неделниот извештај за пандемијата објави дека бројот на нови случаи на инфекција и смртни случаи од […]

Бајден со сопругата и Камала Харис со сопругот служеа оброци во пресрет на Денот на благодарноста


САД– Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил пакуваа оброци со мисирка и слатки компири во Централната кујна на ДЦ, организација која обезбедува храна за училиштата и засолништата за бездомници во Вашингтон, пред овонеделниот празник Денот на благодарноста. На првата дама и се придружија потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф, кои служеа […]

Амбасадата на Словенија ќе биде стратешки партнер на Дојран во заштитата на Дојранското Езеро


Амбасадата на Република Словенија станува стратешки и долгорочен партнер на општина Дојран во реализацијата на клучни проекти од областа на заштитата и ревитализацијата на Дојранското езеро,изјави градоначалникот Анго Ангов по остварената работна средба во Дојран со словенскиот амбасадор, Милан Предан. По неколкуте заеднички реализирани проекти до сега,било договорено во иднина главна цел на соработката да […]

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа во светиниколско


Две лица загинаа, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на крстосница од локалниот пат за село Горобинци, светиниколско. Полицијата соопшти дека, околу 02.45 часот ноќеска во ОВР Свети Николе било пријавено дека на крстосница од локалниот пат за село Горобинци, светиниколско, патничко возило „Ауди“, управувано од В.С.(37) од Свети […]

Новиот филм за Гучи со Леди Гага доаѓа во Скопје


САД– Новиот филм за Гучи со Леди Гага како дама од високото друштво Патризија Реџани во претстојниот филм House Of Gucci, доаѓа во Скопје, од четврток на репертоарот на Синеплекс. Од утре, филмот се прикажува во кината ширум светот. Гага го промовираше филмот на црвениот килим, почнувајќи од Лондон, па се до Милано.  Поп-ѕвездата во […]

ДЗР со неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај на Агенцијата за вработување


Изразивме неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики, се наведува во Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за Агенцијата за вработување, чија цел е да се утврди дали финансискиот извештај е ослободен од материјално погрешни прикажувања и дали активностите, финансиските трансакции и […]

Графикон како доказ: Погледнете колку смртни случаи има во земјите на ЕУ со најголема стапка на вакцинација


Европската комисија објави графикон врз основа на податоците од Европскиот центар за заразни болести (ЕЦДЦ), кој го покажува односот на вакцинирани и починати во земјите од Европската унија. Податоците за вакцинација се однесуваат на полнолетни граѓани, односно на сите постари од 18 години. Податоците за смртни случаи се однесуваат на период од 14 дена во […]

Емерсон: Тешко е без кечап и путер, но ќе се навикнеме


Англија – Фудбалерот на Тотенхем, Емерсон Ројал ги коментираше промените во тимот по доаѓањето на тренерот Антонио Конте. Најпрво Италијанецот забрани кечап, мајонез и друга тешка храна во Тотенхем, а потоа и консумирање путер. – Сакам кечап! Но, јас сум навикнат да не јадам таква храна, па тоа не е проблем. Путер! Нема повеќе путер. Вистина […]

„Кроација Рекордс“ и „Тесла мјузик“ донираа средства за „План Б Фондација“


Во Белград неодамна беше основана Фондацијата План Б, со цел да им се помогне на професионалните музичари. И веднаш, оваа иницијатива ја подржаа многубројните регионални музичари – македонските Влатко Стефановски и Тамара Тодевска, како и Звонимир Ѓукиќ – Ѓуле од „Ван Гог“, Драги Јелиќ од „ЈУ група“, Дадо Топиќ, Дејан Цукиќ, Ален Исламовиќ, Горан Шепа […]

Триесет години од смртта на Фреди Меркјури


Лондон – Зачекорувајќи со испакнати гради напред, вртејќи се со карактеристичното движење на колковите и стегајќи ја едната рака во тупаница… За пејачот на „Квин“ (Queen), излегувањето на сцената со класичен држач за микрофон, беше незамисливо. Вистинското име на Фреди Меркјури е Фарук Булсара. Роден е на 5 септември 1946 година во Занзибар. Пораснал во Индија и […]

Жител на Старо Нагоричане починал додека извршувал градежни активности на куќа


Педесет и едногодишен жител на Старо Нагоричане починал изведувајќи градежни активности на покрив од куќа, соопшти денеска СВР Куманово.   – Вчера во 14.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа во населбата Перо Чичо, извршувајќи градежни работи на покривот од куќата, паднал М.К.(51) од село Облавце, општина Старо Нагоричане и починал на местото, […]

Во Хрватска од Ковид-19 починаа уште 67 пациенти, 17 биле вакцинирани


Денеска во Хрватска се забележани 6.136 новозаразени, објави министерот за здравство Вили Берош, додавајќи дека уделот на заразени меѓу тестираните е околу 40 отсто. Едноовремено починаа 67 пациенти, од кои 17 биле целосно, а двајца делумно вакцинирани. Според ова, 25 отсто од починатите се целосно вакцинирани, пренесува Индекс. Вчера во Хрватска починаа 62, во понеделникот […]